Фала ви дечки. Разговарав со нејзе, и кажав што имам и решив комплет да преќинам со нејзе. Ако дознаам дека продолжува со тие глупости а сигурно ќе дознаам зошто доста убаво си живеам со брат и, тој ваљда ќе ми спомне, нема да прогледам низ прсти. Сега знае, натака нека крши глава.
Убаво ти пиша @Mantub погоре. Јас не би се мешала за да не си го реметам мојот мир со дополнителни драми. Добро си решила, нека не те меша во нејзините проблеми и одлуки, а за другото нека си се снаоѓа сама.
Јас имав бивши што беше 2г помал од мене. Бетер од дете се понашаше, зависен од мое присуство мислиш мајка сум му. Одкако му раскинав реков веќе помал од мене не фаќам! Арно ама, ме најде дм кој е 4г помал од мене Ај што е помал од мене ама ке ми веруваш ако ти кажам дека е посозреан од мене? Поцврсти ставови има од мене, поодговорен е... и да не набројувам натаму. Така да дај си шанса да се запознаеш со типот.
Смешно беше пошо ме нападна дека сум била љубоморна зошто сум немала никој. Јас ако сакам веднаш ќе најдам. Аргументи нула имаше. Сега ми е полесно откако и кажав се. Не се карав, смирено и кажав, во очи. Ете толку од мене.
Па нормално дека ќе напаѓа кога нема други аргументи. Не се замарај. Мислам покукавички од тоа да мешаш други луѓе во сопствените проблеми нема... Битно тебе да ти е мирна главата и совеста.
Така делуваш кога кажуваш колку го жалиш мажот и, како ја чува. Ако ти е другарка ти глеј нејзе како и е, ако не те заболе и за двајцата.
Јас ич не сфатив дека љубомори кога пишува како маж и ја сака и чува, туку сака да опише жена која не знае да ја цени љубовта од мажот и не го почитува и се вртка со швалерите за некои смешни причини како што пиша @bicycle . Нема што да гледа за другарка и кога оваа толку срамно го користи не еднаш туку постојано нејзиното име дека со неа е излезена, а наместо тоа се матка со швалерчињата. Јас и пишав вчера побрзо да расчисти со неа и здраво да не и ни вика, мирна глава така.
Мене годините воопшто не ми се проблем не гледам на раков начин на работите.. Иначе претходно сум излегувала со 2 години помал и наидов на критики од друштвото другарките како сум можела, што сум барала со помал, било глупо ме зборуваа како да сум чудак.. Затоа ова ме копкаше сакав да чујам мислење дали да му дадам до знаење дека и мене ми се свиѓа или да оставам да помине па да си чекам некој врсник или постар..
Златна, цел живот ја знам, од пелени. Од маж и ништо не и фали, секад најадена, напиена, облечена, прошетана, аргументот за неверството е дека тој бил скржав а воопшто не е така. Спомнав претходно, не сакам да се зезне воопшто и да остане сама. И спомнав да размисли убаво и ми е битна нејзината среќа. Плус, уште од кога влезе во брак знаеше дека тој ќе биде отсутен повеќе од времето, и даде убави опции маж и, повеќе од убави и можеше да бира. Да се лупаше ко печат немаше да ме интересира, ама да ме меша и прави проблеми нема да дозволам. Премногу е.
Луѓе како луѓе прифати и помири се со тоа дека секогаш ќе зборуваат, тоа ти е составен дел од животот и најсовршениот да го најдеш пак некој нешто ќе рече, излези запознај го на подобар начин очи во очи, ти сакаш да излезеш, ама сигурна ли си дека ако толку се плашиш од другите дека нема некој да ве сретне? Ич не размислувај за другите, никогаш нема на никој да му угодиш како треба, години како години, само бројка се , гледај дечкото да има памет и да е некој добар и паметен.
Не реков дека си љубоморна. Ако и мислиш добро, а не можеш и не сакаш да бидеш дел од нејзината тајна расчистуваш со неа (како што си направила) и продолжуваш со животот. Со тоа што ќе кажеш на фамилијата нејзина не и помагаш никако туку си лоша другарка според мене зашто прво си и дала до знаење дека може да ти се довери и на крај ја изневеруваш. И така ќе делуваш дека имаш задни намери.
