Почнавте да претерувате. Нема потреба од секакви навреди. Ако упорно оди со главата во ѕид нека оди, сама ќе е виновна. Не е во ред да навредувате.
Што викаш може и тоа да се случи...секакви ги има. Замисли и да отидат без девојка му и таа дознае на некој начин. Хахаххха интересно ќе биде. Не ми се верува дека ова девојка може да го направи, ајде да почека да виде со тек на време дали ќе биде со нејзе или не, па да има нешто со него, таа се затепала да оди. Па само тој ли е бре, па уште да ми се заканува да не се дружам со никого и да ми менува број...има да го килнам јас...одма на фрлање тоа бре.
Имаше едно време пред неколку години се зборуваше за девојка која отишла на одмор со дечко и кратко од кога го запознала, со години после тоа никој ништо не ја видел и не слушнал за неа. За накрајот да биде пронајдена после долго време при рација на српската полиција во некој павиљон или бордел издрогирана ја продавале за пари.
Јас ги знам овие работи, другарка моја работеше со ваква проблематика, за човекови права се имам изнаслушано ехееее, и велам дај Боже ништо од ова да не и се случи. Пак е огормен ризик да оди со непознат на одмор тие заедно во една соба 24/7.
@Youknow Со оглед на ова се надевам дека си играш играчки на форумов и не си стварно до толку наивна, уште за спб или бебе си. Ако не, свести се со време. Добро, колку години имаш? Те знае некој кај одиш, со кого одиш? Сериозно прашувам, доколку си сериозна со муабетов, а ми личи како да не си.
Јас гледам на повеќево теми што се за совети, џабе сите се трудиме и делиме совети, кога они веќе сами имаат одлучено за се, и со глава во ѕид одат упорно, дури и се контраат тука.
Па затоа отиде,ќе остане трудна па ќе и рече да се чисти. Боже какви станале некои девојки за маж и душата ќе си ја продадат. Едит: Во Албанија се.
Паметна е женската. Си фаќаш зафатен дечко ти свршува внатре. Остануваш трудна. Он женска му ќе ја остави ќе си ја фати оваа за озбилно. И ќе си живеат среќни до крајот на животот. Е сеа женската што ќе падне у депресија не е битно.
Штом типот си го брца во неа сега,место у женска му. Вторава ако остане трудна ќе си го брца он у трета ама никој нема да знае. И така цел живот. Абе сами си прават се. Сега ќе дојде ќе рече “ја си уживам,вие се замарате, љубоморите...” Абе сигурно.
Нема да ја остави. Ќе си живеат среќно заедно. Тука у право си. И јас и го кажав истото погоре. Ама не ме ни прочита женската. Лаже..
Барем да внимава да не остане трудна ако ништо друго, чим свршил во неа и без кондоми плус имала секс со човек што го знае два неколку за спб да не ни зборувам.
Со сила можеш да земеш, не да дадеш. Освен пукање сеир не вреди да се трошат зборови на некој за кој страници се изнапишаа и она два саата после тоа отиде да се е*е без заштита со истиот типац. Гнасно е мал збор. Само девојка му ја жалам, којзнае како ја манипулира.
Оваа е истата таа што пред некое време пишуваше за дечко што се гледала и имал женски манири, ако се сеќавате. Се сончал на тераса и не знаеше како да го одбегне, да го отргне од нејзе. На друг пост исто овде се гледала со некој дечко што се знаеле 4-5 години ама ништо не било сериозно и не знаела што да прави. Сега со овој само трипати се видела и зафатен плус, не знам што да кажам...