Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Сосема се слагам. И го испревртеја мислењето на членката. Да зажали човек што побарал совет. Џизс |(
     
    На Konfetka, noteforself, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Зошто сме индокринирани да прифатиме и да трпиме се поради љубов, затоа темине за проблеми во брак се преполни.

    И нека ми објасни некој- зошто некоја девојка е материјалистка ако не сака врска со дечко кој дели соба со пола фамилија, а не е материјалистка ако сака да оди под кирија со мажот зошто свекрвата (која е на друг кат) се меша кај не треба?
     
    На FVP, crimson, Srckata28 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    А кај прочита дека треба и девојкава да се пресели со родителите од мажот и сите на куп заедно да живеат?
    И никој не рече дека е во ред на 27 години да живееш со родители ако можеш сам.
    Сите пробуваат да погодат зошто сеуште живее со нив, може плаќа кредит, може штеди, може парите му одат на некое место за кое членката не знае со оглед на тоа што одат само 1 месец.
    Муабетот е
    Оди си на работа, заработувај и не чекај од мажот.
    Пошо ако таа е самостојна и си седи под кирија, ќе можат кај нејзе да го поминуваат времето нели?
    Или мора кај мажот пошо мажот носи жена дома, не обратно?
    А пошо не е самостојна (спрат направен од мама и тато не значи самостојност), тогаш како може да очекува самостојност од мажот?

    И дечкото може да дојде на форумов и да пише, немаме каде да одиме пошо девојката не е самостојна, уште живее со нејзините ( во нејзин спрат живее ама и е срам да носи дечковци пошо спратот е сепак во куќата на родителите ).
    Значи двајцата живеат со родители.
    Ама проблемот е несамостојноста само на дечкото.
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Најверојатно долготрајноста на врската. :D

    Наместо да се сосече во корен, мора да биде пожртвувана за љубов, да дава шанси. Ние таква навика си имаме ко народ, да си ги решаваме проблемите 5 за 12.

    Еве илустрација:

    Решавање директно од старт VS. одолговлекување на ист проблем.
     
    На tinka-mace, Nausicaa, Bellaa1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    969
    Она што многумина сакаат да и укажат на членката (некои и на малку груб начин) е дека не е битна моменталната материјална состојба, зошто таа и те како може да се смени, туку се битни чувствата и се разбира карактерот на партнерот. Колку примери има што имаат на почетокот и спрат или свое станче, кола од мама и тато и цел живот стагнираат на тоа. А таа кола колку и да е сега нова, после неколку години ќе биде за отпад, станот за реновирање итн. Има и многу кои израснале во 2 собички, се труделе многу, заработуваат доста добро и постојано одат напред во животот. Материјалната состојба и те како се менува, ама карактерот не.
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, FancyCinderellla и 14 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски

    Јас ете на пример не можам да се мешам во негови работи и тоа на старт на врска.
    Бесмислено ми е.
    Која сум јас да се лутам што нема стан, што живее со своите, што не е доволно шетан?
    Членката од старт го кажа тоа колку е она шетана а нејзиниот партнер бил спротивно од тоа.
    Да имаа долга и сериозна врска во која што планираа иднина да сфатам некако ама вака ми нема логика.
     
    На cresa-jagoda, LadyR и nextredstyle им се допаѓа ова.
  7. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    5.918
    Можеби не сака да се оддели од неговите, има и такви... ти најдобро треба да си разговараш може и индирекно да го прашаш дали сака сам да живее, дали размислува за тоа итн. Така најдобро ќе дознааш. @dankee
     
    На WildMk, nextredstyle, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  8. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.490
    Уште од еден месец, шо е премалку и дали ќе бидат заедно, знае дома како му е, па колку плата и се меша. Јас вака да сум месец дена и да ми се меша во финансии и слично одма ќе го шутнам.

    Не сме на исти фрекфенции, дури се чудам шо се читам. Ама секој со свои критериуми, ако бараш нешто, треба и ти тоа да го понудиш.

    Едноставно е, ако толку сака типац со стан нека му направи услуга на детето и нека си најде друг. Или нека одат на спратот шо е од мајка е и татко е, патем.

    Да пишеше машко за истава ситуација, пуздер ќе го направевте.
     
    На cresa-jagoda, FancyCinderellla, nextredstyle и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Ама има разлика од тоа да му рече "Пресели се да живееш сам" до прашување "Дали размислувал да живее сам".
     
    На tinka-mace и raww им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Точно, само што не е тоа нејзин проблем, негов живот негови правила.
    Од каде она знае за што ги троши неговите пари?
    Од една страна сме - Не ми се мешај у животот а од друга страна знаеме и за плата и станбено прашање и кога прв пат рекол мама некој друг.
    Еден месец се заедно, не со години.
    Нека види како ќе тече врската па потоа нека размислуваат за тоа прашање а не преку леб погача.

    У осталом ако сака некој што живее посебно, со стан макар и под кирија, нека бара таков, не да му троши времето на дечково.
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    9.806
    Одолговлекување?
    Има нешто што се вика приватност, и работи интерни во фамилија во кои девојката не треба да се меша бидејќи ептен се на почеток, а не ги ни запознала, ниту пак се озбилни во врскава. Едноставно си има место и време за се'.

    Не може дечкото со 1 месец знаење да и каже се' за финансиската состојба дома, дали и што планираат, колку тој заработува и што прави на парите, и дали планираат шта би било кад би било. И плус пак што материјалното е релативно нешто. Ниту пак нема сигурно да си замине од дома само бидејќи таа така би сакала.
     
