Дека ја сака, дека нема да ја лажи и изневерува, дека ќе биде тука за нејзе.. Од кај знам кој што се' ветувал на некоја. За после да го прегази сето тоа и да отиде со друга. Епа извини, ама во таков случај, мене тој ќе ми биде крив, и само тој. Таа другата ништо не ми должи. Тој ми должи.
Па има, не се споредувај себе со останатите луѓе кои немаат таков однос со нивните партнери. Зашо на све само враќаш ЕВЕ КАЈ МЕНЕ НЕ Е ТАКА. Ок, не е кај тебе, арно ама кај голем процент од останатите луѓе - е. Не значи де. И јас немам слика ставено со дечко ми па еве заедно сме, се сакаме. Ама да си во брак со некој, да имаш слики објавено, и од еднаш да ги тргнеш, да ги сокриеш па не ме јеби дека нема мажот да си рече дека нешто не штима и нема да се запраша зошто си ги избришала сите слики со него. А тоа и беше муабетот што го кажуваше членот како потенцијален „знак“ за неверство.
Зошто им дозволувате да ви се мешаат во приватни одлуки? Што ако ти е партнер. Профилот е твој, само твој, и ничиј друг.
Ааа... занчи може да ти вели дека те сака, притоа да те лажи и изневерува, и после, тој е тамам, ама 'таа другата' е крива за се'. Еее... колку бракови и врски знам што се потпираат на вакво размислување. Нејзе ќе ја обвини, него ќе му прости. “Пошто тој малоумен е, не знае што прави.. онаа 'вештицата го излагала', златен тој.“ Тра-ла-ла, тра-ла-ла, сама си го барала.
E toa ne znam ja, ne me ni interesira Ama toj shto izneveruva e vinoven Ako ti go izneverish dechko ti, ti si vinovna, ne tipot so koj si go izneverila Zatoa shto ovoj shto e vo vrskA znae deka e vo vrska i znae shto pravi, ne e maloumen
Најдебилно нешто е кога ќе почнете озбилна врска и одма партнерот/ката ќе почне да напиња да сте си кажеле пасворди од профилите на социјалните мрежи за да се ``проверите `` колку сте биле искрени и какво минато сте имале. Ни мене ме интересира нејзиното минато (освен ако нема досие и не е криминалец) исто и нејзе не треба да ја интересира моето,нормално некој општи работи како круг на движење и горенаведениве услови чисто за безбедност.
Не само тоа, него виде: Да ми каже тој мене, дали да пишам дека сум во врска, или не, на мојот профил на социјалните мрежи бе?? Мислам... ај нека земи и гаќи нека ми одбира, оти јас сум 'неспособна' сама да одлучам.
Како сфати те молам објасни ми дека дозволувам на некој да се меша во мои приватни одлуки? Очигледно читаш само тоа што ти одговара. Па уште сакала да дебатира. Ова не е дебата
Без разлика машко-женско, колку сака партнерот нека става селфиња, нека објавува дати од заеднички јубилеи , нека пишува сатуси , џабе ако во себе си имаме некое чуство дека тој/таа емотивно не не ни е посветен/а 100% и имаме сомнеж дека ``шара``.
А што го измеша сега ова со тоа што го пишував? И тоа што уствари беше поентата на првиот пост на овој разговор? Да дојде некоја тука да се пожали дека маж и ги избришал сите слики од кај него од профил со неа и дека сумња дека можеби ја вара, ти ќе и пишеш остај го, негов профил е што сака ќе праи со него? Што имаш да му кажуваш ти на него да става или да брише слики?
Смешно е да се објаснувам кога ништо од горенаведеното не било напишано од моја страна. Дечкото што изневерува е виновен. Таа што свесно се меша во туѓа врска, исто така. Ако мојот дечко ме изневери, јас ќе расчистам со него, а не со неа. Ама сигурно нема да ја жалам кутрата девојка која свесно се вмешала. Делот што си го цитирала, поентата ми беше дека никој не "ветува" затоа што се подразбира..или би требало да се подразбира.
Па... како поинаку? Јас 'го чистам' профилот еднаш на година и бришам и постови и слики. Бришењето на сликите, само по себе не значи дека нешто лажи. За шо да ја 'жалиш'? Сама си одбрала.
Хипотетички, да имам жена, а познавајќи се себе си, би ја прашал зошто не споделува за нејзиниот статус дека е сеа мажена, пошто ако земиме во предвид еве да речеме просечен фејсбук корисник колку толку си го апдејтира фејсбукот.
Da, ama toj ako tolku si ja saka i pochituva partnerkata nema ni na kraj pamet da mu padne da i dade shansa i na vtorava
Епа нема врска тоа со отворен/затворен брак. Со искреноста има врска, нели? Каква врска има 'самопочит'? На некои им одговара да имаат врска без обврска.