Aбе ај еднаш два пати да се вадеше со мене ама она нон стоп? Утре ќе ја дознае маж и можеби од некој друг и на крај јас пак вмешана. Ќе зборувам и со нејзе, ако продолжи пак, немам друг излез. Плус да напоменам ова не е прв пат да прави, и пред овој швалер се вадеше со мене за нешто слично, што е многу многу е. Никад не се мешам, ама многу ми дојде, многу. И дадов совети, илјадници совети - човек ако не си среќна разведи се и прави што сакаш, зборувај со мајка ти или вујко ти, устата ми се запени од галамење пошто не сакам да се заебе и да изгуби предобар човек како нејзиниот сопруг. Утре кога ќе се дознае, ако се дознае сите ќе и свртат грб, она сама ќе биде. И мислев и се уште и мислам добро ама со оглед на тоа како се однесува и плус ме лаже и користи, премногу е. Ќе зборувам со нејзе, одлуката е нејзина на крај. Пошо не е фер, кон никој. @Jana06 со родителите, друштвото.
@bicycle мој совет е да кажеш. Еве стави се на местото на нејзиниот сопруг, не би сакала да знаеш? Девојката го прави будала човекот, а ако и е било толку гајле, требала да мисли пред време што прави и како, сега нека се сноси со последиците. Ем како што кажа, сопругот е добар човек и се гриже за неа. Треба да му кажеш. Најлош исход од целата ситуација е што ќе ја изгубиш, ама како што кажа самата, веќе имаш прекинато контакт со неа.
@Stephen Amell она ми е ко сестра.Поточно ми беше ко сестра. Во најтешките моменти она била покрај мене, кога сум се распаѓала, и сега сум во депре период, ама она сега со ова ја влоши ситуацијата. И мислам само добро пошто сигурна сум дека швалерот ќе ја заебе, кад тад. Она ќе остане сама. Од друга страна го жалам маж и, изложен на опасност само поради неа. Мајка и по смртта на сопругот то ест татко и на другаркава и се влоши ситуацијата, со здравјето. Ова најмалку и е потребно. Ќе разговарам прво со нејзе, ако продолжи така да ме става во тесно, и да ми прави проблеми да морам да лажам секој околу мене вклучувајќи ги и моите ќе немам друг избор. Ќе се осеќам ко да сум ја предала ако дојде до тоа да ја кажам доколку не размисли што прави, ама и мислам добро, не сакам да си го уништи животот. На почеток и пружив подршка, мислев ајде кафе средба но и дадов совети да не ризикува пред време, ама не беше таа средба само. Јбг.
@bicycle те сфаќам се, ти нејќеш таа да си го уништи животот, ама не си виновна што таа тоа упорно го прави, си и дала совети, не те послушала, натаму си е нејзино. Таа сама си го уништува животот, ако она упорно оди на дејтови со швалерот, што си тука крива? Нека се разведе па нека прае што сака. Еве уште сега и кажи дека немаш веќе намера да ја криеш, а она што нема храброст да си ги сноси последиците, многу кажува за нејзиниот карактер. Значи ем сака некој што ќе се грижи за неа постојано, што ќе ја чека дома, ем да има друг настрана што ќе и служи за забава. Ни малку не го заслужува доброто што го правиш за нејзе.
@bicycle Ај размисли убаво,не брзај. Зошто да ја кажуваш на сите дека има швалер? Да, збори со неа, кажи и дека ти прави проблеми и да не те меша веќе ама немој да ја издаваш. Што ти е толку мажот нејзин тебе, па толку да го жалиш? Она ти е другарка тебе, не маж и, мајка и, брат и. Уште викаш како сестра ти била. Очигледно жената е во некој период, изгубена, лута, не знае што со себе. Не е лесно да е сама цело време. Далеку од тоа дека ја оправдувам ама па на крај на денот нејзин живот е, како сака ќе го живее. Да се дрогира, па ајде да кажеш на нејзините за да и помогнат ама за вакво нешто немој. Може аферата за брзо ќе заврши, може ќе се смират со мажот и ти ќе бидеш предавничката. Јас никогаш не би издала другарка.
