Не знам каква е твојата ситуација. Но,тажно е што многу девојки се трудат да пронајдат ,,љубов" во секакви изговорени реченици и навреди со цел да оправдаат одредена личност и нејзиното однесување само за да не ја изгубат. Утре-задутре и да ги истепаат ќе речат јас бев крива, го провоцирав, бидејќи не сакаат да прифатат дека ,,љубовта" во таква врска е еднострана. Инаку не,не може да има љубов во навреди. Инаку сите ќе си се навредувавме од љубов.
Кој вика? Ако некој може да ти каже дека си му скурчена, значи не може да те поднесе. Љубов тука нема. Ако некој може да помине ден без да ти пише ич, значи не му менува дали си ти присутна или не во неговото секојдневие. И тука, љубов нема.
Девојче, што не ти е јасно и во двете реченици? Сака да каже дека го напнуваш. Не барај нешто меѓу зборовите. Се' е кажано.
Ne, devojko Sakal da ti kazhe deka poubavo mu e koga ne kontaktirate i ti mislish deka toa mozhebi e od ljubov kazhano?
Јок. Нема. Ниту во едното, ниту во другото. Има само некултура. Прифати го тоа што побрзо, за твое добро.
@edna_malecka мислам дека и сама си ги знаеш одговорите на овие прашања. Знаеш однапред што ќе ти одговорат сите овде. Секако дека нема. Ни во едното, ни во другото. Ако некој, било кој, ми го каже тоа јас ќе го почитувам. Ќе ги оставам да им биде најубаво и веќе нема да слушнат од мене. Крај на приказна.
И каква боја гаќи ќе носи . Шала на страна , кога се работи за кратка врска , јас не сум очекувала да ми кажува каде и со кого , ако сака сам да ми каже ок , ќе го ценам тоа и ќе го применувам и јас , ако не сака , пак ми е ок . Е веќе ако очекува да барам дозвола од него за излегување .. тоа е ту мач кога се работи за релативно кратка врска . Тогаш предупредувам дека ми смета такво однесување и дека ако не ми верува подобро е да раскинеме . @edna_malecka воопшто нема љубов во горенаведените реченици . Повеќе ми делува како да го замараш дотичниот ( иако не верувам дека е навистина така ) , односно , сака да те откачи , ама нема м**а да ти каже во лице и птворено , па се служи со вакви " изрази " . Откачи го ти на време , не ти треба ваков .
Мене реченицата: "Можи поубо ми беше сам" , ми даде м*да да прекинам токсична "врска" што траеше со години. Оти наоѓав љубов таму кај што ја немаше. Ко ќе ти речат, слеп при очи, то ти ет. Не биди како мене, биди поумна.
Ми се случи нешто што ме натера да се мислам дали е нормална реакција на дечко. Бев на роденден со другарка кај баш близок другар. Двајца негови другари почнаа да ни идат на маса као да наздрават ова тоа и буквално не замараа дури и на инстаграм не најдоа истата вечер. Јас му се јавив на дечко ми да дојде да се видиме малку и излегов надвор. Баш тогаш додека го чекав пред кафич ми се јави брат ми на телефон и зборев со него, а овој што ме закачаше излезе и застана до мене. Дојде дечко ми јас се тргнав да дозборувам со брат ми и слушнав што му рече дечко ми: “со мене е таа, само ако и се доближиш ќе те запалам жив” и го стегна силно за рака. Ајде дечко ми си замина и овој пак дојде кај мене на маса. По 5 мин и јас си заминав и му кажав на дечко ми дека он пак се врати и ептен се изнервира, рече ова нема така да остане. Денес, дури и број негов нашол да му се јави. Дали е претерано опсесивно? Муабетот што му го направи не ми се допадна.
Твојот дечко е посесивна личност, ама тоа што му го рекол укажува дека има ниска самодоверба, а и нема доволно доверба во тебе. Еве и да ти се пуштал тој другиот тоа не значи дека ти ќе прифатиш било што со него, а со тоа што му рекол и директно вербално го заплашил укажува дека се плаши од него и можноста тој да има нешто со тебе, значи верува дека ти би паднала на однесувањево на другиов. Мора да поразговараш со него отворено на оваа тема.
Му реков мислам дека претера. Он ми вика а што да правам кога јас гледам како те закача и те фати за рамо? Ако оставам така, ќе мисли дека си сама и може да те замара и не дај боже да направи нешто.
А штом имало физички контакт, а тебе ти пречело тоа си можела да му преречеш на дечково- не ме допирај. Сега па и дечко ти зависи што видел, дали само те фатил за рамо, а ти си се потргнала или си го чекала а овој другиов закачен на твое рамо. Како и да е требал да ти допушти ти сама да си расчистиш ситуација со другиов, вака презаштитнички се однесува спрема тебе и со недоверба дека ти можеш сама да расчистиш и при тоа да не направиш нешто со него.
Јас цело време го одбегнував не му обрнував ич внимание и кога излегов надвор да зборам на телефон тој дојде и беше позади мене јас и отидов 3-4 чекори понапред и не се вртев назад мислев замина и кога ме допре не го видов одма се тргнав. После тоа што му го рече дечко ми, тој имаше муда пак да ми дојде и ми рече што му е на оној така како дивјак јас имам девојка ова тоа ништо не планирав. Дечко ми многу се изнервира и нашол и негов број да му се јави
Нема што дечко ти да му се јавува, затоа ти пишав мора да поразговараш со него отворено. Вака тебе те омаловажува со тој потег, смета дека веднаш би потрчала по другиов ако тој не го заплаши и набрка со повикот.