А ти знаеш ли дека во тоа секуларно општество како што го нарекуваш во блискиот исток не важи силување во брак? Знаеш ли ти колку жени во Турција, Ирак, С.Арабија се силувани на 15 години и сторителот за да не одговара пред законот, а жената да не и се уништи угледот, ја зема во брак и како ништо да не било? Знаеш ли дека исто така таму жените не смеат да прекинат брак, развод може да им даде само мажот и никој друг. И да, намерно ја споменав Турција затоа што законов го донесе Ердоган кај нив пред некоја година и имаше масовен бунт. Овакви бракови во источна Турција, во помалите забаталените места од тогаш станаа пракса. Далеку се тие од секуларни држави како што ги нарекуваш... Овој е Израелски филм, и е снимен по вистинска случка низ што една жена минува за да добие развод. https://www.imdb.com/title/tt3062880/ Едуцирај се, а не пренесувај рекла-казала муабети.
Nevazhno dali seksualnite predatori se bolni ili im e karakter, tie nanesuvaat losho na drugite subjekti vo opshtestvoto i mora da odgovaraat za toa, bez ogled dali se bolni ili ne
Некогаш и најблиските можат да ти наштетат. Мајка ми на 12 годишна возраст била силувана од чичко, брат на дедо ми...
Болни биле и не знаеле што прават, па ние девојките треба да мислиме и за нив случајно да не ги ,,инспирираме" за вршење на злодело. Браво! Да пишам нешто вакво, па дури и поднапиена тоа да ми се задеси, сама би се банирала од форумов.
Болни се и гнасни и треба да се убијат! Не болни како демек им треба помош, таман работа тоа да се помисли...
Напад од непознато лице е исклучително ретка појава. Во Македонија над 99% од сексуалните деликти се извршени од предатор кој жртвата веќе го знае. 'Обични' мажи кои одат на работа, се во брак/врска, пријатни комшии и пријатели, сосема нормални луѓе. Не изгледаат поинаку. Меѓу нас се. Наши деца, татковци, партнери, роднини, пријатели. Не е до облеката, не е до внимавањето... само некој да не те намерачи.
Дечки, премногу испревртување на муабети. Конкретно за постот на Витали, не видов дека ги брани силувачите, а со вториот пост за земји од Блиски Исток сакаше да каже дека строги казни всушност може да помогнат во намалување на ваква проблематика. Никој не оспорува дека конкретно жените во Блиски Исток не се силувани туку е проблем што они тоа не го гледаат како проблем, да внесат исто толку строги казни и за силувачи е тогаш и ке се смени менталитетот и кај нив. Не знам колку е валидна изјавата на Путин дека жена при обид за силување има право да го убие силувачот. Од мој аспект гледано, вакво нешто треба да се спроведе насекаде низ светот а девојчињата да ги учиме и на вештини за самоодбрана и да им ја тргнеме од глава реченицата дека “машките се посилен пол а женските послаб“ со тоа што од девојчиња би направиле и “принцези“ ама во исто време и “ѕверови“ во ситуации кога тоа е потребно.
И реплика на ова: Овој е делот што оспорува. Раце, нозе сечат да, ако некоја е силувана на улица од рандом човек, кој потоа не се венчал со неа. А тие што се венчале? Силувањето потоа легално си продолжува и во бракот. Тотално се игнорира и негира тој факт (болдираниот дел). Се врти фокусот на строги казни и облеката како превентивна мерка, иако казните не се применливи во брак, пошто е легално.
Јас тој дел на Витали го разбирам дека жени што успеале да допрат до Западна цивилизација сфатиле дека можат отворено да зборат за тоа што се случува таму, а жени што се од другиот крај на западна цивилизација (читај: Блиски Исток) нема да зборат за тоа затоа што се brainwashed и у најголем процент веруваат дека тоа таму што им се случува е нормално, иако сите знаеме дека е далеку од нормално.
Јас, лично и персонално имам отидено на дејт со машко што го знаев само еден месец од фб. Дојде, ме собра со колата, значи непознат ми беше реално, и отидовме на фино, познато, прометно место, муабет без грешка, се океј, за на крајот да ме издопира секаде и да ми синуира што би праеле. Можеби би спречила да бев со сопствен превоз пример, а можеби и не. Не проба ништо повеќе ама се ежам од самиот спомен, и со помислата што можеше да биди. Ајде некој можи ќе ме обвини, сум се качила со непознат, ама некој што има таква намера, можи да почека пример до петти дејт и тогаш да се осмели. Така да, битното е да не налетаме на таква будала, пазењето можи само да го одложи дејството ама не и да го спречи. Во врска со обвинувањата за извртување на мислењето на членките, штом личност која поминала низ таа траума пред повеќе од 20 години, се најде засегната од зборовите и можи и ја повредија, замислете какви чувства би предизвикале кај личност што моментално минува низ то. Така да, треба ептен пазење на начинот на изразување, сакав ова да речам, сакав она... не вреди отпосле.
Апдејт. Типкава, цела недела оди по дејтови со ликот и горда е на тоа. Згора на тоа се вади со мене дека ќе излегува, веќе ми направи проблем. Ако продолжи да ме користи ко изговор ќе кажам се. На маж и, на брат и, на мајка и. Имам и докази. Не можам повеќе да дозволам. Го преќинав контактот со неа, ама оваа не е нормална.
Имам другарки со дечковци кои ги познавам. Да сфатам дека го користи моето име за нејзините глупоштини ќе и дадам ден да му објасни се' на дечко и. Ако не, јас сама ќе кажам. Очекувам и сите што ме знаат и дознаат дека мојот партнер ме изневерува, да ми кажат одма па затоа и јас така би постапила.