Дали би се налутиле и би дигнале фама доколку видите дека дечко ви од време на време лајкнува слики на бивши на инста? Обично тој од време на време си лајкнува кај девојчиња, и јас истото го правам и не гледам некој проблем у тоа, ама кога се работи за бивши никакви лајкчиња и такви глупости не практикувам. Како прво- не сакам да давам лажна надеж и второ самата постапка ми е ужасно некултурна спрема сегашниот дечко. Долго време сме заедно, му верувам доволно за да тераме веќе втора година, ама некои вакви работи ме вадат од такт. Му имам напоменато дека ми смета ставањето лајкови. На ова тој ми враќа дека се замарам со небитни работи, се работело за обичен лајк што не значел ништо. И океј, во право е, ама па лајкувањето кај бивши ми е ептен без врска. Дали да отворам кавга или да се понашам ко да не сум видела ништо? Значи баш у овој момент вријам од нервоза и пишувам прво тука. Пренервозна сум, шо мислам сеа во моментот да треба да се видиме или да се чуеме ќе го напраам подолу од го*но. И не сакам да изгледам како несигурна и љубоморна во негови очи, не сакам да се понижувам ама искрено мислам ако нешто ми смета треба да му дадам јасно до знаење, сепак прво не сме 15годишни и второ, долго сме заедно. Плус тоа периодов сме како на ратна нога, не уби монотонија па си велам да не додавам масло на огнот со вакви кавги. Тој е нешо разочаран од другари, социјалниот живот во последно многу му тргна надолу и тоа тешко му дојде. Плус тоа и пишував дека нема автомобил, па ете дава предлози по другари да одат негде заедно настрана од скопјево, ама обично добива корпи и мене ми паѓа лошо за него. Не сакам дополнително да му правам притисок, ама и јас се нервирам, не ми е баш сеедно. Шо би напраиле вие?
Mislam deka si vo pravo, na koj od nas ne bi mu smetalo lajk kaj bivsi? Ete jas ke trgnam od sebe, kaj nekoj random da lajknam bideki mi se dopaga slikata da, ali kaj bivs? Nikogas toa go nemam. Razgovaraj so nego ama seriozno i smireno deka toa ako ne go promeni ke te nervira i ke doveduva do kavgi ponatamu.
И мене би ми сметало многу, чим вика не е голема работа тогаш нема да му биде проблем да престане да лајкнува, бидејќи многу се нервираш очигледно и не вреди да се нервираш за проблем што лесно може да се реши. А ова другово што го збориш дека му било тешко вака така нема врска едно со друго, демек ако лајкнува па животот на подобро ќе му оди па се мислиш дали да му кажеш хаха Не ќути и кажи му па види што како и дали ќе се реши.
Не ми е јасно зошто воопшто се следат ама ајде. Кога завршувам со некого во животот го бришам од секаде. Знае дека те нервира тоа и упорно лајкнува. Зошто упорно да ја нервира личноста што ја сака? Ако не му е битен лајкот нема ни да лајкнува. Леле значи ова машкивее.... Разговарај со него! Нема тоа никаква врска со неговите другари или колите нивни итн, и нема да го притискаш со тоа што ќе разговарате. А ако почне така да се однесува:
Напрај ја големата. Не мора да значи дека ти прави нешто зад грб, ама самиот чин е глупав и непотребен. Јас еве се следам и со бивши, ама лајкнување не иди во обзир. Овие машките значи стварно се ѓубриња без осет, страшно.
Да бе, и на крај против неа ќе го сврти муабетот за она да биде крива или ќе направи да се осеќа ко мрдната зошто уопште започнала таков разговор ххаха Обичен лајк али не сака да престане да лајкнува, не значи дека има некаква намера али чим на него ништо нема да му смени тој лајк, ете на девојкава ќе и смени
И кај мене беше истото. Му дадов втора шанса и се подобри стварно. Стана повнимателен, "позрел" (бар така мислев тогаш), гуравме уште скоро 2 години и ми го "начука" на крај. Затоа размисли добро. Не знам на каков начин те повредил, но каков и да е те повредил. Да не излезе ко мојов случај НЕ ДАЈ БОЖЕ па да сакаш да го убиеш после тоа . Јас си дадов шанса со друг и најпаметна одлука ми е тоа. Поздрав и се најдобро
Вистински зрел маж кој вистински си ја сака и почитува својата девојка каков и разговор да започне ќе ја ислуша и ќе дискутираат нормално, ако се согласуваат во ред, ако не секој по својот пат и готово без навредувања. Се друго не се мажи и не заслужуваат девојка. Ако јас со избраниот партнер неможам да си споделам што ме мачи и тој да може да помогне во врска со тоа (како во случајов) и да не направи ништо тогаш што ќе ми е тој човек?
