Strumfeta93 мило, сепак не оставај соменжот да те јаде од внатре а на дечко ти ич мува да не го лази! Тој предизвикал сомежн кај тебе со своето однесување, тој е и должен да го објасни и да те успокои оти нели се сакате и треба да ви бидат важни чувствата на партнерот! Во твојот случај тебе те мачи чувство кое се трудиш да го затаиш во себе, а не би требало! Кажи му дека не си најспокојна заради таа негова другарка, потруди се без кавги, без расправии...и барај да се стави на твое место! Прашај го како ќе му биде нему ако ти си седиш сама со некој другар,дали нему не би му било сомнително нешто??? Можеби навистина нема ништо помеѓу него и другарката, ама и јас да сум на твое место (а верувам и 90% од девојките) би почувствувала љубомора и би барла да се намалат тие собиранки по соби НАСАМО со другарки! Сите што се прават дека им е сеедно верувај дека лажат! Не може да ти биде сеедно додека дечко ти си споделува моменти од својата вечер со за тебе непозната девојка! И пак ќе кажам, можеби нема ништо, но тој е должен да ти објасни бидејќи не ти е само дечко со кој одвреме навреме се гледате (муватор) туку ти е дечко со кој имате врска, а за доброто на врската верувај дека не ви треба ,,другарка и седенки насамо на дечко ти со неа,,!
Штрумфетче, ти кажав што да правиш, така да држи се до тоа и ок ќе биде ..... немој да си напраила некоја грешка !!!!
Штрумфетке сум кажала мислам неколку пати, пак ќе кажам - со твојата љубомора ти нема да постигнеш тој да не те изневери, дури може и да ги забрзаш работите. Олади, опушти се, ти не го поседуваш него како што тој не те поседува тебе. Добро е што ти кажува и не крие од тебе кога е со другарки. Студентскиот живот е таков - дружење мора да има и не можеш да очекуваш и да бараш од него да се дружи само со машки. И ти ќе бидеш студент и ќе видиш сама, тогаш верувам ќе престанеш да бидеш љубоморна. Ако тој сака нешто да направи - ќе го направи без разлика дали ти си му рекла нешто, без разлика дали си ти љубоморна или не. Немој да си го измачуваш главчето со твои сценарија - по неговото однесување можеш да сфатиш дали тој те сака тебе, ако изневери - се покажува тоа порано или подоцна. Bottom line - љубомората е една тотално непотребна глупост. Секако дека не треба да бидеш и наивна и да дозволиш да те лаже и манипулира, но никако немој да си режираш филмови.
Веќе поминаа два месеци од кога раскинав со дечкото.. Излегувам секој викенд, на кафиња секој ден, со друштво, ама неможам да го заборавам. Вака се правам силна, и кога сум во друштво не мислам на него, но кога ќе останам сама неможам.. заспивам со помислата како дозволивме да дојдеме до тука.. Што е најлошо е тоа што ние често се гледаме, излегуваме заедно, имаме исто друштво.. А кога некој го гледаш секој ден, неможеш да го заборавиш Тој сега се мува со друга, и едни мои другарки го прашале што планира со неа и им рекол демек ништо, само му било за зафрканција, сега си играл со неа, и враќал за се тоа што се замарал порано.. Јас сум свесна дека многу го повредив и тој сеуште е лут на мене.. јас бев причината за раскинувањето. Тоа што мене ми треба е мислење од вас, дали имаме шанси повторно да почнеме од почеток или можеби тој веќе станал рамногушен на мене? Уште заборавив да напоменам, пред една-две недели излезе некој муабет дека јас сум имала дечко или муватор незнам што, а нема врска тоа, и тогаш тој многу се одалечи од мене, почна да се однесува грубо и всушност тогаш почна да се мува со таа. Но после јас им објаснив дека тоа нема врска... Дали мислите дека неговото однесување се сведуваше на љубомора или можеби веќе незаинтересираност...?
