Мислам.. фала богу дека е најмногу виновен дечкото ама еве конкретно членкава дека нема никаква вина мало сутра. И не само членката, било која ако се најде во ваква ситуација треба и она да си сноси вина, не колку партнерот што изневерува ама, сепак е виновна поготово ако знае дека дечкото е во врска.
Da, ama sepak on reshil da ja izneveri devojkata ako ne so ovaa, so druga devojka, zatoa najmnogu e vinoven
Секако дека нема да мисли, ете гледаме не се ни замараат па затоа и се доведуваат во вакви ситуации. Некои ако имаат грам совест нема да дозволат да бидат дел од ваков триаголник. Ама тоа што на втората не и чуе, не значи дека и од страна ќе добие поддршка за тоа што го прави.
Ја би сите да се искрени со партнерите, ама не се. И нема да си скратам задоволство, оти некој сакал да живее во врска полна со лаги.
Не очекувам, ама не оправдувам. Не е жртва како што некои ја претставија, свесно одлучила да биде втора, а тоа си носи последици.
Да. Ќе има последици, ако се затреска, или ако е случај како на Јуноу, со некој прсихопат... Ако е за ќеф, последиците ќе бидат врз лажгото.
Па добро никој не може да ти забрани нити со ланци да си ги врзат мажите дома, само јас ако сум девојка/жена на дечко/сопруг што изневерува ќе ги обвинам и двајцата (стоката од маж повеќе) ама нема ни да имам емпатија према љубовницата.
Она што е најтрагично е тоа што членкава не сака да стави крај на врската. Се надева дека ќе го смени неговото посесивно однесување, и притоа ги игнорира сите совети кои и ги дадовте. Понекогаш треба да се "изгориме" за да ја сфатиме грешката за жал. Само да не е некој психопат човеков.
Во нејзиниот случај, последиците ќе бидат само врз неа ако не прекине. Затоа што веќе почнал да си зема поголем замав.
За случајов, да. Реков веќе. И да не е во врска, тоа што е посесивен е доволен знак дека не треба да се биде со таков.
Ако знае дека дотичниот е во љубовен однос со друга жена, може да испадне the bigger person и да одбие. Ако не знае, ако ја лажел дека е сигнл е друга прича мада у 2020 се' се дознава.
За мешање во туѓа врска, каде што не и е местото. Некогаш не треба некој да ни посочи каде не треба да се пикаме. Што и ветил? Сигурно не направиле договор за врска.
Па добро во тоа е разликата. Има луѓе што не би дозволиле да изневерат нити да учествуваат во неверство и такви што не се секираат во двата случаи. И ова вака ќе си остане, не дека со коментариве ќе се смени човештвото, него мислење си изнесувам за ситуацииве
Не е за секирањето толку колку што ми е без врска поради мене да биде повредена некоја друга. Свесно не би се впуштила во таква врска.