    На cresa-jagoda, FancyCinderellla, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Прашањето на членката беше: Дали личност што сеуште живее со родителите на 27 години, со финансиски примања над стандардните, е незрела? Можни одговори: а) да; б) не. А вие изнапишавте 50 страници реферати и навреди. Оти сте бе вакви?

    @Mantub Пошто јас пишав дека не е исто машко и женско да носат некој дома, а ти го напиша тоа минимум три пати. Што е она што те буни? Македонија, не е исто и точка. Не е тоа мое мислење. То е факт. Менталитетот на народот е таков. Членката нема таков проблем, јас се ставив на нејзино место и јас би имала, затоа и го истакнав. А вие одма ја нападнавте дека е материјалистка и истакнавте колку сте модерни и пожртвувани за љубов. Ајт по еден орден за храброст и пожртвуваност за љубов и да ја затвориме темава. Повеќе од очигледно е дека не помогнавме туку осудивме.
     
    На Konfetka, tinka-mace, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Членката живее сеуште со родителите.
    Спрат направен од мама и тато не е самостојност.
    Плус не е самостојна затоа што спратот е во склоп на куќата со родителите и нејзе и е срам да носи дечковци.

    Дечкото живее со родителите.
    Тој заработува поголема плата од нејзе.
    Ама проблем е што не бил шетан и немал толку пријатели колку нејзе?

    Дали шетањево и пријателите се проблем во врска?

    Пошо во однос на станбеново прашање, во иста ситуација се двајцата.

    Дури би рекла дечкото повеќе би можел да се пожали баш поради тоа што заработува поголема плата, а девојкава ја кажува неговата плата ко фактор во нивната врска.
    Ко демек, поголем плата заработува, зошто не ме однесе некаде?
    И дечкото може да каже, помала плата заработува од мене, не придонесува еднакво во врскава, морам некои финансиски потреби јас да и ги исполнувам :)

    Живеењето на мажот со неговите родители е проблем ако мажот не се дели од причини на несозреаност, а таа несозреаност може и во други ситуации да ја увиди.
    Ама
    За да барам таков зрел маж, треба и јас да сум таква нели?
    Треба и јас да заработувам доволно за да можам да живеам одделено од моите родители, а не на спрат што ми го направиле тие.

    @dankee значи ништо лично кон тебе.
    Повеќе знак на незрелост е човек што не оди на работа на 27 одколку уште да живее со родители на 27.
    Може има причина која не ја знаеш.
    А може и нема, може само од навика живее уште со нив.
    Ама тоа ќе го увидиш низ други ситуации.
    Ако е живее со нив само од навика, а е зрела личност, нема да има проблем да се оддели под кирија.
    Ама тоа не се прави во еден месец врска.
    Ама за да очекуваш од него да се оддели под кирија на пример, треба и ти да се одделиш.
    Пошо реално, двајцата живеете со родители.
    Да беше ситуацијава ваква: ти да живееше под кирија самостојно, тој не, сите ќе ти речевме, во ред е да ти смета.
    Ама тогаш немаше ни да не прашаш пошо ќе одевте кај тебе ако беше ти самостојна во однос на станбеното прашање.
    Не мора мажот да ја носи жената некаде.
    Пошо двајцата живеете со родители, двајцата треба еднакво да се загрижувате за тоа каде ќе го поминувате времето.
    Не да чекаш тој да те однесе некаде :)
    Не се такви времињата веќе, еднаквост во врска.
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, FancyCinderellla и 11 други им се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    9.806
    Го испушти делот каде таа се испофали колку е шетана по светот за разлика од дечкото, и по друштвена.
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, flawless. и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Епа да бара или да чека да тече врската? Што од тоа? И се нафрлија дека е материјалистка зошто и пречи тоа. И јас викам дека секој си бара по свои критериуми.

    Не е ни малку ако сакаат да стане озбилна врската. Не го прашува да и донира бубрег, ама за да одлучи дали може да е сериозна или не врската зошто да не го праша генерално какви планови има за иднината?
     
    На tinka-mace и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Членката што ја почна темава го пиша тоа, не знам како ти се пронајде.
    Знам дека е Македонија.
    Ама тоа не е оправдување.
    Ај ако не цел живот за комшиите живејте го.
    Ти ако би имала проблем, јас не би имала.
    Пошо мене ме заболе што мислеле комшиите за тоа кој доаѓа во моја куќа.
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda и Tan4ence им се допаѓа ова.
  17. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Кој спомна комшии. За родители зборував. За луѓе што живеат со родителите. За менталитетот на некои родители.
     
    На Konfetka и Nausicaa им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @Bezimenka90 ако не и одговара сега нека си најде друг, поимотен, ако го сака дечково нека не избрзува со решенија.
    Или џа или бу.
    Решението е нејзино.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    А родителите што мислиш за што се секираат?
    За мислењето од комшиите.

    И како си ти самостојна ако уште зависиш од мислењето на родителите, ако знаеш дека не правиш ништо погрешно?
     
    На Biljarkata и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Само измачување би било да продолжат било каква врска, ако не се компатибилни. Нејзините желби не се воопшто спорни. Знае што сака и е децидна на своето мислење.
    Луѓето не се менуваат туку така, подобро на почеток да расчисти, отколку после неколку години.
    И јас не би била со некој, ако моите интереси се деградирани. Услуга да правам на некого, а притоа себе си да си штетам, само полошо ќе направи.
    Секој треба да си гледа за себе да му е убаво, сега го имаш дечкото, утре го немаш, ама годините си можел да ги потрошиш на она што те исполнува.
     
    На Srckata28, christinnn, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.