Е како може да размислувате вака. @bicycle кажа дека ја става во огромни проблеми и дека не сака ради неа да има уште поголеми проблеми. Во овој случај вина нема Бајцикл туку самата другарка која го ризикува нивното другарство за некој швалер кој и го завел умот и не само тоа туку и ја расклатува врската меѓу нив две. Што е должна Бајцикл да трпи од неа разни сплетки и да ја влече со неа кон дното, да се вади постојано и да ја прави соучесник во нешто. Бајцикл може да и помогне да и даде совети не е должна да ја вади од каши. Испаѓа дека она и е другарка на Бајцикл од корист. Се си има граници. Инаку многу ја разбирам Бајцикл имав таква ситуација и јас прекинав. Ниту сум должна некого да влечам за уши и да му кажувам што како треба повеќе од еднаш ниту сум должна милион пати да го вадам од каши. После сите лицемерства,интриги и се јас прекратив. И мило ми беше,ниту вина имав ниту ништо. Ако треба да бирам меѓу мир и бунтовна невоспитана другарка, го бирам мирот.
Сфаќам дека ти е другарка. Ама другарство не значи некого цело и цело време да го вадиш од го*на во кои она сама си паднала особено кога во тие го*на несвесно плива и друг, во случајов маж ѝ. А тоа дека ќе остане сама, требало да си мисли на време. Ете нема да остане, швалерот ќе биде со неа.
Не знам какви се тие огромни проблеми, не знам кое е дното ама другарка моја да вара и да ја фатат нема јас да се правдам сигурно. Другарка е, нормално дека нема да ја издадам. Нема да ја поддржувам, да ја бодрам, ќе направам се за да и ги отворам очите ама нејзино е на крај. Не знам како вие можете вака да размислувате.
Јас на старт убаво и реков - Не ти е убаво со маж ти? Разведи се. Сакаш моја подршка за развод и да бидеш со друг? Ја имаш. Зборувај со мајка ти, зборувај со вујко ти, почекај да се врати маж ти од пат и зборувај со него, стави крај ако толку сакаш и ако не ти е убаво. Ама да измислува и да шири наоколу дека сум се враќала дома со неа пијана во 4 сабајле само за да се извади она зошто ја немало, а јас дома, па да ме става во незгодно да лажам други поради неа, не можам веќе. Имам граница и јас. Ова е трет дечко за кој морам јас да ја вадам од лајна. Со другите двајца немала дејтови ама блиску беше. Од сите претходни нејзини што ги лажела сум добила се најлошо зошто не сум ги предупредила, ама ајде другарка сум. Додека сите рмбат за да има она убав живот она на 30 години еден ден работен стаж нема, додека сите се жртвуват за неа да и биде супер она како им враќа. Ај за нив у фамилија не ми е гајле ама јас имам граници. Ако ги преминеш, толку. Плус да додадам на тоа, дека многу пати ме извисила и лажела и сум се осеќала доста лошо поради некој од нет. Тоа што била со мене кога ми било најтешко нема да и го заборавам ама па преку глава ми е дојдено. Она сега за сега нема намера да го остави маж и, убаво и е кога и легнува пари на сметка и ја шета, тој нејзиниот швалер ќе ја остави кога ќе осети густо, премлад е и доста неискусен дечко, имам неколку пати разговарано со него, чисто онака. И никад не се мешам, кој што сака нека прави ама ја и те колку сум вмешана овој пат. Или нека си ќути, нека продолжи и нека не ми кажува дека е со тој, така подобро е.
Ти прекини контакт и расчисти за тебе, а со нејзините и маж и што ќе прави е нејзин проблем. Кога ќе каже таква лага ќе кажеш дека измислува за да се оправда.
Не знам дали ти си во врска, мислам си. Замисли некој ден пред твојот дечко нешто рече со тебе била, а ти си му рекла на него дека си дома тоа време. Па дечко ти во тебе ќе посумња. Не верувам дека ќе дојде до ова, ама никад не знаеш во кој момент тебе ќе те стави во непријатна ситуација. Јас би се повлекла од ова. Не дека смртни непријатели треба да станете ама би ти рекла да се оддалечиш. И остави нека се снаоѓа како знае и умее.