Да го оставиш уште сега, а ти да си одиш на психолог заради тебе. Тој шо сака нека прај. И не му раскинувај во лице, преку телефон. Да не јадиш ќотек. Не си ти лоша, неговата агресивност и обид за контрола ти ја има урнато самодовербата... Затоа и си се затворила и се изолираш. Ќе развиеш депресија вака.
Веднаш пресечи. Строго и без лигавења. Не си ја исфрлувај среќата за друг. Секоја чест што си издржала толку јас не би. И раскини преку телефон и блок на секаде.
@Srnaa Остави го. Тој не станува агресивен поради тебе, туку поради тоа што е очигледно психички нестабилен. Нема причина зошто ти би чувствувала грижа на совест. Доколку продолжиш со него уште повеќе ќе си го упропастиш животот поради неговото ненормално однесување. Не заслужуваш да го трпиш сето тоа, и не си ти крива ако тој не може да се контролира и да се соочи со животот како нормален човек.
Не е единствениот што останал без родители и имал трауми, тоа не му дава право да се треска од земја кога ќе се скарате. Покрај такви испади, неговата висина е најмал проблем. Ако до сега не изразил желба да се среди и да оди на психијатар за да не те изгуби, џабе е. По малку личи и како да развил некој Стокхолм синдром кај тебе, па затоа си уште со него. Раскини му, тебе ќе ти олесни, а тој ако е совесен ќе се опамети и со следната девојка ќе размисли како треба да се однесува.
Малце и јас да бидам лоша ама има личности што немаат изгубено родители, а се однесуваат вака кога сака некој да му прекини. Па агресивност, па закани, абе што ти не. Муабетот ми е, жал ми е за ситуацијата негова, ама не е то оправдување за ништо а и не е причина за ти да останиш со него. Се слагам дека не треба во живо да му раскинуваш, и сугерирај му дека треба да си побара стручна помош пошто му е потребна како што гледам. Раскинувањето не е едноставна работа, и тебе ќе ти е тешко ама нема друго чаре кога не гледаш иднина со човекот. Да останиш со некој од сожалување е далеку полошо, отколку да го пуштиш да си ја бара среќата, а воедно и ти исто.
Дали тебе ова ти е нормално однесување, и дали сакаш со ваква личност да продолжиш, што да не очекуваш да се смени случајно. НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СМЕНИ, Бегај што побрзо од него.
и јас да си се пожалам на темава а воедно да побарам и совет зашо верувајте ЕПТЕН ми треба Лани летото, мноогу многу засвиѓав едно момче.. и океј почнавме да се допишуваме, почнавме да излагаме заедно со друштво затоа шо ни се склопија пријателските кругови, даа идеме секаде итн. Значи пишувавме постојано,24/7. Јас многу му давав до знаење дека го свиѓам, значи и у пишување, и кога ќе излезевме, ама многу. Сите околу нас сфатија, освен тој. А он, почуден човек навистина не сум видела. Постојано ми даваше mixed signals. Значи ќе ми пишува по цели денови, ќе се слушаме, ќе ми дава знаци, а потоа ќе излезиме со друштво и ништо, ладен. Или паќе пишуваме 1 недела, па 1 недела ќе го нема. Буквално не знаев на што сум. И сите околу него што ми “помагаа” нештото да бидне, не знаеа нашто сме со него и како да ми помогнат. Јас знаев дека он ме свиѓа, значи се гледаше по многу работи, но никако да го направи ТОЈ чекор. Иначе момчето, ангел. Најблизу до совршеност (за мене) што имам сретнато. Не зборам на изглед, не ни гледам тоа ептен, али мноогу мил, превоспитан,културен, многу учи, паметен, интелигентен,секогаш насмеан, дружељубив, спремен дапомогне на сите итн. Многу ми беше на срце од првиот пат Значи нема лоша душа, за инат да повреди или зафркни некого. Многу срамежливо, повлечено и мирно машко, далекуу далеку од женкар, со две дали има испаднато од коои едната долга врска.Али е човек шо никогаш не исполнува нешто што ќе вети, ич не е човек од збор. И така лани цела есен, пишувавме излегувавме, 300 пати се договаравме да идеме на кафе, ништо не испадна. Буквално не знаев што сака од мене и со мене. Премногу превртлив. И давав знаци што давав, до зимата ми скурчи. Реков овој не сака ништо со мене, толку. Кога се оттргнав почна да ми пишува повеќе, но ништо. Мене и некои други срања ми се случија у живот и сосема се оттргнав од него. Помина време, пролетта повторно почнавме да пишуваме. Но одразлични градови сме, и се немавме видено ради ситуацијава со вирусот. Значи три месеци пишувавме. Но пак, една недела симнува ѕвезди, една недела за жив го нема. А јас скоро цела година потрошив на него, бидејќи сум таква, кога сакам нешто се посветувам само на тоа и не гледам ништо друго.. Јуни двајцата дојдовме за Скопје, и решив дека морам да најдам начин да разговарам со него и да знам на што сум а не да губам уште време.. и уз пишување се договоривме и излеговме 3 пати.. и на кафе и на шетање( али не се смувавме).. и реално, никогаш поубаво не сум си поминала со некого многу внимателен, памти работи за тебе, знае да направи да си поминете преубаво, многу нежен, душа ии.. пред 2 недели, завршивме со полагања и требаше да си идеме секој во својот град, па се договоривме вечерта пред да си идеме да се видиме .. таа вечер се смувавме, бевме заедно од 10 вечер до 8 