Немам Танче скоро 2 години. Последниов дечко знаеше се, морав да му кажам пошто имав доверба во него а и се случи тој да дознае случајно околу неа, ме седна и посоветува дека не смеам следен пат да кријам и да реагирам ако дојде до тоа повторно. @flawless. @buba4e89 готово е со неа, раскрстив.
Скрос те разбирам и те поддржувам да прекинеш секаков контакт со нејзе. Само тоа што таа нема ни еден ден работен стаж не е битно во случајов и не е никако поврзано со тебе. Така им одговарало со мажот и така се договориле, исто и здравјето на мајка и.
Не е само неверството проблем. До пред 2 3 години додека се допишуваше со други дечки отвараше лажни профили, со лажно име и презиме и лажни слики за да не ја дознаат која е. Повторно се дрзна и тогаш да ме меша, не дозволив, овој пат е премногу. Додека дознав она веќе почнала. Затоа пукнав.
@bicycle а со маж ѝ колку се знаете? Мислам дали онака се дружите, имате некој муабет или воопшто не?
Да, го познавам, имаме и муабет и се. Ја гледа ко капка вода. Го знам и брат и, секогаш ни е се на шала и смеа, а исто и мајка и. Мајка и е другарка со тетка ми. Утре поради другарка ми, мајка и и тетка ми ќе се скараат, и тетка ми може и мене да ми мрчи поради ситуацијата, терсене е малку. Затоа се осеќам заглавена, ни ваму ни таму.
Fair enough, супер си постапила и си направила се што можеш. Да се надоврзам погоре, сум осетила на моја кожа само другарка ми беше во врска, не брак. Дечко и дозна од други и ја истепа. Ако дознаеше од мене ќе имав грижа на совест затоа подобро ќути си. Не знаеш кои ќе бидат последиците.
Одма да ја откачиш ,таа не ти е другарка само те користи за изговор ,па на крај кога ќе се дознае тебе ќе те вплеткан во тоа ќе те направи крива . Затоа одма откачувај и не ти требаат такви другарки . Не можеш ти живот да и го средуваш доволно е да и дадеш совет ко другарка а нејзино е дали ќе послушс или не доволно возрасна е тоа си се нејзини проблеми сама некс си мисли што ќе прави не се мешај многу многу затоа што на крај можеш ти да испсднеш крива.
Јас тука гледам друг проблем... ако типката цело време е "со тебе" и ти го потврдуваш тоа, постои опасност да се посомневаат дека изневерува СО ТЕБЕ т.е. терате лезбејска врска. Денешно време се и сешто има...
Чекај.. другарки ако поминуваат премногу време заедно се лезбејки? God, I didn't know that. @bicycle добро си постапила. Се надевам веќе нема да ти прави проблеми.
да појаснам, ова во склоп со други суптилни знаци на жена која изневерува... претерано дотерување, секакви изговори против интима, криење смартфон, смена или криење на статус на социјални мрежи заедно со објава на провокативни слики и сл., односно се она што буди сомнеж за неверство. Инаку, со среќа на сите
'Криење' статус на социјални мрежи? На социјалните мрежи не ми е ознаечно дали и во каква врска сум. Тој што ме знае, знае; тој што го интересира, нека праша, ќе му кажам. Не мора Закерберг да е информиран.
криење на статус во смисол порано имало статус омажена а потоа се смена или не се прикажува повеќе (се прикри). а зукерберг се знае, и тоа што било, и тоа што е избришано и сменето, се што влегло како податок... само не ми е јасно дали ги вклучува и камерите на уредите и ги снима корисниците...
да, во смисол суптилни знаци забележани од сопругот (него го засега) и како такви основ за сомневање... а со зукерберг што правиме?
Еве, маж ми не се сомнева. А и јас колку што знам, не сум изневерила. Гледам, ти знаеш повеќе од мене. Да не си Закерберг?