Го читам се ова и можам да заклучам дека не си спремна за секс, туку само желбата да ''се скинеш'' ти е на нивоу. Зошто толку потценувачки пишувате за тоа и се ставате во подредена позиција, он да те скинел, а типов комуницирал со многу други во исто време? И не, не е до годините за потребата за секс за прв пат, треба да се чувствуваш сакана, пожелна, разбрана, прифатена од него за да си 100% сигурна дека сакаш да го направиш тоа. Јас на твое место со овој не би продолжила ни муабет, а камо ли за секс. Ама ако сакаш конкретно тој дечко да ти е прв слободно, твое право на избор, ама не очекувај дека по тоа ќе продолжи да ти симнува ѕвезди. Поверојатно сценарио е да си го нахрани егото со тоа што ти е прв и да не се ни потруди да се опуштиш и уживаш како што тоа би се потрудил некој на кој му значиш ти, твојата љубов и твоето задоволство од сексуалниот чин заедно.
Ако планираш да сечеш вени после, ич не кини се. Не си спремна. Гарант после ќе бараш совети да му направиш магија со капки од крвта за да го вратиш... Бог да чува шо нема...
А зашто си го замислувате сексот дека мора да биде романтичен, со вистинскиот, па со тој да останеш до крајот на животот... Абе оди заврши си работа, уживај, задоволи се. Не ти треба типот да е добар, ти треба да е добар во кревет. Замисли првпат да имаш со некој неискусен што не знае да те задоволи и ќе мислиш дека тоа е секс. Нема да посакаш веќе. Ех, да имаше мене некој ова да ми го каже и стварно да го најдев вистинскиот за секс немаше да изгубам толку години за нешто што мислев дека е секс. Па уште вени да сечам хаха, не зезај.
Јас не знам личност која уживала првиот пат. Јас го доживеав како во хорор филм и тоа со личност која ме сакаше и ја сакав. Тоа само на филмови може да се долови, па демек и уживаат, а всушност ти иде да се убиеш. Дури не му се ни јавував после, затоа што мислев дека секој пат ќе боли. За што се чуваш, имаш 23 години. За што треба да бидеш спремна? Општа биологија. Има еден цитат од American Pie...It's not a space shuttle launch, it's sex. Така да, you go girl. Ич да не му ја мислиш. Голема работа после и да те откачи, направи си кеиф.
Ај на 16 години такви размислувања, што не го оправдувам, бидејќи се деца сеуште. Ама на 23 години, за што ја чуваат, за зимница. Мислам дека кај нас повеќе владее стравот да не те класифицираат како лесна, ороспија итн. А сите барем еднаш не нарекле така директно или индиректно. Во нашава држава и да немаш секс си лесна и да имаш исто си лесна. Што сака нека се збори, битно кеиф ќе си направам. Која е поентата на сето тоа?!?!
Се шалев за сечењето вени, мислев да не се заљубам па да ми е тешко. Не мислев да сечам вени оти сум се скинала, ваљда многу лошо ме разбра.
Јас ств не се замарам дали некој ке ме озборува, дали он ќе си мисли леле од 5то испаѓање имавме секс. Мене ми е пречката да не испаднам повредена на крај, и дане се каам, оти како што кажав типот не е сериозен, пред една година испадна од сериозна врска. Ама па стварно не можам појке да се чувам.
Сексот нема да те натера некој повеќе да го засакаш, до степен толку да се затрескаш во некој. Може само да ти ги отвори чакрите и хоризонтите.
Види, не е ич филозофија сексот. Ко ќе пробаш ќе видиш. Според мене, детево и со секс и без секс можи да те повреди оти е несериозен со тебе. Не за вени сечење, надежно. Ако ти е толку битно да пробаш, да видиш како е, ако не ти смета фактот што најверојатно не е заљубен тој во тебе, ако немаш некој замисли како првиот пат треба да е посебен, бла бла бла, само напред, напрај со него. Ама ако не ти е баш сеедно, почекај си некој што ќе е во врска со тебе, што ќе биди тука и после самиот чин, да те утеши или да те смири ако си уплашена после то. Како да кажам, вакви како него, час ги има, час ги нема... Ич не сум да е првиот пат со некој ваков
Тоа дека имаш 23 и си невина нема никаква врска. Секој за себе си знае кога е спремен, тогаш ќе го направи, не е работата за чување и не значи дека треба со првиот на пат шо ќе го најдиш да се појди, ако се смета тоа "чување". Ако сакаш да имаш само секс имај си слободно. Само ако беше спремна немаше ни да пишиш тука и да прашуваш за совет. И прв пат нема воопшто да уживаш, не е како на филм ни малку. Твој избор е, ако сакаш толку имај, не е крај на свет. Само мислам дека после ти ќе бидиш повредена, веќе си залетана по дечкото, а тој се познава дека не сака ништо сериозно и сама кажа дека можи се гледа со други. Одлуката е твој.
