Сака само секс ваљда ако само нуде хотел или автомобил што би правеле у автомобил знае се.. Шетањето нема врска можеби имаш шетано некаде ситно низ Европа тој можеби утре ке се спакува и ке оде на Хаваите и ? Тоа е релативно, можеби има кредити ова она не се толку лесно осамостојува во Македонија, ти со твоите живееш? Ако живееш со твоите и ти спаѓаш во тој ранг.
Абе точно дека секој има право да бира каков партнер сака. Проблемот е што некои бараат многу, а самите нудат помалку од тоа.
И тоа е пак нивни проблем. Врска треба да е помеѓу двајца што се задоволуваат меѓусебно. Ако таа личност што многу бара, а малку нуди ќе си најде некој што многу нуди, а ништо не бара и ќе си живеат среќно до крајот на животот. Ептен сте преокупирани со туѓите желби и можности
Ама не е мешање Или ми одговара или не, до толку е лесно. Никој за никого не треба да се менува, тоа е муабетот. Никој не треба да биде жртва за љубов. И баш дека сум го правела тоа, и на своја кожа сум осетила, затоа и вака зборам. Никој „фала“ не ми кажа што сум била фина и полна со разбирање. Што сум чекала, жртвувајќи си ја својата среќа. Не може да се чека месеци и години да поминат, очекувајќи дека работите ќе тргнат на подобро. Затоа, или ми одговара сега во моментот (или ептен во блиска иднина) или не сме еден за друг. Еве пример: Јас во мај останав без работа. Да запознаев дечко на кој ќе му беше проблем што немам пари за шетање, викенди терање, немаше да зборам: „Леле, каков материјалист“. Негово право е да си бара соодветна партнерка. Нема да очекувам да се затвори дома поради мене. Не е материјалист, реален е. Материјалист е да бара девојка со свој стан, висока плата, своја кола, викендица итн. Исто, сега да запознаам дечко за кој поим за добар провод е качување на Водно (или било која планина, небитно). Секој ден, пред или после работа Водно, после пивце и во кревет. За некоја тоа ќе биде идеален живот. За мене не е. Кој е лошиот тука, јас или тој? Никој! Едноставно не сме компатибилни Тоа е целиот муабет тука. Ако не ти одговара нешто кај партнерот, а ептен сте на почеток, подобро сега секој по свој пат, отколку после неколку години нервози, фрустација и најскапото- неповратно потрошено време.
Можеш да бараш од дечко да е во иста ситуација ко тебе. Не можеш да бараш желбички да ти исполнува пошо тоа е материјалистички в крај. Двајцата живеат со родителите. Двајцата заработуваат, а тој повеќе од нејзе. Тој е во подобра ситуација финансиски од нејзе. Така да, ако некој треба да раскине, пологично е тоа да е дечкото. Пошо девојкава е таа која чека тој да ја однесе некаде. Имај си свое, нема да чекаш никој никаде да те носи
@Mantub, епа да де да, тоа е муабетот. Не се во иста ситуација и тоа предизвикува проблеми уште од сам старт Нејзе и смета и затоа побара мислење. Исто, и на него ако му смета што девојка му не сака да се ебава по хотели и коли, нека и раскине Ќе преживеат и двајцата Тоа што остана неодговорено е: @dankee 1)Во какви хотели сака да те носи? Зошто ако станува збор за швалерски, мислам дека не вреди да си го трошиш времето со него. Навреда е. 2) Дали сака да доаѓа кај тебе? Ако финансиски стои океј да може да седнете на јадење, кафе, да прошетате, мислам дека не е страшна ситуацијата, се додека тој е согласен да доаѓа кај тебе. Ако удрил на плачки дека срам му е од твоите, а не му е срам да те носи во темници, истото од погоре- не вреди да си го трошиш времето со него. 3) Дали навистина се тројца во соба или тоа ти го кажал како оправдување зошто не те вика кај него? Доволно е самообјаснувачко прашањево
За прашањето под број 1 стварно испаѓа дека ти си го додаде тоа "швалерски" за драма малце? Значи девојката сепак не спомнала поинакви швалерски хотели, туку ти го внесе тоа, океј 2. Не кажа дали него му е срам, кажа дека нејзе и е срам да го носи дома. Значи таа не сака, пошо било срамота женско да носи дечко дома.