ако ги имаш оние години кој ти се на профилот, тогаш мислам дека треба да не се замараш. машките на таа возраст многу брзо се наврадуваат не го гледаат вистински проблемот и не знаат да го решат. најлесен начин за да преболат и т.н. да вратат е да најдат лесна особа(девојка) со која ќе прави се за да ти патиш поради фактот што кажа дека имате исто друштво. мој совет ти е да оставиш да се одалечиш и работите да се оладат. после извесен период ако навистина го сакаш пробајте да започнете од почеток. или навистина најди си друг па не е крај на светот, да се замараш. штом и ти си причината за раскинувањето значи навистина не ви штимало нешто во врската, така да преболи го и во потрага по нов
Како што ти кажа карак, во главно се согласувам со неа, само ќе надополнам нешто !!! Ние неможеме да ти кажеме дали има шанси да се смирите и дали он го прави она за да ти врати на тебе. Како што кажа ти си го повредила, ти си била крива за раскинувањето...од ова на него му е повредено егото, тоа ДЕФИНИТИВНО, и незнам дали може да напраиш ти нешто сега што он би ти простил и би се вратил со тебе, зашто на некој начин он сега се штити потсвесно со неговите постапки....Можеш да чекаш да се смири итн, ама искрено за твојве 17 години не вреди, верувај...Може сега така ти изгледа како да е крај на светот, но не е ехееее ќе почнеш на факултет ќе си мислиш леле колку сум била плитка, ќе се смееш сега на ова за што си се нервирала....затоа смири се психички, стабилизирај се и тргни си во потрага по нов дечко....тоа мислам најдобра опција ќе ти е за да го поминеш овој период....дури не ни мора да си фаќаш дечко, едноставно пробај да се релаксираш, да уживаш да се смириш психички е најважно, а другото ќе си дојде pozz
Ви благодарам на советите Најдобро е како што викате.. да оставам времето да го каже своето.. А на крајот на краиштата јас го повредив многу, така да има право да прави сега што сака..
Komentar -mislenje ve molam значи знам дека иам само 15 години и дека може да добијам коментари не се замарај многу со љубов ,мала си али стварно се нервирам и ми треба само ваше мислење... има еден дечко во школо 2 година..и со него требаше да се мувам али на крај ништо не искочи и секој си отиде на своја страна.. откако почнав да го игнорирам типот цело време фрлаше погледи и јас иако се праев дека не глеам другаркиве или ќе ми кажеа дека ме глеа или ќе ме натераа да се свртам.. Он доста пати онака доаѓал сме напраиле разговор со два три збора и толку беше....поминаа неколку месеци пројде зимски распуст..мислев дека е завршена таа приказна али очигледно не беше..Почнавме пак и се се врати по старо.. Иако сите ми кажале дека е женкар ја будала тогаш ептен трчкав по него и сеа кога он трча по мене јас нз како да реагираам..Не знам дали ме сваќате..и ми се свиѓа и го мразам..50:50 !! Другарка дознала од негов другар дека он се фатил за време на зимски распуст девојка и тоа мн ме изнервира и налути бидејки тој си игра, флертува со мене а има девојка.. Што е проблемот тука ?/ Истата другарка која ми кажа за девојката, излегуваше со другарму и тој и кажал дека иако идел (дечково) еден месец со девојкава не ја сака... Дојде девојчево ,се собравме поише другарки и она ме праша дали ако типов ме праша пак за мување дали би прифатила или би му лупнала корпа.. јас у тој момент прво што ми помина низ глава беше секако дека НЕЕЕ!! После целата драма секако не..али после 2-3 секунди почнав да се предомислувам..сепак нз.. Типот е женкар,глуп,сељак,има женска,и е пичка -ништо не може без другарму ,јас сепак не знаев,нешто ме мачеше.. дали да кажам не..?!!зашто не можев чисто одма без предомислување да кажам не..?Зашто!! Ваше мислење ????????
Komentar -mislenje ve molam hahahahaah ама ...ама..па... како да знам што да праам??како да се понашам??дали да го мразам или.. барем мала помош!!
Komentar -mislenje ve molam Што ти згрешил па да го мразиш? Тоа е премногу голем збор. Инаку, ти најдобро си знаеш дали ти се свиѓа или не, неможеме никој да ти каже "ти се свиѓа/не ти се свиѓа".Иако после сите овие навреди што ги нареди, не сфаќам што е проблемот, ако те нервира значи не ти се свиѓа.И што има чудно ако си фатил женска? Тие години се, сигурно нема тебе да те чека ако ти не му даваш никакви знаци дека и он ти се свиѓа. Мој совет е прво да расчистиш сама со себе дали ВООПШТО чувствуваш нешто за него или не
Мислам дека имаш право за сево ова али..... не знам повеќе како да објаснам...дали сум подвлијание на другарките (тие постојано ми велат нешто за него) или пак тој ми значи нешто...Се плашам дека ако му дадам шанса само ќе ме повреди како што ми направи првиот пат кога требаше да се муваме..
