Зависи од ситуација, бевме излезени тазе ни беше врската од неколку месеци, едно бате почна да и се пушта на девојкава моја, до незе застанува итн. Јас си пиев пиво и гледав првин реакција на мојава девојка како ќе реагира, пријателски настроена ама ништо повеќе, тој упорно залепен до неа. Таа застана до мене, тој повторно од другата страна се залепи до неа. Замина до WC таа, а јас го гушнав пријателов онака весели на забава и му реков, тазе ми е врскава, друг пат разгледај наоколу дали таа се гледа со некого или не, оти откај знаеш шо можи да се случи му велам... Има дечко таа. После некое време, лека полека го снема дечкото, иди времево да си идеме накај дома и и велам еве гледаш ситуацијава шо дојде сега? Или ти сакаш да имаш додворувачи многу или се срамиш мене да ме претставиш официјално колку толку дека се гледаме. Сега јас ли сум љубоморен или ти правиш негде грешка во програмава. Шо мислиш? И тоа беше се'.
Се почувствував гњавена. Цело време му давав до знаење дека не сум заинтересирана а тој беше упорен и можеби малку пијан. Ме фати за рамо јас одма се тргнав баш во тој момент дојде дечко ми
Епа лош момент видел дечко ти и којзнае што си помислил. Не го оправдувам можеби и порано си бил таков на различни ситуации. Но, ако мислиш дека не вреди да бидите заедно, прекини. Ако мислиш дека вреди да ја расипиш врската поради оваа работа, расипи ја и прекини било каков контакт.
Јас не мислам дека дечко ти претерал. Уствари вака. Претерал со број наоѓање. Нема потреба да се караат дотолку. Ама Пијан маж ти пристапува и те допира кога ти јасно му велиш дека не си заинтересирана. Нормално дека дечко ти ќе дојде и ќе сака да те заштити. Не само дечко, било кој и да е кој те сака, ако види дека си во ситуација кај што некој те замара ќе сака да те заштити. Јас лично ќе ти кажам за мене. Ако некој ми се пушта, не би сакала маж ми да реагира. Пошо може до утре да се пушта, негова работа де Ама ако ме допре, а јас знам дека не можам сама да се одбранам, би сакала да има некој до мене кој ќе ме заштити. Не велам дека тој досадниот сакал нешто сакал да ти направи. Ама пијан бил, може за газ да те фати, да се осетиш прегрдо. Едноставно кажано, секој допир кој ти не го одобруваш треба сериозно да се сфати. Дечко ти претерал во барање број негов, нема потреба од карање додатно. Ама мене не ми изгледа дека била само љубомора во прашање, туку и тоа што ти го рекол, што ако се дрзне нешто да ти направи. Ама ти си го знаеш дечко ти најдобро, дали е посесивен.
Од една страна да, глупаво е да реагира на секој кој и се пушта. Од друга страна, не смее никој да и се пушта на нападен начин, кога таа јасно ќе му каже дека не е заинтересирана и уште да си дозволува да ја допре. Тоа веќе не е пуштање, тоа е наметнување, влегување во границите на другиот. Нема никаква почит тука, типот бил пијан и дечко и се загрижил да не и направи нешто.
па во животот ќе се најдеш во секакви ситуации,и секогаш вака ќе се решаваат со закани и недолично однесување,на 30 години треба да биде зрела личност и да има мудрост и култура за комуникација,а не закани простотилук.а и ти ми изгледа дека воопшто не си зрела и немаш свое ЈАС што му дозволуваш на твојот дечко воопшто да не те почитува, па можеби ти годи да бидеш непочитувана
Какво е ова размислување Елена 3333 и со второ мислење на Фемина и одма вака радикално кое смрди на иритација и на некој начин провоцирање? Јас сум неповикан оти не ме тангира директно ама сепак не си во право.
