Првите 2 години некако имавме страст и јас бев доминантна, после тоа на друго поле се погодивме, ама сега е ептен лошо
А така, значи тебе ти фали страста и доживуваш некоја монотонија во врската, епа има чаре и за тоа, ако навистина го сакаш. И кога сте 5 год. заедно нема што да се воздржуваш да му кажеш за ова што те мачи, независно како ќе го доживее тоа на тема его. Долго сте заедно, баш и добро е да сте отворени на тема секс за се. Експериментирајте повеќе, рол плеј малку. Договорете се да излезете некаде и да се преправате дека само што сте се запознале, набавете и секси играчки ако тоа би ви помогнало за подобар и подолг секс. Ама прво треба да му кажеш што ти пречи, што сакаш за да увидиш дали и тој сака да ти удоволи и да те задоволи како што ти посакуваш и очекуваш. Ако му е гајле епа знаеш што следно.
Толерантна ако бил само тој во тие 5 години. @nikibi Извини вака, не беше ти таа што требаше да бира пред една година помеѓу овој дечко и некој друг со кој си имала секс? Или уште се двоумиш Како успевате во рок од 1 година да одите со дечко 1 година а со друг 5 I'm confused
Тоа е друга работа, ако имаш некој совет кажи а ако немаш почни си живот не се прај детектив на форумов
Еј па и ти како, во Америка тераат во паралелни бракови со години што е па врска. Ама па кај нас да успееш да скриеш паралелни врски е тоа е талент, не го може секој/а
Абе не ми е ич дојдено до твојот живот, бараш совет, биди реална, анонимен форум е. Супер е сè, само сексот не чини и на сите мажи да им ги сечат
Добро штом така кажуваш, нема ништо лошо и со двајцата во исто време да си била, на таков лош секс за 3 мин. и чудо е како си му била верна цело време, ама ти си знаеш најдобро за себе. Јас ти пишав би разговарала со него за овој проблем и ако сака да промени нешто добро, ако не нека тера со друга за 3 мин.
Може има поголем проблем позади таа себичност и незаинтересираност. Вие најдобро си знаете што се случило во тие 5 години и тие 6 месеци кога не сте биле заедно. Ако сте се повредиле еден со друг, или останало нешто нерешено, може и таму треба да се бара основата за сето ова. Секако, доколку двајцата сакате да го надминете проблемот.
Немало ништо лошо Ако на некој нешто не му чини во врската, без разлика дали тоа е сексот или нешто друго, единствено исправно решение е да му раскине, ако сака да има нешто со некој друг. А не да го изневерува.
Не го изневерив, бевме разделени 6 месеци после тоа се смиривме пак. Не знам ова каква врска има со моето прашање Али ок.
А што те држи до него кога сексуалноа не те привлекува повеќе и го одбегнуваш. Ќе ти ствара само нервоза, фрустрација и големи се шансите често да се започнуваат расправии.
Здраво женски. Профилов го направив специјално за проблемчево.Јас си имам голема мака. Си се гледаме со еден тип онака чил лабаво, и типот толку добро успеа да ми ги симне ѕвездите и да ми го направи филмот. И сега проблемот е следен, јас имам 23 години и ја чував невиноста не сум уште скината, а осеќам голема желба да пробам и ме фаќа многу мерак. Со типов знам на шо сум, иако вели дека сака сериозно, воопшто не е така, се гледаме на 2 недели еднаш, веќе оладува ретко ме бара, знам дека испаѓа и со други девојки, со многу комуницира. Е сега, јас сум таков тип шо сакам у животот се да пробам, прашањето е како би постапиле вие иако 23 години не сте направиле ништо, дали би се препуштиле на ризик со ваков човек или би сакале нешто посериозно. Јас потполно се осеќам спремна за секс, не знам дали сум сигурна дека сакам со овој човек или општо варира желбата и мислата за секс. Он има 26 години, океј се понаша кога сме заедно ама ништо фазла од тоа нема да има, најверојатно. До сега имаме излезено 4 пати, има хемија голема меѓу нас, се палам кога сум со него али некако се кочам. Само се плашам да не се приврзам со него ако го имам првиот однос со него па да треба да сечам вени.
Мислам дека не си спремна за секс. Дечкото очигледно сака само секс, да бил заинтересиран за тебе би комуницирале повеќе и би се трудел да те запознае повеќе. Ако си свесна дека ќе се затрескаш по него, не си ставај трн у здрава нога.
Свесна сум дека се големи шансите да се залетам, исто свесна сум дека и најверојатно ништо сериозно нема да испадне од нас, ама пак осесќам и желба за секс. Не знам дали вреди да ризикувам или уште малце да го почекам принцот на бел коњ.
Никој не може да знае повеќе од тебе, ако имаш потреба од секс направи го тоа, крај краева не мора да биде со него, барем денес има секакви toys.
Како прво (не ме сфаќај лошо) не си ќеса да се скинеш. Многу се нервирам кога се користи овој термин, имајте малку самопочит. Доволно е да кажиш дека не си имала односи до сега. Второ, НЕ! Сте излегле 4 пати, и успеал да ти симне ѕвезди? Да сечеш вени? Те молам кажи ми дека не си озбилна со муабетов и дека навистина си 23 години (1 год сум постара од тебе). Океј е да си немала односи до сега, и океј е да сакаш. Ама дали сакаш да имаш прв пат со некој што можеби претходната вечер имал со некоја друга? И што можеби ќе те шутне - што е многу веројатно. Контролирај си ги страстите и чувствата. Ќе ти биде убаво пола саат, и ќе плачеш после. По кажувањево, не ми изгледа дека е некој зрел и дека знае што сака. Твое си е да одлучиш, но јас да знам дека личноста со која се гледам се гледа и со други во исто време, ќе го откачам уште веднаш.
Па не мора првиот однос да го имаш со потенцијален сопруг, и јас таков филм имав на 17 год првиот пат да ми биде на море, со ружи и свеќи, па така беше имавме долга врска и не испадна ништо. Ако те пали, спремна си за секс, тогаш зошто да не? Не му даваш само ти, туку и тој тебе, тоа е заедничко задоволство. Ти си знаеш најдобро. А ако мислиш дека ќе се затрескаш во типов, тогаш подобро е да не се гледате ни лавабо, страстите нема да можеш да си го контролираш секој пат, верувај.