Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    @candy.cane, да, да, видов сега за платата. Дека паметот ми остана во швалерските хотели, и како јас би се осеќала некој иден дечко да ми каже таму да одиме, и некако тој делот со солидната плата ми се мушнал.

    На темава само ќе кажам дека имам другарка што во родителскиот дом делеше соба со сестра и. Се вработи ептен супер и си отиде под кирија. Ем комодитет, ем можеше да си ги вика дечковците на преспивање. Луксузирање на нула ама па максимална слобода во сите останати аспекти. Знам дека ова не е опција кај сите ама за вработен човек со океј плата одење под кирија не е научна фантастика. Особено ако сте тројца во една соба.
     
    На tina2018, Lifelive и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Аманте бре луѓе, па од еден месец гледање и вила да изгради човекот. Јас кога почнав да се гледам со дм првите неколку месеци ни кола не возеше, по ладното мрзневме на сред зимо. Сега тие моменти за ништо на светот не би ги дала.
    Ако имаш ти спрат викај го кај тебе и завршена работа.
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, flawless. и 9 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.105
    Допаѓања:
    131.521
    Пол:
    Женски
    Врска само еден месец...
    Зошто да иде типот под кирија? :rofl:
    Може ќе раскинат по некое време,не се знае.
    Висока плата не значи и инстантна способност за одделување.
    Може им помага на неговите во плаќање сметки и долгови,може плаќа нешто за него.
    Еден мој братучед има висока плата.Но,не можеше одма да се оддели од неговите.Мораше и нивни и негови долгови да плаќа.Немаше да има кај да оди со жена му,да не му помогнеше тетка му.
     
    На simoncelicius, FancyCinderellla, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Ај прво читај убаво пред да почнеш со навредите :)
    Не е муабетот што нема свој стан, или што живее со неговите, туку тоа што дели соба со уште двајца. Односно, болдираното од погоре- тројца се во една соба.

    Зошто очигледно читам и јас а не дочитувам, мислев дека станува збор за сиромашен дечко кој или не работи или заработува многу малку. Е ама грешка сум била. Вака ситуацијата е многу полоша.
     
    На tina2018 и Lifelive им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    А зошто да не оди? Еве сериозно прашувам. Не да оди поради девојка, туку поради себе. Тројца делат една соба. Типот има 27 години, ако точно разбрав. Тоа е маж. Возрасен маж. Има услови ама седи. Чудно е. Друг е муабетот да има своја соба а да живее со родителите.

    Еве не знам, дали дека јас единица па научена на приватност (плус малечка соба). Ама тројца да сме тука набутани? Како знам и умеам одам под кирија.
     
    Последна измена: 29 септември 2020
    На tina2018, crimson, Lifelive и 4 други им се допаѓа ова.
  6. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa далеку е полошо некој да живее со неговите на 27 и да не заработува денар, да зема уште џепарлак од мама и тато. Те разбирам што сакаш да кажеш. Се надевам дека и јас нема да живеам со моите, а да земам плата приближно на нивната. Ама не знаеме животот кај ќе не затера. Тоа што не е нашетан може да се препише дека немал пари за да шета, затоа што ретки се луѓето што не би отишле на екскурзија/одмор/шетање во странство а имаат пари. Ама и ова е дискутабилно. Финансиите не можеме да ги гледаме црно на бело.


    Ама тука мислам дека воопшто не е тоа проблемот. Јас добив впечаток дека го кажува истото ко таа со дечкото што нема своја кола.
    Услови (за овој период од врската) има, ама ми личи ко некој општествен притисок т.е дечкото да обезбеди нешто - дечкото да ме носи дома.


    Па не знам зошто зборувате за тоа дека е полошо дечкото да оди кај девојката, а не обратно. И таму и таму истото ќе го прават. Мене ако ми е непријатно да донесам дечко дома, непријатно ќе ми е и да одам кај него.
     
    На FancyCinderellla, cresa-jagoda, Pixi5 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    А оти не идете кај тебе? Не сака?
     