Пијан дечко, иако му дава дознаење дека не е заинтересирана не и се трга од глава, па уште почнал и да ја допира, и таа што се пожалила кај дечко и сцена сакала да направи.. Ок Како да не ги знаете какви се некои мажи ко ќе се испијанат, пијавици. Незрело од негова страна што веднаш почнал броеви да бара, да се заканува со тепачки на 30 години, ама и мене не би ми било сеедно да го видам дечко ми излезен и некоја рандом типка да е обесена врз него. Само што нема да се заканувам со ќотек, нели. Како што кажа членката погоре, нема потреба некој со сила да и се наметнува, ако те одбие, нема потреба од гњаважа.
Јас сум имал само една оваква ситуација до сега, во кафич/бар. И тоа гледав подалеку од страна како реагира она и како пробува да го откачи, а овој настојуваше и понатаму и досаѓаше и морав да реагирам. Отидов, и реков дали е за играње, она, се разбира едвај чекаше да каже "ДА", му ја собрав и отидовме заедно на подиумот. Овој остана таков подзинат.
И јас мислам дека заради моментот на кој налетал постапил така, најверојатно се загрижил и малку преостро изреагирал. Ако бил љубоморен и посесивен сигурно неа ќе ја обвинел и слично, според описот не ми изгледа на таков
Ако бил посесивен веројатно немало да ја пушти да се врати назад на забавата и ќе ја обвинел неа зошто е така и така облечена и таа ќе беше крива. Ова мене ми е нормална реакција на дечко. Можеби, малку просто делува со тие зборови и јас ќе се замислев околу тоа и ќе зборував. Многу е поубаво да се осеќаш на некој начин заштитена од маж. Имав дечко што не мрдаше со прст затоа што се плашеше. Еднаш буквално еден тип за газ ме фати на плажа, а тогашниот дечко се смееше.
Дечко ти има 30 години, и ти го викна да дојде пред кафичот каде што си на роденден со другарка ти, за да сте се виделе? И тој дојде?! И изреагира вака. Дечко ми е 30 точно, никогаш не ми направил ништо вакво. Како прво, не би дошол да се видиме. Ќе сме се виделе пред роденденот, или следниот ден. Сум излегла на роденден. зошто да ја оставам другарката внатре, и јас да излезам надвор за да се видам со дечко ми Вака да му кажам на мојот дечко, ќе ми каже дека сум на роденден, не е убаво и нема потреба, и да си поминам убаво, ќе се видиме наредниот ден. Никогаш не би дошол, тоа тинејџери би го направиле. Мене самото доаѓање на дечко ти ми сигнализира дека тој е несигурен (во тебе или него, незнам, можеби и во двајцата), и со нерационално размислување. Па и однесувањето понатаму. Инаку, мене кога ќе ми се закачил некој, секогаш сум знаела да му дадам до знаење дека сакам/несакам нешто, и крај на приказната. Во оваа ситиација ми изгледа дека ти не сакаш бидејќи имаш дечко, ама сепак сакаш внимание и да ти се закачува по некој. Ем ти се иска, ем ти се стиска се вика ова. Надвор стоел на 3 чекори од тебе и не си знаела дека е таму Мислам дека имате некој подлабок проблем во врската ваша искрено, и немате отворена и искрена комуникација.
