Знаеш колку ветуваат и лажат? Огромен процент. Во неверство колку тој, толку и таа е виновна особено ако знае дека тој има девојка/сопруга. А и незнаењето на тоа не ја амнестира од одговорност, дека во денешно време да си нојот со главата во земја е според мене несфатливо. Значи да не знаеш дека тој има сериозна врска/ брак во време на интернет ера и можности и комуникации ми е рамно на нешто несфатливо/ неверојатно.
Ова не би требало да дојде до прашање и до потавување некои си граници демек нарушуваме на приватност. Бар јас сум искрен отворен секогаш и неам проблем... ни дури да споделам нешто вакво, веројатно тешко. Сега ми се има случено да ми пишува девојчиња, онака лабаво, ама откако ќе ме прашаат дали сум слободен или не, нормално им кажувам дека не сум ги снемува. Зошто е тоа така? Затоа што сеуште немам објавено на фб дека сум во врска, поради неа, затоа што таа така сака. По тоа си се водам јас. Не ми е криво ако губам "зицери".
Врска без обврска можам да имам со некој кој е слободен. Логично, ако се плеткам во туѓа врска, ќе имам обврска да се кријам и слично, да не набројувам. Ако имам самопочит, нема да си дозволам некој друг да ми диктира според неговите "обврски".
Де бе луѓе. Девојката не е крива што типот е швалериште, а и не сноси одговорност кон девојката што е изневерена. Крива е што се впушта во таква врска и сама на себе си праи проблеми. Па уште и "не знам зошто е уште во врска а сака да ме контролира" ко да чека одговор дека можеби дечкото е заљубен во неа. Не знам зошто е некој толку слеп да не увиди 1. Дека си има работа со психопат 2. Дека никогаш нема да е во среќна врска со некој што неќе ни да се посвети само на неа.
Тоа е проблемот, всушност. Фали искреност во врските и браковите. За да ја задржат илузија на 'успешна' врска/брак, луѓето ја жртвуваат искреноста.
Јас би ракла за да ја задржат илузијата на врска/ брак општо прикриваат. А еве и да се искрени што фајде? Кога студирав имав врска со еден, ама немав толку време да излагам како он што имаше и киснеше со мешано друштво. И една вечер типов ми вика знаеш во друштвово имам еден пријател и девојка му студира на тежок факултет ко тебе и не излегува често и он си има друга и така. И јас сакам така. Мислам што фајде од ваква искреност. Додуша мене ми олесна видов со какво копито си имам работа
На паметниот му беше финтата излагај со мене почесто, ако не ќе најдам друга. Можел он со друга, да некоја од порничите. Машките кај нас се преценуваат, мислат секоја е таква да сака и чека на ред да е втора
Ептен имаш фајде. Поарно да ти кажи, отколку да те лажи, а ти наивно да продолжиш во врска со него, иако не сакаш полигамна врска. Вака, барем знаеш на што си и можеш да донесеш одлука, дали сакаш да си во таква врска, или не.
Повеќе му беше финтата види колку јак маж сум, ако ти не ме дружиш почесто еве на ред чекаат да се втори во врскава. Сам ако не се испофалиш нема кој друг Како и да е ова беше во времето пред Христа, само го спомнав како пример какви ''искрени'' копита шетаат. Толку искрени се кога им раскинуваш се чудат зошто?
Види вака да бидеме сурово искрени и реални нема маж на кој ако според негови критериуми не му обрнуваш внимание во мера во која тој ја планира или очекува да не помисли на ова. Значи нема. Е колку ќе смотаат некоја да им е втора и да ја лажат како девојкава дека со тек на време ќе се среди да седи мирна и да не се допишува со други тоа е комплетно нова тема. Многу сакаат, а за ништо не ги бива па зачинуваат со лаги или голема искреност, па ќе истресат нешто доволно јако да им мавнеш корпа па после плачат наоколу како ти не чиниш. Од таквите косава ми обелела Не буквално, така е зборот
Темата на муабет ако добро ја следев беше таа имала објавено дека е во врска/брак и по неко време избришала се од дечкото/ сопругот. Зошто таква промена?