Јас искрено откако се фатив со новиов дечко не им отварам ни сториња на бившите а камо ли да им лајкнам нешто, ни во лудило. Не дека имам забрана, ама едноставно немам потреба за лајк или било шо, дури и од ФБ ги иам тргнато. Јас немам увид во тоа дали лајкнува на бившата, ама ако дознаам дека лајкнува постојано има да се покае шо напраил инстаграм .
Ви благодарам на советите девојки, ќе разговарам сигурно вечер. Или ќе се научи да ме почитува или раскинуваме.
Здраво Sarichkaaa, Мислам дека имаш право да му кажеш дека тоа што го прави ти смета. Но не знам зошто веднаш ќе ја правите "големата" и ќе се карате. Можеш тоа на смирен начин да му го кажеш... Со тоа ќе докажете си сериозна и зрела личност. Доколку тој се кара или повторно го прави истото, тогаш со тоа ти докажува дека е идиот и не те почитува тебе.
Имам дечко веќе 4години и последните месеци тој се понаша ептен лошо со мене, не ми верува, постојано се кара и сл. Во меѓувреме јас се здружив со еден тип, кој го знае дечко ми и во една ситуација виде како тој се кара со мене и како ми повишува тон. Кога зборував со тој типот, ми рече дека јас не заслужувам таков како него и дека треба да му прекинам. Во меѓувреме, типот цело време ми покажуваше некои знаци дека ме свиѓа, па една вечер се договоривме и се видовме и тој цело време ми даваше совети како да го оставам, што да му кажам и како да направам. Е сега зборот ми е, што јас немам во никој друг толку доверба како што имам во него, иако се знаеме многу краток период за да му зборам за дечко ми. А од друга страна ми е глупо, поради тоа што ние се видовме и имавме што имавме, и мислам дека секак ќе се видиме уште некој пат.
Мислам дека му е период, сигурно си има проблеми или причина зашто се однесува така чим не бил таков и ти си требало да поразговарамаш со него и да го разбереш, а се гледа дека и со право не ти верувал бидејќи си направила така. Па ти при прва прилика си го изневерила, така да раскини му и спаси го бидејќи ако навистина го сакаш човек ќе поразговараш со него, ќе видиш што му е маката и ќе пробаш да го разбереш. Во однос на овој што те учел како да му раскинеш, жити се како си можела да дозволиш да те учи како да раскинеш па он само сакал да го откачиш дечко ти за да бидеш со него... Мој совет ти е да си продолжиш со овој вториот јер он подмолно ти се приближил, ја искористил твојата слаба точка и наивност и ти си му поверувала, а ти додека си имала дечко кој сигурно имал периодични проблеми ти си го изневерила исто подмолно. Спојте се и спаси го дечко ти....
Имавме што имавме? Што подразбираш со ова? За проблемите во врската, најпрво се зборува внатре во неа, а не со некоја трета личност.
Замисли како ќе ти биде кога имате проблеми дечко ти да трча и скришно да се гледа со "другарка", па после пишувај тука за совети. Колку и да е крив, ова твоево е неприфатливо, плус не планираш да престанеш да се гледаш со него..што е многу погрешно али ти си знаеш.
И да се даде совет членката ќе продолжи да си седи на две столчиња и ќе глуми жртва. Никој не заслужува да биде лошо третиран од партнер ама пак да ми прави некој зад грб вака ко неа не само што нема да и верувам, веднаш ќе прекинам контакт и од живи ќе ја отпишам. Ваљда има причини зошто не и верува, сега сфаќам зошто. Се чудам како не ја откачил до сега.
Јас не знам шо совет бараш кога веќе си била со друг, зад грбот на дечко ти. Како можите така јас не разбирам. Ако се понаша лошо, начин не е неверство во никој случај, има други начини. Па и има причина шо не ти верува.