ВЕ ЗАМОЛУВАМ ЗА ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ИМАМ 22 ГОД, ПРЕД 4 - 5 РАСКИНАВ СО НЕГО , ЧОВЕКОТ ШТО МИЛСАМ ДЕКА МЕ УНИШТИ , ПАДНАВ НА ДНОТО, ПОЛЕКА ПОМИНА СЕ СЕГА СУМ ОК ИЗЛЕГУВАМ НЕ МИСЛАМ НА НЕГО НО СЕ ДО МОМЕНТОТ ПРЕД ДА СИ ЛЕГНАМ , ДОДЕКА ЗАСПИВАМ ЦЕЛО ВРЕМЕ МИСЛАМ НА НАС , А ЧЕСТО И ПЛАЧАМ ЗОШТО ?????? ЗОШТО ТАКА СЕ ИЗМАЧУВАМ СЕБЕСИ НЕ ЗНАМ ЗА НЕКОЈ ШТО НЕ ВРЕДИ ПОЗДРАВ
^ Затоа што си човек со чувства, и очигледно ти значел, независно од вашиот „неславен“ крај. Во вакви ситуации се’ што можеш од психичка гледна точка е да оставиш на времето, но и да си решена да го заборавиш. Ете, кога ќе почнеш да мислиш на него, пробај да се фокусираш на неговите маани, лошите моменти и кавги, а не да го доживуваш само како некој „светец“. И секако, излегувај со другар(к)ите, дружи се, едноставно социјализирај се, исполнувај го времето со активности колку што можеш повеќе. Ќе видиш, ако успееш во тоа, кога ќе легнуваш полека ќе почнеш да мислиш за сите интересни моменти од изминатиот ден и ќе ги потиснуваш несаканите спомени. Среќнo.
Девојки имам еден проблем и ми требаат ваши мислења. Дечко ми цело време си разменуваше лајкови на сликите на ФБ со едно девојче кое учи во училиштето во кое учеше и тој само е помала.Не можев да поднесам да ги гледам тие лајкови и коментари на профилот па ја избришав неа и го предупредив да намали малку бидејќи јас сеуште постојам, но тој цело време ме убедуваше дека таа го сметала само за другар (затоа што тој не верувал во другарство и никого не сметал за другар). Вчера додека седевме му го забележав парижникот во џеб и го прашав дали може да му чепкам во него бидејќи ми е интересно да разгледувам и тој ми дозволи.Внатре му беше личната карта а позади неа имаше некакви книгивчиња.Го прашав што се и рече карти за воз , ги извадив и забележав хартија и се познаваше дека има напишани букви, не ја зедов и го рпашав што е ова ми одговори писменце. Го отворив и видов дека е всушност од истото девојче за кое го предупредив, иако писмото немаше некаква љубовна содржина пишуваше ќе се видиме деновиве и те чекам после на мсн и беше целото изшарано со снегулки и долу имаше нацртано срценце.Мојата рекација се разбира беше бурна и сакав веднаш да си одам дома но велеше дека ништо не му значело дека он и дал учебник и она му го вратила заедно со писменцето внатре, и дека го ставил во паричник за да подоцна го фрли, но зошто воопшто го ставил во кесе? значи сакал да го има. Дали треба да се лутам? Дали сум во право или пак можеби треба да ја прифатам неговата приказна? Секое мислење е добредојдено.
Хммм... Јас од моја гледна точка би ти рекол само дека доколку нешто чувам во паричникот, кој го сметам за доста интимен предмет, покрај парите, би имал нешто што ми е особено драго или од драга личност(слика, писменце од девојка, билет од некој незаборавен настан...). А од друга страна, корпи има насекаде, почнувајќи од дома, па и по улиците. Или доколку сакал да го фрли, човекот навистина заборавил, или од некоја си причина не сака да го фрли. Не си изреагирала бурно, мислам дека сомнежот е оправдан. Твое е сега да бараш доколку тој не лаже дека не чувствува ништо кон неа, да ти го докаже тоа. Како? Сам нека открие.
