Да му се приповраќа на човек од вакви ко тебе што оправдуваат силувачи и педофили. Ако се болни постојат институции, нека се лечат. Хемиска кастрација е опција исто.
Да за жал така е а и многу од девојките не пријавуваат затоа што се плашат , слично како до насилството како таа од Штип не пријави од страв..
Ако не можат да се контролираат роднините или социјалните служби се должни да ги сместат во соодветна институција. А не да чекаат некој манијак да нападне 10 девојчиња па да реагираат тогаш, тогаш и роднините се виновни бидејќи не реагирале своевремено да му помогнат а знаеле каков е.
Поентава ми е што ради тие таквите што се болни во мозокот, ние на +40° треба да шетаме завиткани како мумии и плус железни гаќи со катанци, а тие наместо да се лекуваат, да шетаат слободно и да си го празнат кај ќе стигнат!
Од вакви мислења највеќе се плашат: Знаеш зошто? Зошто во овие земји не признаваат силување во брак, џабе да пријавуваат кога е легално. И ти @Alisa22 , бранејќи го ставот на Витали значи ти е ок тоа жени да се силувани во брак?
Зошто толку ги испревртувате работите? Досадно ви е? Едно е да речеш дека жртвите се криви ако се силувани а друго е да речеш дека општа претпазливост не е штетна зашто сите знаеме во каков свет живееме.Јас нигде не прочитав некој да оправдува силување, ниту пак мислам дека некој нормален човек може да оправда. "Јас ако сакам и гола ќе шетам " е реченица која може да се каже во идеален свет кој не е нашиот.Ако беше таков розев светот, стварно ќе одевме голи на улица и ќе се чувствувавме сигурно. И не не се работи само за шетање гола, зашто реалноста е дека голотијата не е примарно нешто што го привлекува силувачот, туку општо се зборува дека не треба да се биде наивен во различни ситуации, а не е на одмет и да знаеш самоодбрана. Значи и кога излагате од дома ја заклучувате вратата превентивно така?Тоа не значи дека ако ве ограбат вие ќе бидете криви, секако ќе биде крадецот виновен, но сепак правите нешто со кое ќе се чувствувате заштитени затоа што знаете дека живеете во свет во кој постојат крадци и не знаете дали ќе бидете жртва.
Не е поентата во тоа и ништо не е извртено. Темата за силување ја има веќе многу страници наназад. На прашањето на девојчето заради кое и се отвори дискусијава СИТЕ и одговорија да биде претпазлива, а всушност коментарот "идете на одмор со некои што не ги познавате, па после ОНИ ви се криви ако ве силуваат". Тука настана проблемот, ако се разбираме.
Не. Буквално за тоа се зборува. Дека привлекуваме манијаци со облеката. Мерката на претпазливост што е предложена е да се шетаме со скафандери и по можност еден chastity belt, за секој случај.
Абе најлесно е да се претстават силувачите како шизофреничари. Менталните болести кај нас секако се „сатанизирани“ па и да кажеме дека силувачите се умоболни, ништо страшно де.. Едноставно мрзливо е да се каже „Аааааа силувачите се психијатриски случаи“ и да се остави само на тоа. Сериозно, прочитајте малку, едуцирајте се на таа тема. На нет има купишта литература. Вистината од која повеќето бегаат е дека силувачите се всушност нашите татковци, браќа, дечковци, другари, колеги од работа итн, а не чудниот распартален човек кој одејќи по улица се расправа со невидлив соговорник. Најголемиот дел од силувачите се навидум нормални, социјализирани луѓе кои по ништо не отскокнуваат од тоа што општеството го прифаќа како „стандарно однесување“. Гледајте го документарецот Athlete A, ќе добиете нова перспектива на работите. Секој може да е силувач, дури и културниот сосед кој секогаш ви ја придржува влезната врата и ви помага со тешките кеси.
Факт е дека многу провокативна облека ќе привлече и по некој манијак(на пр. на јавни места) повеќе отколку обична облека.Многу лош факт, ама на планетава постојат премногу лоши работи кои не ни се допаѓаат така? Не мислам воопшто дека решение е сите да се облечеме во бурки, ама еве јас лично, свесна сум на кои места ми е посигурно да се облечам на одреден поразголен начин, а на кои ќе ми биде тотално неудобно да се движам провокативно облечена.Значи едно е да си мислиме како изгледа идеалниот свет во кој секој си ја гледа својата работа и никој не смее да му наштети, а друго е да погледнеме каква ни е околината и реалноста. @Emotional123 знам, читам од почеток и напишав и друго мислење, ама скроз се премина на друго од тоа што првично беше напишано. @Nausicaa секако дека изгледаат исто како секој нормален човек.На никој не му пишува на чело дека има психички проблем, ниту на тој што има депресија, ниту на тој што е социопат, ниту на тој што е психопат.За да силуваш, да, треба да носиш некоја нестабилност во себе.Не мислам на болест, ама дека ментално здрав човек ќе силува, нема.
Мислам...убаво пишува. Сумирано накратко: Запад разголени - силувани. Арапски земји покриени - несилувани. Како ова да го сфатам поинаку? Имај во предвид дека изостанува осудата кон силувачите. Се релативизира со "Абе остај ги нив ментални, ти забули се да се заштитиш". Како овде не станува збор за облеката?
Носев фармерки, широка кошула од татко ми (машка), преку фармерки ме покриваше скоро до колена. Патики. Имав репче најобично со стегач и немав шминка. И ме силува...
Не знам што да кажам. Ќе го применам ова. Следен пат кога некоја е силувана ќе и речам јбг, лоша проценка на облекување. Better luck next time.