Ја сум себичната после, сфаќаш. Она доаѓа во мој град, од мојот град само со мене се познава иако има роднини тука, ама не се овде. И на секое излегување со мене се вади. Она секогаш има изговор за излегување, ама ќе и кажам, јас случајно дознав. Жал ми е за маж и, брат и, мајка и. Се чепатат од работа она да има. @Hellobeautiful не дозволувај и ти ко мене, ај на старт мислев ќе преќине ама не. @cresa-jagoda собирам уште некој доказ. До утре би требало да имам се. Господ нека ми прости, не сум кавгаџика и сплеткарка ама ја претера.
Најдобро е нејзе да и' рече. “Не ме користи ко алиби, оти маж ти ќе ги добие сите докази што ги имам.“
Мислам дека сега веќе имаш право да го кажиш сето ова. И ако го направиш тоа, бравос, ако ништо друго сопругот че го спасиш.
И тетка ми има дечко, и тетин ми знае. Од каде знаеш какви мислење маж и ќе има за тоа, можеби нема да размислува како тебе? Не е во ред да те користи и да кажува дека ќе оди со тебе, ама тоа со неа реши го на мајка и, брат и, сестра и не си должна да кажуваш.
Не заслужува мажот и да му бидат набивани рогови, а тој да се мачи таа да има убав живот. Заслужува да дознае што му прави зад грб жена му.
Кажи и да престане да те става тебе во уста како изговор. Кажи и дека се плашиш за себе и дека може да настрадаш што го искористува твоето име така. За тоа дека ќе ја кажеш меч со две оштрици е. Да не те намести да испадне ти лажеш, ама што и да правиш објасни и дека не сакаш да има ништо во врска со тебе. Тргни се од неа ни здраво ни и викај и мирна глава.
Не ми е гајле шо мислење ќе има, она веќе во секоја лага ме става. Многу проблеми ми направи. Не сум должна да кажувам ко шо она не е должна да ме плетка. @Idedemja имам, слики од нив, муабет, се. На почеток ја пуштив после ја претера. Утрово ме пресретна мајка и, се враќаше од работа и рекла дека е со мене, едвај се извадив.
Не требало ич да се вадиш ни неа ни сама себе, си можела да кажеш дека воопшто се немате договорено па нека се правда и така ќе знаела дека веќе не може да смета на тебе.
Сеа имаш слободно време и че играме ментална гимнастика на "шо ако"? Ами и баба ми да беше машка, че ја викаја дедо. Моментално е во оваа ситуација девојката и најдобро е се да му кажи и повеќе да нема со такви контакт. Перде срам да се немало, ниту почит ниту да цени, таквите само ова заслужуваат. Ем че го изгуби сопругот ем пријателка како бициклево наше од форум.
Е не се сите такви расипани да прават така. Девојката не сакала да и прави на неа проблеми, ама таа претерува.
Да не и прави на пријателката проблеми, ама пријателката ако и прави на неа проблеми не е важно тоа така? Мора да и даде до знаење дека не може веќе ја неа да се потпира јас мислам, на индиректен начин без да се меша. Иначе расипана сум знам, не ме чувале во фрижидер дома па затоа сум расипана изгледа.
Па тоа зборам, не се сите такви. Ете може не е таква членката да и прави проблеми, не можела да каже одма.