    На cresa-jagoda, flawless., tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    14.650
    Пол:
    Женски
    Не знам како не можете да сфатите дека секој си има различни критериуми кои ги бара кај партнетот. Девојката сака комоција и поради тоа проблемот “каде да се гледаат” е сосема легитимен. Не секој сака да прави компромиси од типот “мрзневме во зимо”, “седевме на клупа” и сл. Безобразно било да му се меша во финансиите уште првиот месец ( да се разбереме, безобразно е!), а не е безобразно да и се мешате во нејзините избори и да критикувате зошто не е Мајка Богородичка што сѐ ќе истрпи. Јас не знам како само на форумов се собраа толку пожртвувани луѓе кои не сакаат за себе сѐ најдобро.
    Мене повеќе ме загрижува фактот што на @dankee очигледно и смета тоа што се со различен background и мислам дека тоа понатаму ќе и прерасне во фрустрација која ќе ја рефлектира на него.
     
    На Konfetka, tina2018, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.105
    Допаѓања:
    131.521
    Пол:
    Женски
    Можеби неговите немале/немаат доволно финансии за да има он негова соба.Спомнав,може долгови имаат,а и он.А и да има можност да се оддели,не е должен по само еден месец врска.Тие двајца уште не се ни познаваат доволно.Не се знае дали и колку ќе тера нивното.Дај Боже да им тера,ама животот е непредвидлив.
     
    На cresa-jagoda, LadyR и IRBBB им се допаѓа ова.
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    21.479
    Пол:
    Женски
    Или си собира пари за нешто свое или си спие на ушите, тато носи мама меси.
    Единствена причина да се туткам кај моите во една соба а притоа заработувам солидно, е да си берам пари за мој стан. Парите дадени по кирии ми се безбеза фрлени пари ако не е нешто итно.
     
    На Konfetka, tina2018, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    @dankee дали сте зборувале за иднината, како он ја гледа иднината?
    И јас со мм кога почнавме, бевме во иста ситуација, платата му беше висока, а живееше во станче каде што спиеше во дневна. Но имаше план во иднина, да направи нешто свое кога ќе се реши на посериозен чекор (брак).
    Така и се случи.

    Зборувај на таа тема, прашај го кај се гледа во иднина, дали има план на преселба и слично. Тогаш ќе сфатиш дали е зрел или не.
    Ако е паметен и интелигентен како што викаш, сигурно мислел на иднината.

    Сега го прочитав уште еднаш ова, на нешто повеќе мислиш на секс? Ако е така, ако сакаш да ти е пријатна ситуацијата, предложи му да идете на викенд некаде, ем ќе прошетате, ем ќе имате убава вечер. А понатака ќе видиш како ќе се одвиваат работите.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane и Jana06 им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    @candy.cane, да, да апсолутно се согласувам со коментарот околу нашетаноста. Можеби тогаш немал можности, или можеби немал со кого, или едноставно не е тип што сака да патува. Тоа не ми е ама баш никакво мерило за ништо.
    Повеќе би ме замислил делот со немањето пријатели. Односно, дали има малку пријатели (неколку ама добри) или ич. Зошто немање пријатели е индикатор дека нешто не е ок. Знам по бившиот, таа лекција скапо ја платив.
     
    На tina2018, candy.cane и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сите некако го прелетавте фактот дека се гледаат „дури еден месец“ и девојката му ја знае финансиската состојба и дека заработувал три пати повеќе од неа?
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, flawless. и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    :D

    Премногу нагаѓање. :D

    Не е баш исто. Овде само знаеме дека дечкото нема приватност, што неа и пречи. Разликата од девојчето со колата е таа што го тераше да си купи. Овде не го тера на ништо. Но, има право да одлучи дали да остане со него или не без да ја линчуваат дека е материјалистка. Всушност ни девојчето со колата не беше материјалистка, само имаше некои лоши ставови со мажи и жени и возење коли.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Дечки, да отидам јас на дејт и дечко на моја возраст да ми каже дека дели соба со уште двајца најотворено ќе го прашам што е работата. Дали е тоа само привремена ситуација или?
    Ако ми одговори дека му е супер така и дека не гледа ништо лошо во тоа, едноставно не сме на иста бранова должина. Не сме компатибилни и тоа е тоа.
     
    На Celltica, tina2018, Hellobeautiful и 12 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    @dankee Што не си најдеш некој ко за тебе богат,со еден стан и вила на Хаваи,приватен авион и јахта на море во Турција па може тогаш ќе го сакаш повеќе.
    А да заборавив да се облекува повеќе и според твоите вкусови.
    Остави го овој сиромашен е за тебе.