Нова сум на форумов, и сакам да ве замолам за совет.. Имам 18 години и до сега не имам имано дечко ниту пак дејт , ништо од тоа. Татко ми од мала ми е пунеше главата како машките се говеда и дека не смеам да излезам со машко и дека никогаш не може да ме усреќи никој како фамилијата. Луѓе стварно сум посветена само на фамилијата немам ни многу другари/ки . Излегувам во еден клуб во моето место и стварно што се вика се заљубив/затрескав во еден кој има притоа 35 години , не е женет ниту зафатен. Голем збор е се заљубив, но онака како да кажам се чувствувам убаво во негова близина, ми буди насмевка на лицето многу често, зборуваме ама не пишуваме/ не се гледаме на страна. Не знам што да правам ова ми се случува прв пат во животот. Мислам дека од секогаш ми се бендисувале постари него деца на моја возраст
Мислам дека бараш татковска фигура, бидејќи цел живот „најблизок маж“ да речам е бил татко ти. Тој ти е симбол за дом, сигурност, најверојатно и работи, има стабилни приходи. Сигурно и симпатијата твоја ги има тие особини. НО, ти 18 а тој 35 - верувај голема е разликата. Ти имаш пред тебе многу нови авантури кои те очекуваат. Пример, да одиш на факултет во друг град каде ќе запознаеш личности (интелектуалци исто така, не викам дека овој од 35 год не е), ќе можеш да селектираш, одбираш, да дознаеш што те влечи, а што не сакаш... Ќе излегуваш во други клубови, ќе стекнуваш пријателства нови, колеги од факултет или студентски домови. Тој има 35 години, веќе е и за женување најискрено. Ако не сега, за 1-2 години сигурно. Дали го сакаш ти тоа? Тоа треба да си го одговориш на самата себе, и да си искрена. А и тој па, на 35 години со девојчиња кои едвај се полнолетни (можеби и немаш полни 18, незнам). Јас сум од помал град. Кај нас 95% од неженетите на таа возраст како типов за кој зборуваш, се лигуши кои девојките 5 години помлади/постари ги научиле и ги знаат, и никоја не сака да си има работа со нив. И гледам дека се пуштаат на помали девојчиња кои тек сега почнуваат да излегуваат по кафичи/дискотеки и незнаат ништо за типовите. Кога тие биле по 20+ години, се глупирале и сељачеле, овие биле 3-4 одделение, и си легнуваве во 9 саат навечер. И многу ми е одбивно тоа. Секако, не познавам врска која завршила среќно. Успеваат да фатат по некоја девојка, но за неколку месеци завршува се. Лошо е татко ти што така те ограничувал, не можеш да бидеш цел живот светица и мала ќеркичка која ќе живее со мама и тато.
Не е дотолку строг татко ми но стварно памтам како пред 2-3 години ми се има дерено ако не кренам слушалка на телефон и сл. Цел живот му беше страв од мене да не го ''срамам'' така наречено, а јас сум пре осетлива и сакав да си стојам на зборот со никого да не излазам ни да се бакнувам и сл. Ми се има дешавано пред некоја 1 -2 година да бендисувам дете малку поголемо од мене а исто така и тој ме свиѓал и не сакав ни да се смуваме ради да не го срамам татко ми. Лошо стварно. И да. да ти одговорам на прашањата , да баш сакам да се запознавам со интелектуалци и да одам на факултет и сето тоа ама стварно сум во период кој ми треба подршка од на страна бидејќи од мојата фамилија сите почнаја да си ја бркаат својата работа. Многу сакам да сум блиска со типов за кој зборувам, ми треба подршка, забава,сакам да осетам како е да имаш внимание од него, баш од него оти таму каде што одам тој доста е забавен и гледа прилично среќен. Да разликата е голема , ама крај краева не размислувам за брак и сл , планирам длабока иднина за мене во кариерата студии итн но како што реков ми треба емотивна подкрепа, на другарки не му се отворам оти скоро на сите (2-3) имам , не му верувам неможам на никој , уствари неможеш да бидеш со никој толку близок како со дечко пример во секоја смисла близок така размислувам *18 имам полни, ќе правам 19 - не сум многу по авантури , како што сакам стабилна цврста длабока конверзација со стабилна и сериозна личност во секаков аспект, ме привлекуваат многу deeply разговори. А инаку не знам што видов во типот не е ни некој убав ни нешто посебно, само стварно многу е добар и позитивен
Иначе испуштив да напишам дека и јас сум од мало место и знам точно за што зборуваш и јас мразам такви типови и ми се имаат и пуштано ама тие веќе како што кажа сите ги знаеме и многу е мизерно , ама овај стварно до сега ништо на страна ми нема речено а да не е нешто ептен пријателски и од култура, стварно е пре добар , мирен и јас досега да имал женска искрено не знам а и се распрашал мислам дека нема ни па излегува со некоја, а и свесна сум дека никогаш нема да ми речи ништо настрана за таа работа иако кога го гледам и тој ме гледа некако на ист начин , и пробува да ме насмее преку шеги кој ги кажува на друг во моја близина, а притоа ме гледа дали се смеам, ако се смеам уште повеќе се ''сили''.