Си читате како ви одговара. Ок. Една грешка во пишувањето јер нема што да се каже друго. Да ајде да се смееме ко малите деца..
Девојката не ни сакаше да се пофали дека е исшетана, туку сакаше да потенцира дека во одредени полиња мажот е на некој начин повлечен: не е толку друштвен во споредба со неа и не сака шетања. Не знам за вас, ама многу често кога некој одговара на прашањето "Кој е вашиот идеален партнер?" се потенцира желбата за патување, сигурна сум дека во некоја тема може да се најдат такви одговори. Секоја ситуација е уникатна. Не сакам да зборам криво за мажот, ама не можам да кажам дека не ми е чудно на 27 години да живееш во иста соба со 3 души и да ти е удобно така, без сопствена приватност. Ама не е ни тој битен. Ако сака жената маж кој живее посамостојно, тоа нека го бара. Има право да размислува на оваа тема, сепак има 26 години и самата си кажа дека не е во фаза да стапи во врска па да види каде ќе одведе. Најубаво е да е во врска во која е задоволна од почеток и која и изгледа трајна.
Комуникацијата е клучна во се, па наместо тука, нека седне и нека си разговара со дечкото. Ете на пр. речи му: Јас сакам сериозна врска, ти вработен, јас сум вработена дали би сакал да сме цимери . Друго: еј знаеш сум била таму дали би сакал да идеме заедно итн. И ќе си видиш дали е до него или до тебе. Како што пишав претходно, ако се сака ќе се најде решение, ако не ќе се најде изговор. Ако не разговарате, ако нема разбирање и не се прават компромиси, пиши пропало.
Ама битно се бориме за полова еднаквост... А чекаат нивните „критериуми и стандарди“ некој друг да им ги исполни, а не се потрудуваат да тргнат од самите себе и да направат некои промени.
Кои идеализирања, дали и во реалниот свет се водите според истите? Ако ви смета нешто, да немате приватност, да не отидете да прошетате некаде, нема да работите да ги смените тие "дадености"? А, кога се е поврзано со пари денес, ептен глупо станува кога почнува да се полемизира како материјалните добра и финансиите се небитни. Кога се небитни, зошто не живеете без пари? Ете, дишајте само воздух со тие околу вас и бидете среќни ако можете. Зошто ви е храна, облека, телефон, инетрнет? Не трошете пари штом тие се неважни. Пардон, не правете пари уопште за да имате да ги трошите штом сте среќни без нив, иако не знам како тоа е можно. Секој со својата черга, кој колку има и сака нека троши. Ако сака повеќе, нека најде начин да дојде до повеќе пари за да има и може да си овозможи што сака. Доста со морализирање што е многу и малку за некој друг, тоа за вас само оти и така повеќето сте ограничени од икс општествени бариери.
Девојката си сака да патува, сака да има партнер со кој ќе може да ги дели своите желби и интереси. Ја не би му купувала авионски билети, не знам за другите. Ќе си најдам некој што сам ќе си го финансира својот дел од патувањето. Тука не станува збор за полова еднаквост. На крај краева, зошто да не сака финансиски поткован партнер?! Нема тоа никаква врска со феминизам и сл. Барем јас така размислувам. Сакам стабилност, сакам амбиција, сакам сигурност. Тоа не значи дека чекам од некого да ме спонзорира. Ама па и не сакам да живеам со помислата, ај можеби некогаш ќе го биде. Тоа се гледа уште на почетокот, како, зошто, размислува.
Па баш дека станува збор за полова еднаквост.. Женската си вложила во себе ете има работи што ги видела, прошетала се збогатила со одредено животно искуство вложила во себе и утре да заврши со некој лешпар што нема никаква амбиција освен тоа дома и на работа да си оди и ништо друго дај немој да ме ј.... бре Па зашто она да е должна да трпи таков ? Сеа немој пак да се ипреврти и моето кажување. Не оправдувам некој да треба туѓи стандарди да исполнува или да го издржува баш заради тоа и ја воочив половата еднаквост што си ја пишала значи не треба жената да биде НАЈ или па мажот. Треба еднакви вложувања и стандарди. Она ако се труди постојано да издигнува некој што се сместил во комфор зона и му е така убаво и нејќе да мрдне со прст тогаш пиши пропало. Ќе го викне три пати кај неа 100пати ,а он шо ? Ајде можеби нема услови и сето тоа ама за една сериозна врска треба да се размислува на поширока слика.. Ај ако не нека се пресели кај неа пошо пак ќе кажете од мажите се очекува да имаат и кола и стан и се ... Ако некој нејќе/неможе да си дозволи нормално гледање каде ќе има заедничка симбиоза тогаш не треба да се размислува воопшто за вакво нешто, а сосем другачие е ако се нема услови ама се отвараат картите и се размислува за решение.
Лешпар? Прочита убаво дека дечкото си работи и зима 3 пати поголема плата од нејзе. Не е крив он што се родил во фамилија која нема палата за живеење. Од каде заклучи дека дечкото се сместил во комфор зона? Баш изнесените факти спротивното го кажуваат. Девојката што го прошетала светот или има спрат во куќата на мајка и и татко и, нејзина заслуга да не е? Со нејзини пари ја има градено куќата сигурно и шетано низ светот... Какво искуство вложила во себе незнам, просветли ме. Ги вложила парите на родителите. Еднакви стандарди би биле доколку девојката има свое сопствено живеалиште, кое сама го платила со свој труд и работа. И сама си купила кола, шетала светот и слично. Бидејќи тогаш верувај многу поразлично ќе гледа на целава ситуација. А не живее на спрат кај мама и тате, па сега ругај го дечкото дека живее дома со неговите и после 1 месец гледање не може да те однесе дома, не живее сам.