    *Како само ве воспитуваат јас не знам.:x
     
    На FancyCinderellla, cresa-jagoda, flawless. и 8 други им се допаѓа ова.
  17. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Се мајтапев за првото.:)

    Ја споредив затоа што кај двете доаѓа до истото - јас имам, ама сакам тој да има затоа што така мора.
    Јас би сфатила некој да смета дека не би можел да биде во врска со некој што има значително помалку пари. Јас не знам дали би можела да бидам со некој што сака секое патување да е ултра ол инклузив, што сака да живее во полуксузен стан или да вечера секогаш во луксузни ресторани. Освен ако не ме части (што не доаѓа предвид) или ако не се прилагоди на моите финансии, таква врска не би успеала.

    Ама ова е нешто што е привремено. И пак ќе кажам, имаат кај да одат.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Да си барате тоа што сакате.

    Не се задоволувајте со трошки, кога имате потреба од ескарго.
    И емотивно, и интелектуално, и сексуално, и финансиски и секако

    Никој нема да ви речи: 'Фала'.
     
    На tina2018, Ladybug98, x.Daisy.x и 18 други им се допаѓа ова.
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Све ова сте истрпиле и поминале,затоа што Љубовта била поголема од Се друго матријално,затоа и ке успеете и ке имате све во животот.Матријалното е минато,доаѓа и си оди,али Љубовта или ја има или ја нема,да не се лажеме.Извини што те цитирав :)


    Ке бидам дрзок,безобразен а најмногу ИСКРЕН.

    Незнам што е тоа нешто повеќе,но веројатно за Секс се работи,друго не гледам ни јас,а како што гледам и другите Членови на истото мислат.

    Дали си свесна колку значи тоа дека не те гледа за искористување?дали си свесна дека си налетала на чесен Дечко?

    Зарем уште не почнати ти си се фатила за финансиите,и колку тој заработува?Дали си свесна дека ова е знак на матријалистички карактер?

    Што ако си повеќе шетана од него,кога тоа не го прави Човекот добар или лош,си шетала за себе и за никој друг.

    Дечкото на 27 години супер постапува,не си му Жена,па да ти дава детали колку зима,колку троши,преголема грешка од негова страна што дозволил да дознаеш колку заработува,тоа е негова приватна работа,како што и твоја приватна работа е,да незнае колку заработуваш.Ова се веќе сериозни проблеми,на сеуште непочната врска.

    Тоа што нема свој дом на 27 год,не е ништо страшно,него е сосема нормално,си работи,и бори,и нормално дека еден ден ке си има свое,за све треба време во Животот,неможе ништо преку ноќ,не поготово во Мк,со мизерни просечни плати.

    Треба да бидеш среќна и задоволна,што не зависи од Тато и Мама,што работи а не џаболебари и чека од небо да му паднат пари,треба да си среќна што си налетата на нормален дечко,кој не сакал да те искористил и фрлил на страна.Но ти дефинитивно не си Девојка за него,ти уште непочната триста мани му најде,па згора на се и во приватноста.

    Што има лошо во Хотелите извини?Барем наоѓа пак некое решение,без разлика каде ке бидете,битното е да бидете ЗАЕДНО,дали ке е Хотел,Барака,изнајмен Стан,било каков Простор,најбитно е што ке бидете ЗАЕДНО.

    Дефинитивно остави го Дечкото,не си за него,барај си по твои критериуми,со станови,викендици,чуда,и не му троши залудно време на овој сега,немате исти гледишта,ти гледаш матријално што има,он гледа Љубов (да било за секс ке го направел тоа и чао),така да немате исти планови,и џабе ке се замарате и трошите време.
     
    На st2007, Cka, FancyCinderellla и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Ама делот со швалерските хотели ти го измисли, никаде не го кажа таа, таа не рече швалерски хотели туку рече хотели на што ти додаде дека сигурно дечкото мисли на оние поинакви швалерски хотели. Ти остана паметот во информација што сама си ја измисли.
    Додавање драма таму кај што ја нема.
     
    На Konfetka, cresa-jagoda, flawless. и 3 други им се допаѓа ова.