Јас би и кажала дека не сакам да ме меша во нејзините лаги. И не би лажела ако некој ме праша. Со тебе беше? Не. И крај на приказната, нема ти што да се правдаш и објаснуваш, реално не е твој брак, и никој не знае што се случува до нив колку и да изгледа совршено од страна.
Луѓе на голема мака сум и сакам совет и мислење.. Се помислив неколку пати дали да го поставам прашањево затоа што очигледно не сакам јас да си признаам и отворено да кажам за ова (никој не знае) бидејќи и мене ми е многу weird.. Ми се допаѓа 4 години помлад дечко (јас 25 тој 21) Знам дека делува педофилски.. Живееме во исто маало комшии сме се знаеме одамна, немаме некој голем контакт само здраво онака.. Кога е изгледот во прашање, тој иначе воопшто не изгледа за годините, висок е и крупен, така мажествено изгледа а и мене досега најмногу ми дале 23, јас сум ситна и имам баш baby face Тој не знае дека ми се допаѓа ама знам дека јас му се свиѓам одамна, го покажува тоа индиректно но нема храброст да ми пристапи и да ми го каже отворено бидејќи мисли дека го гледам како дете.. Малку ми е страв, како би прифатила околината, другите..
Не сакам да те навредувам, ама зошто уште живееш во тоа "што ќе кажат другите"? И не не е педофилски не е малолетен дечкото, ако ти се свиѓа и гледаш знаци дека и он те свиѓа јас не знам зошто уште се мислиш... Секоја убава прилика во животот искористи ја
Се плашам заѕоа што сме се знаеме со неговите фамилијарно, ќе речат не си нашла ли некој рамен на себе што бара со толку помлад.. Ќе има предрасуди, знам дека не треба да се живее на тој начин ама ете признавам незгодно ми е од нив најмногу.. Веројатно ако би било нешто би било ама тајно
Ќе ти препорачам да одиш чекор по чекор. Да излезете на неколку дејта и да направите муабет не е нешто wow,woooow за да се креваат паники и галами. Ќе видите, ќе се запознаете подобро од здраво-здраво, можеби се ќе биде во ред. Можеби првичниот впечаток што го имате за себе нема да се оствари и во реалноста. Додека не пробаш нема да знаеш Од почеток уште незапознаени да се секираш што рече околината е за врската е многу голем скок и многу беспотребно планирање барем во оваа фаза. Доколку се биде во ред и после тие неколку инфо-дејта и се решите за нешто повеќе, ќе ти кажам само среќно и не се замарај за околината. Важно е вие како ќе се прифатите
Ниту е педофилски, ниту разликата е преголема, ниту па се наоѓате во години каде тие се битни и има разлика меѓу вас, најверојатно и нема. Ако е само тоа пречка, не му се мисли воопшто, покажи му дека и ти го свиѓаш и пробајте се, ако си одговарате, бидете си среќни заедно. Верувам и фамилиите ќе немаат ништо против. Зошто би?
Ништо забрането не правите за да треба да биде тајно. А колку што можам да предпоставам не ви се ни ветени сопрузи од родителите па сега вие да се чуствувате дека ``прекршувате договор`` па да терате тајно.
@MayDiamonds Не е педофилски,полнолетни сте и двајцата.Не е ни срамно. Разговарај со типот.Ако и ти му се свиѓаш,излезете на дејт. Не е битно што ќе речат другите.
Годините ви се океј.Ако си се допаѓате меѓусебе може да одите на дејт. Што ќе кажат комшиите и вашите родители е многуу рано да се мисли. Нема да ја споделиш таа информација после неколку дејтови, има време за тоа, ако прерасне во нешто посериозно.
Јас мислам вие да искочите на дејт ако има обострана желба за тоа, да се запознаете. Не мора веднаш да кажеш дома на семејството мислам ако знаеш дека нема да прифатат баш одма ќе видиш како ви иде некое време мислам и да имате нешто да остане меѓу вас. Па после нели ако преминете на озбилна врска после неколку месеци, па и година ако им кажеш мислам дека нема да има никаков проблем.
Ако има обострана заинтересираност и ако ви тргне комуникација, нема зошто да мислиш што ќе кажат другите. Не живееш за нив.