Не сакам да бидам груба ама со некој кој еднаш си го видела ни во кола сама не се влегува, а не па на одмор да одите.
Секоја чест на трпението. Според мене, веќе си дала премногу шанси. Знам дека те влечи тоа што е добар, фин, културен, меѓутоа истото не го прави спремен за врска. Можеби едноставно му годи разговорот со тебе, му се допаѓаш, но не планира ништо посериозно, па затоа на периоди ти пишува, па го нема со денови. А ти гледам дека доста се трудиш и сакаш да успее, ама ако нема иницијатива од двете страни, само си губиш време. Една година е многу долг период за да не знаеш дали воопшто има сериозна намера со тебе. Јас би ти рекла да разговараш отворено ако сметаш дека се ова се должи на неговата срамежливост, во спротивно време е да продолжиш напред.
@Emilija97mk кажи му што очекуваш од него, и прашај го дали и тој истото го сака. Ама директно, не да вртиш ко 'киша око Крагуевца'. @Moonlight.ariel нема одење на одмор со непознати. Од кај знаеш со кого се впушташ во 'авантура'?
Како можите да се двоумите на таква понуда? Човек едвај го познаваш да одите на одмор заедно Јас да сум ќе го терам у к*рац и уште еднаш пред очи да не ми се појави. Како шо пиша членката погоре, јас в кола не влегувам кај тип кој едвај го познавам, не друго.
Проблемот е што личоста е од друг град, не ја познаваш, може и никој манијак да излезе. Не очекувај ако одиш дека само ке сака пријателски да се гледате. Еве јас да би била на твое место би му кажала, слушај благодарам многу на понудата, но би сакала да се запознаеме малце подобро, секако добредојден си во мојот град да пиеме некое кафе.
Како што рече тој е од друг град и плус само еднаш сте се виделе, не си го ни запознала подобро а он ти нуди на одмор да идете заедно. Добро, се покажал како добар и фин ама од каде да знаеш каков всушност е.
Ич немој да се двоумиш, понекогаш самите сте си криви, се мислите дали да идете на одмор со некој кој до вчера не ни постоел во твојот живот па после ме нападнал, ме силувал , епа не е тој крив ако ти се случи нешто, ама ти ако сакаш уште двоуми се, се чудам какви се тие родители што дозволуваат вакви работи...
Дека не треба секому да е верува - не треба. Дека ако некој те силува ти си крива - не си. Тој е крив.
Аха да, ако игнорираш пораки од машки, ''сигурно'' може да ти се случи тоа и темава не е силување, туку ги кажав можните причини
Многу ви благодарам на сите за одговорите. Да сакав наивно да одам без размислување, немаше да барам мислење и совети. Го одбив, му кажав дека сакам постепено да се запознаеме и да не брзаме со одмори и имаше разбирање за мене, сам се согласи дека е рано.
Не бе, не е крив. Душички се силувачите, они се жртвите. Да му се плукнам, до кога вакви зае*ани мислења? НЕ СМЕ ЖИВОТНИ ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРААТ НАГОНИ!
Не ги разбирај коментарите како некој да сака да те нападне, некогаш напишаното делува поинаку. Се надевам ти помогнавме со одговорот, сигурно сакаш човек покрај себе и поради тоа го постави прашањето на кое го знаеше одговорот, и што е убаво, овде сме да си помогнеме
Јас не напишав дека не се криви!!! Туку дека понекогаш некој сам си ја бара бељата, да може ќе утепате човек за напишано мислење, бог да чува
Па со вакви простачки размислувања да не очекуваш некој да те фали? Покриј се со уши и ќути, појма немаш за какца сериозна тема се фаќаш. Си ја барале бељата...будалаштини бре