Ќе го прашаш што е работата??? Озбилна си? Па немаат финансии за повеќе бре девојко, кој не сака сопствен простор. Ама никогаш не знаеш каде ќе те однеси животот, тркалото се врти. Човекот работи, заработува, се труди. Сигурно ќе успее ако продолжи така. И дај Боже да успее. Не за секој е розев светов, и не секој го има прошетано како тебе. Не јадат сите од медот на овој свет. Аман луѓе, мн се нервирам вака Дали живеам на ист свет и во исто време со вас? Не сфаќам како сте такви? Каде е човечноста во вас? Не е се' до пари, стан, кола, патувања. Барем не уште првиот месец од гледање.. Не му го троши времето те молам. Ќе си најде некоја спроти него. Не е "доволно добар" за тебе очигледно.
Како сте се собрале Мајка Тереза не ви е рамна. Ако за некого е супер да седи во кола или клупа на 20 и кусур години за друг не е, еве наједноставно.И не, тоа не го прави некого лош човек, да сака комотност и да има некакви очекувања. Девојката си има свои критериуми и слободата да се држи до нив. Не му ја знам приказната на дечкото и не претоставувам ништо, ако има планови за иднината и намера да створи нешто свое, тоа е супер, но ако и покрај можностите кои ги има ја одбира сегашната положба би ставила прашалник.
Ама не знаеме доста информации. Прашање е и членката дали ги знае, со оглед на тоа што се гледаат кратко. Дали работи долго, кратко. Дали му одговара да дели соба или не. Дали има долгови или не. Затоа се се тоа нагаѓања. А тоа може да оди и во обратен правец. Што ако работи долго време, заработува повеќе од просек, не му пречи да седи дома така. Може не патувал, затоа што не сака патување, може нема другари многу зошто е асоцијален тип, може му одговара дома да го хранат и чистат. Џабе вака пишуваме, тие работи членката треба да ги дознае и да одлучи понатаму дали и пречи или не.
Да не се лажеме и живемее во заблуди,чесен и самостоен ке најде аха важи,да ке и пружи и Вили,и куќи и све.Прочитај низ темиве,па ке видиш колку тоа се случувало и нашле таков. Све се почнува од 0,а со Љубов и разбирање се гради све,али ако се сака.
Не, срц, ти правиш драма каде навистина нема потрба од неа, зошто кога најде време да цитираш, сигурно си нашла време и да ми ја прочиташ и наредната реплика Јасно е сега, така? Завршивме со хотелите, сега сме на тема живеење кирија. И нема потреба од драма, се дружиме, си правиме муабет
Ја чекаме членката да ни одговори дали дискутирале за иднината и плановите. Мене уште ме мачи зошто таа не сака кај неа да одат. Пак ќе кажам, нема да мрзнат по клупи и коли затоа што таа има свој дом кај што живее сама.
Она сака на готово,е тоа е проблемот.Шетање,Вили,Станови,Коли,голема плата.Многу филмови гледање не се на арно дефинитивно. Па уште по шетана била од него,и готово мислиш достигнувањево е што да ти кажам,мислам WOW што направила.
Ама добро де, ако некој сака комотност, нека си ја постигне сам, уште жените ќе чекаат пари од мажот, која година сме? Девојката имала спрат, ама срамота било женско да носи дечковци дома, а не било срамота машко да ги носи девојките. Еми сега, дури си живеете со македонски менталитет, ќе имате вакви проблеми. Во тој македонски менталитет спаѓа да гледаш уште од 3 видувања, мажот колку плата зема. Да имаш спрат значи самостоен да си? Кој го направил тој спрат, потпишувам со две раце дека мајка и и татко и? Значи, не е баш самостојна и таа. Дали ако не беше спратот, со нејзината плата ќе можеше да се оддели таа под кирија сама? Ако не, како може да бара самостојност од други?
Па не е до пари, ама има куп што имаат пари и живеат со своите. И да, во ред е да не може да си дозволи, не е во ред да е задоволен со таква ситуација. На крај краева, секој има право да бира што му одговара. И секој има право да не биде со некој во врска од која и да е причина. Она со „месец дена се заедно“ го потенцирав заради советите да отиде под ќирија. И за прашањата дали разговарале за иднината. Нема и не смее никој да се менува заради врска од месец дена која уште ни почнала, а не пак да има некаква иднина. Ако по само месец дена членката гледа дека има работи што не и одговараат, сега е време да напушти, додека е уште свежо, а не по години. Нема што да се чувствува лошо, апсолутно нема зошто да се жртвува за никого. И не знам какви сериозни разговори очекувате по месец дена гледање, прилагодувања или што и да е.
Колку си површен. Самостоен не значи куќи и вили и сВЕ Самостоен значи и соба во стан под кирија со цимери.
Да бе, он на 27г магистрирал, докторирал, отворил фирма купил 20 шлепери и работи увоз извоз, милиони на сметка, тендери од влада, бла бла... Ако нема од неговите оставено богатство, како ќе го стекне бараното од девојкава на 27г??