@Mantub, напорна си бре жено Бараш кавга ама нема да ја добиеш. Остај ја @dankee да пише, па ќе имаме појасна основа за совет. АКО тој сака да оди кај неа, значи за дел за од проблемот има решение. И да, огромна разлика прави тоа во каков хотел сака да ја носи. Ама да почекаме прво да одговори девојката.
Каков е тој швалерски хотел? Не знам каква врска има типот на хотелот, очигледно дека не е долгорочно решение. Мислам дека треба да се запознаат подобро, да се снајдат за гледање одреден период па ако им е убаво заедно сигурно дечково ке преземе нешто во врска со тоа.
Од крајност во крајност се оди. Не можиш да очекуваш нешто од партнерот кога и самата не можиш да го понудиш истото за возврат. Пример како што не можам да му се лутам дека уште живее со родителите кога и јас уште живеам со моите. Не можам да му се лутам што не можи да купи авионска карта ко ќе ми текни и да шетаме некаде кога и јас истото не го можам. Не можам да му се лутам што нема посебен стан, викендица, незнамшо, кога и јас немам. Еве своја кола има, ама и да немаше пак ќе бев со него бидејќи знам колку се труди човекот. Битна е амбицијата за напредок, желбата да се смени моменталната ситуација. Не е тоа пожртвуваност за љубов, и јас се согласувам со тоа дека само од љубов не се живее. Треба двајцата да се трудат да постигнат нешто. Најубаво е кога заеднички си изградите иднина каква што сакате. А не едниот да чека на готово од другиот и да не сака ништо да прави со него ако не е доволно "самостоен". А и во кој век живееме уште да чекаме на мажот нешто? Крај краева сама овозможи си го тоа наместо да го бараш од друг. Знам дека секој си има различни критериуми, ама превисоките очекувања се исто толку лоши како и прениските.
Оние хотели каде одиш една вечер само за секс. Иначе сме биле со мм (во брак, земени) во ваков хотел и многу убоо ни беше. Само сеа се замислев дали му бев жена или швалерка таа ноќ? А многу сакам кога некој ќе побара совет или мислење и ќе исчезне, а ние ќе оправаме криви дрини на 100 страни за тој проблем
Иначе во било кој хотел можеш да појдеш, да земеш соба и да ја напуштиш истата за 15 мин, пола час, 5 часа, небитно... И во скапи хотели се носат швалерки, а и во евтини се носат сопруги.
Читајќи ваква тема а и било која друга, млади девојќи (горе-доле на моја возраст) кои пишуваат дека не е битно ама баш ништо, ни кола ако нема, ни соба ако нема, ма ништо не само материјалното туку баш ништо туку девојката треба да си е среќна и да си трпи што ете "ја сака". Како да ги слушам мајка ми, тетките, вујните а и бабите кои велат дека се се трпи и се преминува преку се само затоа што ете "те сака"...
Важно е кола и стан, се е важно ама сама да си заработиш. Ко тетка и баба звучиш само кога чекаш од мажот да оди да ти донесе. Како порано што седеле дома бабите, а мажите носеле пари. Која година сме пак ќе речам, уште да гледаш дали има мажот пари за тебе доволно, а бе стани оди заработувај си и не чекај од никого
Хахахах ама каде јас реков дека барам и чекам од него. Јас сум прва против такво нешто. Еве конкретно јас си имам свој стан. И не сакам ниту да ми плаќа ни кафе ни ништо. Зошто обожавате да испревртувате не ми е јасно..