Ние имаме сериозна долга врска и досега сите кавги биле заради него. Обични мали работи за да идеме на викенд во Охрид треба да бара дозвола на пример, или да му речам да дојде со колата до кај мене татко му му вика касно е нема да возиш. Му одбира место каде да живее од кога ќе се жени а тоа е стан на 400 метри од нивниот. Ми зборува за запросување ама јас не знам шо да правам. Многу пати сме зборувале за ова и ми вика да не се секирам таков бил човекот.
Свекор ми го прашува маж ми што мисли за некоја работа , кога треба да се донесе сериозна одлука , не обратно . Разбирам да се посоветуваш со родителите , ама да прашуваш дали да палиш кола за да се видиш со девојката ... Како 15 годишен да е дечко ти . Па маж ми без возачка ја крадеше колата и доаѓаше кај мене на 5 минути .. Колку пати возел низ улички каде претежно нема полиција , за да дојде , колку пати се карал со татко му за колата .. на 17 години . Ако го фатела полиција дебело ќе го јадел ( не го оправдувам , ти кажувам како функционираат луѓе што се самостојни , дека ова е кривично дело , е и тоа големо ) . Колку години има дечко ти ? Ако има положено за кола , и ако истата е на негово име или има полномошно за управување на туѓо возило , зошто да дозволува татко му да го контролира до толку ? Вработен е или сеуште чека од тато и мама , па затоа можеби вака се однесува ..
Јас не би била со ваков. Ќе треба да седите до татко му и ќе ве контролира цел живот, ќе се осеќаш ко да не можеш да дишнеш. Таков живот сакаш? И нека не те мафта со муабетот "таков е, што да му правиш". Татко му може каков сака да е. Ако дечко ти не дозволува, ништо не може татко му Нема да живеете во станот, ќе живеете подалеку, ќе живеете Германија, нема да дозволува да ви се меша Ама тоа ако сака А пошо не ми изгледа ко да сака да го реши проблемот Ти треба да одлучиш дали сакаш со таков да си, и ти да си ја скратиш слободата поради глупостите на други Млада си, а повредно нешто од слободата нема Со самото тоа што му купил стан до него е доволно алармантно за каков опсесивен контролор се работи Јас на твое место за запросување и брак би му рекла само под услов да живеете далеку далеку од нив. И под услов да ја скине папочната врвца со неговите.
Имам еден проблем за кој не знаев каде да пишам па бидејки е поврзано и со љубов ај овде. Минатата недела додека одев накај Центар, во автобус некаде пред да стигнам до Центар се качи мојата баба која дојде нормално да ме поздрави, ја прашав каде ќе иде и она ми кажа кај пријателка. Ме праша каде ќе одам, и бидејки идевме на иста приближно иста локација а таа прв пат идела натаму ме праша каде е точно тоа и јас и кажав дека знам каде е ќе и кажам каде да се симне башка кога отвори во пораки да ја види адресата точно ѕирнав малку си пишувале љубовни пораки и пред тоа со "пријателката" Е сега додека се возевме во автобус, неа и вртеше некој Драге и и објаснуваше каде да се симне а она кажа внука ми знае каде е ќе ми објасни, прво не знам зашто ме излажа дека ќе се види со пријателка, а тоа уствари е пријател второ мислеше дека не се слуша со кого зборува и ми кажа дека е пријателка а јас убаво слушнав дека со машко зборува. Она е 30 и нешто години сама, од кога почина дедо ми и сега ако си фатила дечко не знам како да реагирам, ако кажам на мајка ми и татко ми како ќе реагираат и тоа не знам, ако не кажам а дознаат од друго место она ќе мисли дека јас сум кажала нешто иначе има 62 години...
Нема како да реагираш ниту треба да кажуваш на некого. Таа е возрасна личност, ќе се гледа со кого сака и ќе каже кога сака. Не и се мешај, ако досега не кажала значи дека не сака да се знае. И нема зошто да се вреѓаш што те излажала дека ќе се види со пријателка, нема обврска да се објаснува. Понашај се како ништо да не се случило
Зависи каков однос имаш со баба ти . Сепак , таа е предолго сама , има право да најде некој со кој ќе си го помине остатокот од животот . На старост ни треба некој со кој ќе направиме муабет и ќе испиеме утринско кафе . Не ја осудувај , ако сте блиски и имаш отворен однос со неа , кажи и дека нема потреба да крие од тебе и дека може да ти верува , дека нема да кажеш ништо на твоите родители се додека таа сама не одлучи дали треба и кога ќе каже . Ако не си баш блиска , преќути си , така е најдобро .