Тебе проблемот не ти е воопшто ниту дечкото, ниту дали ќе бидеш повредена, туку главниот проблем ти е што мислиш "лелее 23 години имам, а уште сум немала секс" и тоа го кажуваш токму тука во последната реченица. Ама не е ништо ниту страшно, ниту срамно во тоа и не треба да ти прави комплекс невиноста секој сам си знае кога е навистина подготвен за да го направи првиот чекор. Мое мислење е да си почекаш уште малце и тоа да го направиш со некој друг дечко, од коишто навистина ќе бидеш почитувана и главна цел нема да му е сексот, бидејќи да беше спремна и сигурна дека сакаш секс со овој воопшто немаше да мислиш што и како ќе биде од после. Сексот нема да те натера ниту да се заљубиш, ниту да леташ во облаци, ниту па нешто посебно ќе ти се смени во животот и со овој да ја изгубиш невиноста. Одлуката си е твоја.
Не драга, баш напротив најголемиот проблем ми е што ако се заљубам, ако ме откачи потоа, ако ме искористи. Ама па од страна гледано и јас би имала корист. Воопшто не ме плаши нит болка, нит дали е вистинскиот туку само фактот да не се заакам ради тоа дека прв.
Нема што да те плаши тоа кога вие и онака се гледате само лабаво и чил ко што кажа, и дечкото после тоа нема обврска спрема тебе да влегува во врска или доколку се заљубиш да ти возврати на љубовта. И тоа е толку банално и распространето мислење демек оти ми е прв ќе се заљубам, никој не се заљубува после сексот, тоа може само на филм така а во реалноста чувства се јавуваат од сосема други причини, а не поради сексот.
Не знам κолκу ќе ти κористи но, мене мајκа ми κога ме прашува дали сум имала сеκс до сега аκо и одговорам со "да, имав" паκ, ме прашува...аκо и одговорам со "не, немав" паκ ме прашува, исто таκа. Што да се прави κога ние женсκите сме презахтевни во сеκсот...
Не знам девојки каква одлука би направила. Осеќам љубомора оти лајкнува на други, на бивши девојки, знам 2-3 познанички на кои што им пишува. Ме копка одвнатре шо прави, каде е, ми фали да го видам, да го гушнам, ми фали неговото внимание шо ми го посветуваше а веќе не ми го посветува. Мислам дека ако имам секс со него, ќе очекувам многу повеќе, нема да сакам да сме само на секс, ќе барам внимание, почит и љубов. А не сум сигурна дали и колку ќе ги добијам. Мислам дека одреден период најдобро да прекинам секаков контакт, да не му пишувам прва, да видам како ќе се одвива ситуацијата и потоа да одлучам. Јас од 5 гледања со него се залетав и ми се разбудија чувства кон него, ај да бев 17-18 год ок, ама имам 23. Мислам дека не вреди, ради тоа шо сум многу пребирлива, имам критериуми кои шо ги барам. А и он 9-10 месеци како шо е скаран со бившата, ништо чудно уше да осеќа кон неа нешто.
Ако сакаш првиот пат да ти биде посебен и да не ти биде кошмар понатака во животот немој да имаш сега со овој. Вакви има на секој чекор. Земи пиши на 10 момци гарантирам дека никој нема да те одбие. Имај со некој иден дечко кога ќе бидеш во врска зашто стварно треба страст и да ти биде близок да се опуштиш. Ако те фати паника или болка или се предомисли, да прекине и да те утеши. Ако си девојка која е далеку од емотивец ич не се мисли, само немој специјално да се спремаш туку нека биде спонтано кога ќе осетиш дека е моментот.
Немој со овој. Ти мислиш дека со секс ќе му станеш поблиска ама не. Којзнае со уште колку има. Ќе се разочараш и после он ќе ти биде крив, а не е.