сабаље, буквално прекрасна вечер.. романтичар И зборевме, му кажав дека го свиѓав целооо време, а и тој ми кажа дека ме свиѓал од прв пат кога ме видел но го чекал правиот момент да направи нешто ( )другиот ден двајцата си појдовме по дома.. првите 4-5 дена бевме во контакт постојано, ми пишуваше, ми ѕвонеше.. и потоа, од нигде никаде го снема. Еве веќе една недела ништо, ни трага ни глас. На одмор е со другари, но секако тоа не е изговор. И јас повторно не знам што да мислам. Од минатите искуства со него, this is soo typical of him. Но сепак сега е друга ситуација. Сме излегле, сме се смувале. За еден месец пак ќе идеме во Скопје, а јас не знам на што сум, не знам што да правам и што да мислам. Да го напнувам фала богу не сакам, не сме ни блиску до нешто официјално. Но многу ми е страв дане му било за 1 вечер, иако мислам дека нема таква душа, а и сепак се знаеме година и ме знае каква сум и дека не сакам така..или пак летово сака да ужива, па после шо ќе биде тоа.. иако тоа не е изговор бар 1 ден да пише да праша како сум или бар слика да прати.. И навистина, pls help. Не знам ни што да мислам, ни што да правам. Почуден и попревртлив човек немам видено. Сакав да слушнам и ваше мислење како да постапам во ситуацијава и што да направам за најдобро да се справам. Фала ви
Во која смисла да те искористил за една вечер, демек мувањето ко искористување го гледаш не знам што да ти кажам, влечкање непотребно и мене ме нервира, биди подирекна, прашувај, да не си го губиш времето, може и тој сака ама е срамежлив
Па не во таа смисла искористување, туку една година сум се трудела ептен и сум сакала нешто, не сакам да остане само на тоа, I hope u understand.. Иначе да, многу е срамежлив.. али сепак бе, ептен превртливо понашање.. секако сакам да зборам дирек со него.. но месец дури да се видиме.. а дотогаш којзнае на што сум
Веројатно си доста млада. Не те искористил за една вечер, таа фраза се однесува на нeшто друго. А совет- имаш 2 опции: прашај го да искочите и направете си муабет на што сте или не си губи време и go on with your life
Не знам зошто толку си го чекала да преземе некој чекор. Мене еднаш ми пишуваше едно дете скоро месец дена и не му текнуваше да викне за на кафе, па го баталив. Не ми треба влечко во животов. Најверојатно е премногу срамежлив макар што никаков изговор не е тоа. Ако е срамежлив во живо зад тастатура не би требало да биде. Ама од друга страна што ќе ти е некој што во живо е срамежлив, а зад тастатура не е. Мој совет ти е веќе кога толку време си чекала да почекаш уште да се врати од одмор, па ако се активира и ти пишува почесто продолжи со него. А ако пак си продолжи по старо најдобро прекинете секаков контакт затоа што само ќе се нервираш така и за џабе ќе си го трошиш времето.
Од 10 вечер до 8 сабајле сигурно не било само лапање... @Emilija97mk биди искрена со него и кажи му дека не ти се допаѓа тоа што исчезнува неколку дена, кажи му дека ти се допаѓа и дека сакаш да знаеш на што си.
Мислам дека дечково не сака врска. Ете си му кажала директно дека го свиѓаш, што треба уште да направиш? Ај да е срамежлив на почеток океј, ама една година е претерано. Откако ќе ти пише повторно дај му до знаење дека ако не сака ништо, нема да пишувате повеќе и секој по својот пат. И да, тоа што бил фин и добар со тебе додека сте се гледале не значи дека и тој сака врска. Разговарај што побрзо.
Јас такво понашање не толерирам. Воопшто. Или ќе биде или не. Нема потреба од превртливо понашање ко мали деца. Почекај да се врати и прашај го ако толку сакаш. Иако јас ништо не би направила. Јасно си му дала до знаење дека ти се свиѓа, твојот дел си го направила. Толку. Сега е на него.
Не сака врска со тебе. Интересна си му, привлечна си му ама на тоа ќе си остане. Од ваквите ми се повраќа, и да го прашаш тоа што те интересира пак може да ти изврти некој филм за да може да те заебава уште некое време. Откачи го и никогаш да не си помислила на вакво детиште да му даваш шанси.
Здраво, би сакала да побарам мислење. Пред една година на фб почнав да се допишувам со еден кој не е од ист град, па без причина престанавме и пред една недела пак ми пиша и се видовме, тој дојде до мојот град да ме земе и бевме на кафе.Беше многу фин и пристоен и мене ми се допаѓа во секој поглед. Ми кажа дека убаво си поминал и дека сака пак да ме види. Не сакаше да брзаме со запознавањето, беше трпелив, но сега ми предложи да одиме заедно на одмор, секако пред тоа ќе се видиме пак. Но, јас се двоумам затоа што сепак не се познаваме доволно и се плашам да не би имал преголеми очекувања, иако беше мирен, фин, ненападен. Би сакала да споделите мислење.
Каков одмор жити се? Не знам зошто воопшто прашуваш овде. Се знае одговорот на прашањето. Мене само не ми е јасно како машкиве викаат за одмор после недела дена познанство. Или сакаат да се пофалат демек имаат женска или не знам, нешто многу полошо од ова. Друго логично објаснување не гледам.
Каков одмор со некој шо не го ни знаеш? Глупост... Изгледа нема со кого да иде на одмор, па си вика дај со некоја бар ќе отидам.