Да, е. Добро што си го оставила човекот. Треба да најде некоја позрела личност, а не личност која уште не ја запознал ќе му води евиденција на што и како ги троши своите пари и зошто немал свое живеалиште сеуште и немал прошетано колку нејзе.
Од се што пиша јас едно сфатив, а тоа е да си бараме некој кој има исто прошетано како нас и има ист по големина круг на пријатели.
Епа ајде, просветли ја. Нема кај да ја однеси. Хотел или кола не доаѓа предвид. Каде? Како размислува зрела личност во ваква ситуација кога неа ја карактеризираш како незрела?
Не е работава за што каде да троши човекот или слично реков дека особава е и многу интелиѓентна и дали има нешто свое. Но тој и во моментов нема каде да однесе девојка, самиот ми кажа кајнего нема простор а годините реално си го прават своето и за локацијата.
Да тоа ми беше поентава.. Сите други работи ги фрлив во вода.. но особа на 27 години да неможе да носи никаде девојка некако ми создава проблем. Годините не се малку. Кола е само понакогаш и за авантура..
Мора машкото да носи некаде девојка и да има стан обезбеден специјално за девојка? Ако толку ти е битно, тогаш земи ти носи го некаде.
Уште од одма барате за по дома т.е нема дома место хотел, браво. Не знаев дека сега се гледа колку има прошетано во Мк надвор од Мк и колку пријатели има Се смениле моралните вредност одамна. Тогаш ти оти не живеш сама и не одите кај тебе пример ?
А ти имаш ли каде да го однесеш? Сама живееш во стан/куќа? 27 години не се малце ама не се ни многу. Може човекот си штеди и сака да си купи сопствено живеалиште за некоја година. Мислиш така лесно е да се заработат пари, па колку и да му е висока платата.
Да не ти е досадно со него и плус нема никакви нови идеи? Инаку до негде те разбирам, да, но не можеш да очекуваш сега одма сопствен стан да купи.
Па работава е што тоа не е проблем. Земено од предходни врски моите бивши иделе кајмене и јас сум одела кај нив. (имам свој спрат) .И веќе се работи за месец гледање . Можеби на база на предходни врски сум имала такво искуство да сите бивши имале своја соба и тоа се одвивало заемно. Пак ќе напоменам годините не се малку .. и сакав да слушнам ваше размислување
Епа каде е проблемот тогаш? Ете одете кај тебе на спрат, некогаш ќе одите во кола, некогаш во хотел, кога ќе го шеташ низ МК и Европа за да биде и тој нашетан како тебе.
Па да тоа и го напишав, незнам воопшто дали и би терало со особава и затоа неможам да си дозволам такви работи да кажам и помислам.. што е нормално.
Месец дена гледање не е многу според мене. Не можеш да му се мешаш уште сега во финансии, каде ќе ги троши нив и каде и со кого ќе живее.
Еве јас на твое место, кога се друго ми е океј, би го викала кај мене во спратот. И не, не би прифатила да одам во стан/куќа кај што тој има само соба, а живее со родителите “да гледам филм”. Некултурно ми е тие да се во другата соба додека јас сум со него. Искрено, хотел ми е најчиста работа. Сами, мирни, ниту средувам пред да дојде, ниту откако ќе си оди. Не знам зошто не сакаш. Ама ете, твојот спрат е на располагање. Уживајте таму.
Не очекувај дека ќе биде ист како твоите бивши. Сите луѓе сме различни и не треба да ги споредуваш. Можеби си трга пари настрана, па кога ќе има вистинска потреба од нив ќе ги искористи. А и не знам зошто би имал свој стан кога има веќе место на живеење. Не ја гледам потребата.
Да тоа и го напишав.. со ако секој човек го носам кај мене .. реално барем кај нас срединава за мажите гледат поинаку за жените друго.
Луѓенца, оти вака зборувате? Ова е проблем, реално. Пример ако и таа живее со нејзините и се малце поконзервативни а и тој со неговите, автоматски нема кај да се гледаат. Се слагам дека хотел и кола е малце дискутабилно. Најсериозно. Сега членката имаше делови во мислењето што ми запнаа и мене за око, како кругот на пријатели или шетање, за тој дел се слагам со вас, ама ова со местово за гледање и те како е проблем. @dankee И јас сум во слична ситуација, со то што немам ни опција кола јас, а сме од различни градови. Ќе биди тешко ама јас нема да се оддалечам од него поради тоа. Ќе напрајме да проработи ситуацијава. Искрено можи и не ти се ни свиѓа доволно, штом олку калкулираш. Размисли си убо.
Како нема потреба кога е возрасен а се уште живее со семејство во стан каде нема ни свој дел? Разбирам зошто е така, финансии и не сакам да коментирам за тоа, ама дека нема потреба од свое е далеку од вистината.