А од каде можеш да знаеш дека 30+ години е сама и дека немала никој во животот? Може не се премажила, ама тоа не значи дека немала тајни врски. Исто како што сега има. А вие не знаете. И ти немало да знаеш ако случајно не сте се сретнеле па да видиш во телефонот. Јас велам да не се мешаш. Возрасна жена е, не е дете.
@нина122 Не се мешај и не кажувај. @Bianka222 Разговарај со дечко ти.Тој треба да одлучи што сака. Плашливко не ти треба.
Можиш да испиташ ситоација и да дознаеш која е личноста со која се гледа без да те сети некој. Сепак убо е да се знај оти на денешно време лесно човек можи да завлези во проблеми. Таја е сама и му треба друштво шо е и нормално. Те излажала можда за да не се крева бунт кое човекот или можда се срами или се плаши да кажи за да не и зборуваат твојте. Не му кажувај на твојте ќе дојди како кодошење и мешање во приватноста.
Здраво,сакам да Ве прашам за Ваше мислење, секој совет ми е добредојден. Се работи за следнава ситуација: Пред скоро време се запознав со еден дечко (другар на мој другар) со којшто имаме неколку пати излегувано во друштво и типот вака е океј. Скоро секој ден си пишуваме,он често знае да ме покани на кафе да одиме (јас од моја страна немам никакви очекувања,меѓутоа некои негови реакции ме бунат од типот : Со тебе не ми се брза,не сакам да те напнувам се полека нека оди.), затоа што он тазе прекина со неговата девојка и јас сум си на ,,дистанца,, со него. Она чисто другарски. Проблемот е што во последно он ме вика за кафе и после ќе рече абе ај деновиве имам раб. На роденден сум и слични ствари. Јас не инсистирам да се гледаме,не очекувам ништо. Мене и дружењето со него ми е океј. Меѓутоа и тоа некако не ни оди. Совет ?
Нерешителен е поради твојот дистанциран и индиферентен став. Ако сакаш нешто повеќе, покажи заинтересираност и блискост, доколку не сакаш, подобро тргни се од него, затоа што не те гледа како другарка.
Раскина долга врска пред 2 недели. Не можам јас да се впуштам сеуште затоа што не знам он што сака. Оппто кога сме муабетеле за врски, он знае дека јас сум тип на сериозна врска. Јас го викнав вчера на кафе - ме одби со глупав изговор. Ми рече деновове ќе договориме. Ми се врти во глава да не сеуште се гледа со ,,бившата,, Или сака на 2 столчиња
Па може и затоа го кажал тоа дека со тебе сака полека, бидејќи те познава дека си личност која сака долга врска, а тој самиот му треба време за да се впушти во такво нешто. Во оваа ситуација, само искрен разговор од двете страни може да помогне.
И јас мислев за разговор. ( не би го брзала,ниту па напнувала) за се имам разбирање,меѓутоа некои негови постапки (пример вчера) ме тераат да се оддалечам од него. Вчера ми рече ќе се видиме ако завршам порано со работа,за кога да заврши да оди на кафе кај нашиот заеднички другар. Мене ме одби. Многу конфузно,неодлучно од негова страна.
Мене ми изгледа дека си се затрескала и сега не знаеш како да го сфатиш. Викаш дека не очекуваш ништо, а сепак кога ќе те извиси ти паѓа тешко. Тоа е знак дека се замараш и сепак сакаш нешто повеќе од него. Не знам што очекуваш од дечко што само што прекинал долга врска. Сега како куче пуштено од ланец е.
Можеби имам некои симпатии. Тешко ми е затоа што он договара,па не може. Вика чекам инцијатива од тебе. Вчера истата ја преземав и па ништо.
Според мене, мислам дека само си наоѓа занимација моментално за да ги тргне мислите од претходната девојка. И исто мислам дека треба да ја баталиш целава работа додека не си се затрескала повеќе.