Колку треба да се мразиш себе си да си дозволиш вакво нешто? Колку ти е ниска самопочитта? 1. Ти си втора виолина, онаа што се крие како некоја одвратна тајна. 2. Си дозволила некој 3 пати што си го видела да ти се кур*и со закани и да те контролира? И да е слободен, ваква контрола, закани и куропецања не смееш да дпзволуваш. Ќе ти менува он број сега, па ќе ти ја ограничи комуникацијата, па ќе те изолира. Втора работа. Не дека ти треба да му ја мислиш девојка му, он ја вара и он е тука крив ама мајку му стара, свесна си дека е зафатен и ете викаш нема да ја остави. У кој филм си ти сеа? Еве и да го тераме филмот дека ќе ја остави, ти што мислиш, утре нема истото да ти го направи тебе? Не ми е јасно како паѓате на вакви типови, па тие се најголеми гнаси. Па уште преродена била И не не е он љубоморен туку само те манипулира. За љубомора да настане, треба прво да постои емоција. А рие муабети си ја запечатила судбината и сл...немој да се чудиш ако прераснат во агресивност. Ти имаш огромни red flags.
Ова ако е вистински профил со вистинска личност во вистинска ситуација и проблем кој вистински го доживува, можеби треба да си се запраша и расчисти за следниве прашања: дали и се допаѓа и сака да ризикува да биде на "список на чекање" кај дечкото за ако не му оди со постојната девојка, има шанси да се префрли кај неа? околу сето колебање за ситуацијата, дали свесно или потсвесно се крие кај неа желба да биде не само со дечкото, туку и со првата девојка, т.е. да бидат врска ТРОЈКА, да се сите заедно во сите смисли на зборот, и јавно и приватно? (инспирациите за ова ми се од мојот омилен филм на Вуди Ален - Вики и Кристина во Барселона, како и една вест во медиумите за во Македонија пред долги години кога имаше случај на меѓусебна тепачка на 1 машко и 3 женски при групен секс)
@Youknow тоа што те сака само за себе, и уште не сте ни почнале ништо озбилно т.е уште не се ни знаете доволно кажува за неговиот карактер и за него како личност. Личност која нема доверба сега во тебе нема да има никогаш, и тоа нема да се смени особено не ако правиш како што ќе ти каже уште повеќе ќе биде сомничав. Си се запрашала ли ако навистина му е убаво со тебе зашто не ја остави девојка му и се фати со тебе, ако навистина има некој обострани чувства? Мене ова ми изгледа дека дечкото сака да седи на две столчиња и да му е убаво така некое време после ако го откачиш ти да биде со неа, или евентуално ако го откачи она да биде со тебе. Сега сте се виделе три пати викаш, ќе се гледате уште некое време и после ќе почне да инсистира за секс и само за тоа ќе те користи. Не викам дека не е убаво тоа, ако и ти се сложуваш да бидеш со него како втора опција кога девојка му ќе го откачи океј е. Мој совет ти е веднаш да прекинеш секаков конкакт со тој дечко, за да не бидеш разочарана и повредена.
Luge,ne sum trol prvo so sigurnost i pustiv nekoi razgovori na wild eve i na rabota sum vo momentot i najdov vreme da pisam. Mi se javi sega i mi rece deka za dva i pol sati otpilika ke dojdi da me zemi zosto bevme unapred za toa dogovoreni i mu rekov dobro.. Za odnosi sto mi pisa clenkata pogore, veke sme imale, kakva ke bide situacijata ke vi pisam iljada prasalnici mi se vrtat ne ni znam so da prasam ni da kazam
Еден ден може и ти ќе си на местото на изневерената, тогаш ќе осетиш на своја кожа како е. Нула емпатија, а за него па не ни сакам да зборувам. Боли за себе, боли за свој ама кога сме дел од причинувањето на болка на непознат, најлесно е нели? Ама ако, како рекле, сè се враќа, сè се плаќа.