па твојот дечко е психопат,несмее така да се однесува треба да те почитува,а не така бурно да реагира,мислам со него немаш иднина,што треба ти да правиш само во него да гледаш и да ќутиш,веднаш ослободи се од него не си марионетка не те заслужува,таква болна особа не ти треба девојче
А зошто си кажала дека тој се вратил ? Зошто си дала значење на тоа? Дечкото бил на роденден исто како и ти. Не требало да објаснуваш што тој правел понатаму на роденденот. И да те закачал, си можела да му дадеш на значење дека имаш дечко и толку. Вака делуваш како да си сакала да му ја потенцираш ситуацијата дека ете тебе некој ти се пуштал.
Многу бев ладна со него и му кажав имам дечко не ме замарај. Не знаев како да избегаат веќе како со магнет идеше по мене и на крај си заминав. На дечко ми му кажувам се и мене ме налути тоа што се врати тој и после муабетот. И аман не е тоа не е прв шо ми се пушта.
Па нормално е да се вмеша кога гледа дека некој ја замара неговата девојка па дури и ја пипка, мене би ме загрижило ако биде рамнодушен. Малку грдо се изразил, според една реченица не можам да го проценам тоа ти си го знаеш каков е во други слични ситуации.
Мојата женска гордост беше повредена како да не ме почитува мене и дечко ми. А плус тоа ете проба и физички контакт нема врска ова со тоа дали сакам да се тепа за мене. Мене ми беше сомнително зошто и првиот пат дечко ми така да му рече толку насилно. Зошто толку ги вртите муабетите
Значи јас никаде не го бранев твојот дечко. Само ти дадов на знаење дека во случајот ти си потпалувачот на огнот.
Па, очигледно ова не е нешто нормално да се каже или направи. Ова е веќе малку претерано. Дечко ти? Да. Другиот дечко? Исто да. Следен пат не им ни кажувај дека имаш дечко. Ако е напорен и замара, кажи му дека е напорен и замара. Ако пак продолжува, оди си од роденденот и кажи му на славеникот дека другар му е напорен. Нема причина зошто да го мешаш дечко ти.
@Rebele Ваквото однесување на било кој, без разлика што и да ми е, го сметам како страшно незрело. Ќе го запалел жив. Јао дечко, да те пратиме во Холивуд со драмењево. Ако некому си му се допаднала, зошто да не ти пријде? Според начинот на којшто ти реагираш тој треба да си сфати дали да продолжи или да отстапи. А ова дечко ти како што изреагирал ми е очобол да го читам, најискрено. Тој што има самодоверба и доверба во партнерот никогаш нема да се исплаши од некој што пробува да флертува. Па уште му се заканува или наоѓа броеви. Све драматурзи станаа мажињава еј. Тако звано смол дик енерџи.
Ми пријде ајде нема ништо лошо, ама нормален човек кога некоја го игнорира ќе се тргне. Да, и дечко ми како сељак изреагира затоа и пишав овде воопшто не ми се допадна.
Во овој случај мислам дека се тинејџери, според однесувањето на сите. А скоро сите тинејџери се малку повеќе драматични.
Тоа е веќе тажно. Несигурноста негова на 30 години не е многу привлечна. Треба да разговараш со него. Тоа е веќе проблем, ако вака реагира. Зарем секој пак ако ти се пушта некој ќе прави вакви сцени?
Хм...пробувам да ја замислам таа слика и да се ставам на местото на дечко и па стварно не е пријатно некој да ја закача. Како би изреагирале машките во оваа ситуација? Ќе седите како пи*ки ли и ќе гледате како некој копук се врти околку неа иако таа му дава корпа?
Тоа сакав и јас да го напишам. Ако не изреагирал никако ќе си помислела девојката дека не е заинтересиран. Изреагирал пренападно, тоа да, ама сепак не ми изгледа на нешто страшно. Валда до толку му сече паметот, па нема да го претепа вистински?Ако веќе толку сака да разговара со него нека биде тоа на цивилизиран начин, не со вакви напади. @Rebele
Па ваквово однесување би било нормално во времето на Неандерталецот кога меѓусебно било нормално да се кршат од ќотек ако некој некому му чепне нешто. Во современово општество обично со разговор се решаваат работите. Или со игнорирање.
А ти се почувствува загрозена од другиот, во смисла ко што рекол дечко ти, може да ти направи нешто, се почувствува така, имаше допир кој ти не го одобри?