Не реков дека треба ти или некој друг член да знае, побарав мислење како останатите членки би постапиле.
Нема потреба од филозофии. Имај секс кога ќе си подготвена, не само ради реда. Мојот прв секс беше со бившиот па ете ме, жива сум.
@nikibi убаво ти кажа били, со тој толку. Очигледно е дека е себичен, и за толку долго време чим не се потрудил ништо да научи ба ни орално да иде левел ап, тоа ти го праи ради реда. Ја да сум на твое место не трпам толку. Никој не е единствен и незаменлив, тоа да не те плаши дека нема да најдеш некој исто компатибилен. Ако си на пауза од врска, иди со некој друг, ако имаш фак френд или One Night Stand, види што ти фали, и дали треба да раскинеш или продолжиш.
Заедно сме 3 години, на почетокот се беше добро, но со текот на времето се се смени. Прво виде дека една другарка ми прати слика од бившиот, се налути и ме оддели од таа другарка. Кога излегувам од дома морам да му кажам, имам 2 другарки не ми правеше проблем да се гледам со нив, сега и тоа почна, му пречеле не ги сакал и не сакал да ме гледа во нивна близина. За најмал детал знае да се испокара со мене, јас немам право да се карам со него, затоа што секогаш излегувам крива јас на крајот. Кога излезам од дома со мајка, брат, другарка... не вели ништо но при прва расправија ми вели којзнае со кого си била, што си правела.. Многупати му ги имам кажувано овие работи, секогаш ветува дека ќе се промени, но безуспешно. Ова се случува само кога е нервозен, инаку вака е супер се. Имам 19 год, немам блиски пријатели, тој ми е најблиската личност, навистина не знам што да правам понатаму.
Само кога е нервозен, инаку е супер? Дечкото е далеку од супер, класичен манипулатор и психопат. Ќе те оддели од сите, веќе и успеал, за на крај да останеш само со него. Оти не дај Боже кога излегуваш со мајка или другарка, кој знае кој ќе ти дојде, ќе направиш нешто со него. Бегај девојче, млада си. Ќе најдеш и подобар и други другарки ако си изгубила контакт со овие поради него. Нема подобрување тука, тој не се менува. Послушај, бев со таков, без нерви останав.
Па затоа и немаш блиски пријатели. Затоа што тој не сака да ги имаш. На 19 години те повлекува од светот. Ти докажува колку е себично љубоморен и опсесивен. Никогаш нема да бидеш среќна. Во иднина замисли се како жена која ќе биде цел ден дома и ќе се моли мажот еднаш во три месеци да ја прошета. Не е до нервозата, до него е. Одалечи се. Не се теши дека те сака затоа што не е така.
Типот е опседнат со тебе и мисли дека те поседува само затоа што си му девојка. Бегај од таков болно опсесивен тип, нема да се покаеш никогаш што си се тргнала од таков верувај. Не можеш да ја смениш опсесивната на луѓето, значи човек кој не ти верува на збор сега за ништо нема да ти верува никогаш за жал тоа така функционира. Секој човек има право да искача, да се шета, да си има пријатели и не треба да зависиме од никој и никој нема право да ни кажува што да правиме а особено не од дечко и тоа на само 19 години.
Ne vredi toj za dq prodolzhish so nego Toj nema da se smeni, istiot ke bide, povekje zabrani ke imash kd negova strana i mn ke se nervirash, klqsichen manilulator, psihopat Ova sho ti go pravi e psihichko nasilstvo
Да си создадеш круг на пријатели или да обновиш пријателства со старите пријатели, а на сите провокации за расправии од негова страна само да се смееш, по некое време сам ќе те остави. Не можат ваквиве на долги стази ако не е по нивно и ако не те контролираат како сакаат.
Опција А. Разговарај со него, т.е....Не Опција Б. Бегај, бегај што подалеку. На твои години да дозволиш некој да те манипулира, да си без пријатели, да не можеш од дома да излезеш. Самата си свесна дека тоа е проблем. Верувај дека ќе си најдеш уште одма друг, подобар. Зошто воопшто трошиш време за него. Бегај од него додека не почнал да те двои од се што е во твоја околина. Не вреди... На твои години треба да излегуваш со другарки, да правиш глупости од кои утредента ќе се срамиш, да шеташ, едноставно да уживаш. Сакај се себе и цени си го животот, за утре кога ќе погледнеш назад да имаш што да раскажуваш на внуците.
Срцето ми се кине кога читам со какви партнери сте и мислите дека тоа е љубов. Ти не се сакаш себе си доволно па затоа си дозволуваш некој да ти кажува што смееш да правиш а што не смееш. Познавав еден таков тип и верувај само полошо ќе биде. Ти буквално газиш на јајца кога зборуваш со него треба да пазиш што ќе речеш за да не го изнервира нешто и да почне кавга. Ова е се само љубов не е, не си го прави ова на самата греота е.
Не е супер ништо. Тоа ти така си мислиш дека е супер бидејќи како што и сама кажа, он ти е наблиска личност и се потпираш на него. Си давам за право да ти пишувам вака бидејќи искусив таква врска, за жал... Се каам што бев со човек трудејќи се да го променам. Нема да се промени. Полош ке биде. Размисли сега за што се расправате, а утре кога ќе почнеш да работиш и неможеш да одговориш на телефон? И ред други ситуации... Животот не е само една особа. Млада си многу, не си го троши времето и нервите. Почни полека да комуницираш со другарките и да излегуваш и тргни се од него. За кратко време ќе увидиш колку поубав може да биде животот.
Те молам остави го. Оваа врска е премногу токсична и ништо добро не ти носи. Бев во таква врска, верувај ми нема никогаш да се смени и само полошо ќе ти биде. И јас не знаев што да направам, се двоумев, но откако ставив крај на таа врска многу подобро се чувствувам. Млада си и животот е пред тебе, ќе си најдеш некој што ќе те сака искрено.
Не бев, но како поминуваше времето станав свесна и проклето сакам да го променам сето ова. Во минатото многу му дозволував, сега станав повеќе свесна и се борам за правата што ги имам, а тој ги зема. Кога му се противам најпрво се лути, ми ги вели сите тие изрази..со кого одиш,кај одиш,којзнае што правиш и сл. My возвраќам на сето тоа и се лути и не ми зборува, а наредниот ден се однесува како ништо да не се случило. Викендов кога ќе се видиме сакам за проклет последен пат да зборувам со него, ако може да ми помогнете што,како. И при првата грешка ќе ставам крај на оваа врска и се надевам дека животот се уште има шанса да ми се врати во нормала
Објасни му дека си станала свесна дека секое право ти ги одзел, дека не сакаш да си личност што е марионета на дечкото, дека сакаш слобода и дека сакаш да измениш некои работи во врската. Според неговата реакција ќе сфатиш дали имате иднина или не. Иако далеку попаметна одлука ти е да ставиш крај на врската. Тешко дека ќе се смени. Не е смотан па да не знае што прави.
Раскини веднаш...утре ќе почнеш да одиш на работа, ќе ти приговара зошто седиш до колегата....подалеку од љубоморни и опсесивни ликови и машки и женски