А зошто толку се драматизира? Македонски менталитет, кој век било, ова, она... Едноставно е, не сите имаат исти критериуми кога бираат партнери и тоа е тоа.Ничие не е најправилно или најпогрешно, туку индивидуално.
Самостоен значи и да живее со родители ама да има слобода сам да донесе одлука за сопствениот живот. А не да не може да напушти од дома оти „мама не му дава“, „тате зошто го купувал станот/куќа градел“. Има многу нивоа на самостојност, многу луѓе и многу ситуации. Може и под ќирија со цимери да живее па мама ручекот секој дне пред врата да му го остава и еднаш неделно да иде да му зачисти. Самостоен значи да може сам да се грижи за себе и да е способен сам да живее.
Ако прочиташ погоре што имам пишано,ке видиш дека сум напишал,дека дечкото на 27 год,е добро што заработува сам,не зависи од никого,а згора на се заработува повеќе од нејзе.Се согласувам со тебе до некаде,дека ако нема од Тато,Мама дека тешко ке стекне,но има и други решенија,ете заработува доволно може да купи стан на кредит така?решение и ова,истово го направи Зетот мој,заработува убаво,не сакаше под кирија,зема кредит зема стан,и ете сеа е негов. Не се замарај ти за мене,гледај за себе,и јас не сум ти тема.
И пешки до Матка ако сака нека е, ако таа сака да отиде и прошета некаде, а нему омилен дејт му е 7мица, таа врска нема да функционира. Ептен ви е тешко да прифатите дека има жени способни да живеат без мажи. И што не сакаат маженца што мамичка им чисти пере и пегла и бараат жена да ја замени.
Ваков проблем не би се дискутирал ако се самостојни жените. Тебе може да ти изгледа на драматизирање, ама тоа е реалноста. Нормално дека секој си има критериуми. Ама кога ќе ПРАШАШ на форум, нормално дека ќе ти одговорат. Нема сигурно да ти речат "ти си знаеш". Затоа ПРАШУВА пошо не знае.
Не, не живееш очигледно Многу лично си ја доживуваш темава, и дискусијава. Кажав еднаш, бев шест години жртва за љубов. Никогаш повеќе Ако јас треба пак да трпам, да правам компромиси кои се на моја штата, не. Не, не, не, не Или ќе биде како што треба, или нема да биде. А кој сака да се жртвува, слободно Нема веќе дали јас сум доволно добра. Овој пат, нека биде некој доволно добар за мене За промена
Па ни членката не треба да ти е тема тебе, ама гледам те повреди што „нашетана била“. Така де, жена само за во кујна. Кај смее да шета.
Знам како е на 23г да живееш сам со стамбен кредит, тешко ама слободно. Е сега ќе си кратиш од многу задоволства, како шетања, гардероба по нејзин вкус итн итн
Да,зашто и е под ранг да иде во хотел се осеќала ко... Глупости. А кај нејзе не може од мама и тато. Бара самосталност од момчето,а она не е самостална.
Многу информации не се знаат и сите си пишат коментари врз основа каква била некоја нивна врска. @dankee да каже дали дечково изгледа самостоен, зрел, а само ова со живеалиштето е проблем, или и во други ситуации изгледа како сеуште да е приврзан со неговите. И прашај го кога веќе толку сакаш, ништо страшно. Прашај го зошто сеуште живее со родителите, нели би сакал да се оддели
А бе каква матка, таа во бутел 2 да ја пратиш ќе се изгуби на битпазар. Инаку и јас не подржувам маженца што мамичка им пере и пегла тактичко сметки им плаќа, а тој кутриот купил бмв, а нема 300ден бензин да стави у него
Девојката побара помош,јас не ти побарав на тебе помош,па што се фати за мене,од каде ти знаеш колку јас сум шетан,или сум имал искуство со шетањето на моите Девојки,тресеш глупости и смешки кажуваш. Неможе да ме повреди шетање,се шета и на 20 год,и на 80 год.Но шетањето не те прави подобар Човек,и шеташ за себе,а не за другите,настрана фустрациите. Не треба Жената да е само во кујната многу јасно. Е нема и Паре и Јаре,да бидеме реални тука.
Точно е дека праша на форум, ама може да се каже: "Мене би ми било ок" или "Немам толкави очекувања" или "Мислам дека имаш високи критериуми". Ама одма да се поаѓа со коментари како е материјалистка, како треба да е пресреќна што исполнува минимален критериум на дечко што не ја искористува (мислам ), одма ваква е, таква е. На крај краева, ако мислите дека ќе и тешко да најде таков каков што она бара, што ви менува вас? Ќе си бара и најде каков и одговара.
Членката е на почетокот на врската со типот. Не се долго заедно па да му се меша во финансиите, со кого живее, дали имал стан, дали бил шетан, дали имал големо друштво и слично. Ако бараш нешто, мораш и да понудиш. Ако има она сопствен спрат нека одат таму, штом толку сака, за почеток. Ако не сака, нека си најде некое богато батенце кое нема да ја есапи 3 посто. Не знам од кога ви е мерило за самосталност и зрелост колку некој е шетан, дали има стан и дали живеел со неговите родители. Се кука за добри дечковци, ќе се најде, после гледаат да му најдат маана што нема врска ама добро. Ете мене никогаш не ми играла улогата длабокиот џеб на партнерот и станбеното прашање. Ама тоа сум јас. Мене ми е важно да ме сака и почитува, да биде покрај мене и во добро и зло, да ме подржува па дури и критикува. Ако еден ден одлучиме за нешто свое фала богу имаме мозок и ќе се снајдеме а не да чекаме од други. Најслатко е кога имаш нешто свое од сопствени пари заработени а не од мајче и татко.