Јас на твое место не би била многу рамнодушна, читајќи го ова што си го пишала, добив слика дека девојчето е заинтересирано за дечко ти, а тој ако те сака не би го ставал ливчето в паричник, не сакам да изгледа грубо ова што го пишувам и да те навредам ама мора да зборуваш со дечко ти, можеби ти е верен ама во поскоро време може и да те изневери. Мислам ако те сака доволно и ако ви е убаво во врска, нема што да се плетка толку со неа. Искрено, јас да видам во паричникот на дечко ми лист од друго девојче би се налутила(и тоа многу). Затоа најубаво е да разговарате убаво за подоцна да не ви се повторуваат вакви работи. Ти посакувам се најдобро!
Феминки... ве молам за помош Друагрка со која не сум толку многу блиска излезе со мојот бивши што сеуште го сакам... мене ми вели дека го нејќи а на другарки наши (заеднички) му признава дека го сака Јас него не можам да го заборавам веќе една година ... и се би дала да сум повторно со него... на другарками и се налутив прво не праевме муабет но по некое време решив да се смириме ... затоа што ако јас се скарав со неа поради тоа тој ќе се гордееше што се караме за него и ќе беше доказ дека сеуште го сакам Таа ми вели дека си пишат само што правиш... како си... а останатите другарки ми кажуваат дека се фалела дека се договарале да се видат Еве веќе 3 недели не излегувам на места каде што ќе го сретнам него... а посакувам да го видам да го плукнам во лице да му кажам дека е ѓубре... (а знам дека нема да можам) срцето ми се кине на 1000 парчиња... сакам да ме нема повеќе ... а во мала средина живееме каде што е неизбежно да се гледаме... каде и да одам се ме потсеќа на него, секое место ме потсеќа на некој случка заедно... неколку негови бивши (кои што биле пред мене) ми се да речиме другарки и немаат баш добро мислење за него... еднаш помислив дека е подобро тие да се во врска, затоа што тоа ќе и биди неа и казната ... (да биди со некој што нема чувства). Јас сеуште го сакам и тешко некогаш да го заборавамм... знам ... животот е пред мене имам само 15 години ... но тој мене ми е животот ... до денес сама себеси се лажев дека не го сакам повеќе но повеќе не можам да си го лажам срцево... живеам за да го видам, живеам за денот кога тој ќе ме сака, живеам за денот кога ќе види колку го сакам... Ве молам за советт ... не знам што да правам, почав главата од ѕид да ја чукамм
па нормално на твои години друго и не можеш да смислиш,ама ајде душичке откачи го ти него и не се замарај,животот тек почнува ,а ти немој вака да припаѓаш за некој -па не е крај на светот имаш само 15 :
Епа сега имаш две опции, да продолжиш да си ја чукаш главата во ѕид или да се разбудиш од филмот во кој што живееш и да си ја чукнеш малку главата што правиш. Девојче ти на 15 год се замараш со дечковци, бивши, другарки што ти знам и некој таков фраер што си го живее животот што ве врти сите другарки како сака ти го неркуваш твојот живот??? Ај освести се малку, ако уште сега се оптеретуваш со такви работи и животот го живееш само за него што да ти кажам што те чека понатака, верувај дека ова не е ништо! Ова не е прболем, ова е се во твојата глава, што си имаш увртено некој филм дека го сакаш којнае колку, дека неможеш без него и бла бла пубертетски маубети, еден ден ќе се смееш за ова. Излези и забавувај си се со другарките бре, уживај додека можеш, на 15 години ли се пати за некој мочко што си го игра к**от со вас ... Ама си го барате сами, на 15 год ти веќе си имала долга врска, бивши кој неможеш да го заборавиш една година, период кога треба само да се забавуваш и да си правиш што ти е по ќеиф и ништо помалце... епа така вие коа се залетувате уште на 12 год да имате врски, дечковци, па после неможам да го преболам, па нормално, најболно е да се обидуваш за заборавиш некого што мислиш дека го сакаш највеќе на свет и дека он ти е твојот живот во овие години. Затоа памет за друг пат, сеа ќе си продужиш ко ништо да не било, ќе излегуваш и забавуваш до несвест, ќе си се муваш наоколу, а за нов дечко не ни размислувај барем до 17че