Колку ти е само лошо испран мозокот од некој примитивец, јас ако сакам ке одам и гола несмее никој да ме пипне.
Кога ке прочитам од млади вакви коментари ми се гаде еј... женско си бе утре може да те силуваат и на работа или сексуално да те вознемируваат, незнам зошто вакви размислувања баба ми нема вакво мислење.
Теа678 еве ако сакаш да отвориме нова тема каде што ќе напишеш кодекс на облекување? Но тоа би било многу комплицирано, јас би вака: Ајде ти да одиш на психијатар или не знам можеби да разговараш со некој кој има мозок. Да се одалечиш од форумот и кога ќе добиеш дел од размислувањата на личноста со која си зборувала да дојдеш пак? Може нели?
Теа нека сване на болен мозок доволно му е дупка да најде дали е машка или женска не е битно, силувачот со такво пореметување може и калуѓерка да силува ако е некој болен не те пита дали си поштена и мирна и дали коминицираш со секакви машки само сака да си го отресе
Имав другарка на времето што ми викаше зошто сум облекла краток фустан и уште сум се сликала у него и сум се шернала, некој манијак ќе ми се закачел, сум ги провоцирала така. Теа ти да не си? Од мала и беше од дома испран мозокот, татко и и на неа и на мајка им не им даваше да мрднат, не смееле да провоцираат мажи не знам ти што. Се дур мажи вака воспитуваат деца од мали, ќерките да не смеат да привлечат внимание на маж и тие да се криви ако некој ги погледне, а синовите не се криви ако замараат жени, тие ги провоцирале нив, е се до тогаш ќе читаме и слушаме вакви работи.
Со вакво мислење ја обвинуваш жртвата. И не...Никој/а не си го бара.Никогаш! И гол/а да шета никој/а не смее да го/ја допре без негова/нејзина согласност.
После се чудите зашто жените во Авганистан, Пакистан и не знам каде биле малтретирани. Епа ќе бидат малтретирани ако вака жена на жена и вика си го бараш со тоа како се облекуваш наместо да и биде поддршка. Значи не можеш да кажеш на некого како да се облече. Ако има облини треба ли да седи дома срам да и е хеланки да облече, или кратки пантолони. Ај оние со пола газ надвор кратки панотони и мене ми е премногу тоа, но не викам дека се виновни тие така си решиле ќе си носат пантолони каде што им е пола задник надвор. Не им можеш ништо. Но како девојка, мајка, жена да кажеш дека сами си го бараат не е во ред. Првенствено за тебе не е во ред, а после тоа ако имаш деца сега или во иднина така да кажуваш облечи се пристојно никој нема да те закача. Можно е да ја закачаат и кога не е провокативно облечена.
Jas ne sfakjam kako mozhe vo 21 vek, koga zhenite se emancipirani vo opshtestvoto, nekoj da ima vakvo mislenje I posle se chudime zoshto zhrtvite se sramat da prijavat nasilstvo, siluvanje i sl
Резултат на воспитување. Веројатно нејзините ја учеле така, па и останало. За жал се уште има родители кои своите деца ги трујат со вакви работи, знаеш балканското "срамота е"
Жими стапов срамота. Облакајте си што ви душа сака и избегнувајте само движење по темни улички и никој ништо не ви може. Никогаш мене не ми забранувале моите што да носам и многу е погрешно така што им зборат на децата
100% сигурност ама баш во ништо нема. На тој начин може да ја намали можноста да дојде до таква случка. Сите знаеме каков калибар мажишта ги привлекува голотија. Такви информации дека се малтретирани на велико жените таму можеш да прочиташ само на про-западњачки портали. Разговарај очи во очи со личности од тие држави ако сакаш да ја дознаеш вистината која секако нема да ја прифатиш дури и да живееш таму бидејќи перењето на мозоци посебно на оваа тема е вкоренето веќе во луѓето.
'Мажишта ги привлекува голотија' 'Перење мозоци' Поживеј еден ден како жена, или поедноставно, најди некоја која би сакала отворено да разговара со тебе и да ти опише едно 'обично' 24 часовно деноноќие. Ако најдеш таква... може поедноставно ќе ти е да се 'претвориш' во жена... А тоа погоре... на 'мажиштата' ќе им кажеш дека не треба така, а не на жените како да се однесувале оти тие 'мажишта' се неспособни да си ги контролираат нагоните, иако официјално се со целосно развиен фронтален кортекс.. Тешко на жените во твојот живот.
Леле еј зошто мора увек да драмите и да преувеличувате и да извртувсте зборови , Витали пиша "сите знаеме каков калибар мажишта ги привлекува голотија" ама затоа ти му ја изврти Велс реченица и пишуваш нешто сосема трето нешто што не ни рекол, добро бе толку ви е досадно или измислување и извртување на работите во е хоби?
Има и такви поразлични од тебе кои сметаат дека не е гордост да шетаат полуголи и дека тоа не е во ред и ја покриваат својата убавина и шетаат скромно облечени. Да биле развиени како што треба би биле во можност да си ги контролираат своите нагони.
И нас жеништава знае да не привлече голотија. Ако некој згоден полугол пројде покрај мене, сигурно нема да замижам, ама фала богу нема да го силувам.
Не е гордост или срам. Експресија на личноста е облеката. Кој си ти да им кажуваш на другите како да се облечат? Сакаш тебе да ти кажуваме сите како и што да облечеш, и ти да не послушуваш нам, а не да ги следиш твоите желби, оти 'сме така развиени' и ќе те малтретираме психички, физички и сексуално?