Стабилност и амбиција не одат секогаш со финансиска поткованост. Млад човек може да биде амибициозен, но не мора да значи дека е финансиски поткован. Но, ако продолжи да се труди и да има амбиции, сигурна сум дека за некој период ќе биде. Во случајов девојкава замижува на фактот дека човекот се труди, и има амбиции, туку цели на тоа дека не е финансиски стабилен. Никој не рече карти да му купува, дечкото сиг не ни побарал нешто такво од неа. Да побарал, сиг ќе го имаше напишано тоа членката.
А чекај чекај ти од кај знаеш идали маме и тате и го купиле станот/ спратот или што и да е и дека никакво искуство не вложила во себе и дека ги користи парите на родителите ајде просветли ме прво ти мене ??? Како прво не ругам никого само изнесувам дека треба да се вложува заеднички во една врска, а не само едната страна да се труди.
Јас стварно не знам што е битно дали е купен од родителите па и го поклониле или сама си го заработила. Ако јас имам кај да го викнам многу јасно дека ќе очекувам да и тој има каде да ме викне а не да ми рече у кола или мотел/хотел. Значи не барам ништо повеќе од што можам да дадам. Ако ми се шета, јаде, пие плаќам. Ама не можам се на себе да превземам. Ако викендов ми се иде у Охрид пример ќе платам хотел и се др што треба. Ама не секој пат и се треба да се дели. Не дека ќе речам јас платив сега ти си на ред, ќе платам и 5 пати по ред ама како што кажав не можам се на себе да превземам, треба и тој да се вложува во врската.
Спрат рече. Па во куќата е со мајка и и татко и. Не познавам некоја девојка која сакала да биде самостојна, и отишла да живее со родителите во иста куќа, и си изградила спрат, и да го прошетала светот, а да има 26 години и сето тоа со нејзини пари, а сама рече дека не заработува мн и дечкото 3 пати повеќе заработувал од неа Има исклучоци да, ама се 1 во милион вакви што испеале. А во Македонија сигурно и мн поретко. Плус, да беше стварно нејзино живеалиштето, не гледам причина зошто да не одат таму...
А,бе зошто го игнорирате тоа дека само месец дена се во врска? Тек почнале.Не можат за толку кратко време да знаат баш сè еден за друг.Не може за толку време да ја вика појше да седи кај него. Штом она има нејзин спрат кај неа дома нека го вика повеќе.Не е битно што ќе речат комшиите. А,и да е до нејзините родители,рано е бре,треба да помине повеќе време за да видат кој е,што е,каков е... Ако е арен,не верувам да им пречи да го гледаат. И де,не се сите хотели страшни.На крај краева,нека идат на викенд некаде. И аман не е срамно да се живее со родителите.Нема секој услови да се оддели.
Па зашто постојано кај неа да одат? Веќе како што истакна дека живее со родители и не заработува ништо( на некој начин ти ја ругаш девојката пошо глеам си за полова еднаквост многу) на што личи тоа ? Па уште и по хотели да одат безвезе и срамота. Што она нема достоинство ? И да девојка може да има и 26 години и да го постигне сето тоа ако сака нема зашто да дискриминираш на овој начин.
Според напишаното, не би рекла дека дечкото е незрел. И не гледам дека дечкото е крив заради твојата незадоволност. Сфаќам дека си имаш желби и потреби, но не можеш да бараш од друг да ти ги исполни. Идете само 1 месец, што е прилично краток период. Претпоставувам не планирате иднина уште од сега и затоа не разбирам зошто неговата состојба т.е тоа дека нема сопствен простор е пречка. Ако имаш поубава можност да понудиш, свој спрат и кревет, зошто чекаш на него? Тој ти понудил неколку опции, кои реално може да ги исполни, ако не ти се допаѓаат тогаш понуди ти нешто подобро или ќути си зашто немаш право да се буниш. 50-50, фер. Доколку, во иднина, се решите за посериозен чекор, на пр. брак или заедничко живеење пак неговата ситуација не би претставувала проблем. Ќе си обезбедите стан, но заеднички, а не само едната страна. Бидејќи се уште не сте се одлучиле на тој чекор, нема зошто воопшто да се интересираш за неговата семејна состојба.
Може да читаш поубаво прво? Никаде не реков дека не заработува ништо, туку дека заработува ПОМАЛКУ. Не ја ругам, само потенцирав дека со мала плата на 26 години не може во Македонија да имаш завршено факс, прошетано светот, да имаш своја куќа и слично. Дај ми еден пример за некој овде кој успеал со сопствен труд да го постигне тоа на тие години. Еве јас сум 25, можам слободно да кажам дека неколку години сум 100% самостојна, сама си ги плаќам сите трошоци, и не живеам со родителите. Имам прилично висока плата за наш стандард, но не сум ни прилично блиско да си купам своја ќуќа...
Девојката живее со родители. Дечкото живее со родители. Кај него не можат да појдат пошо нема место. Кај нејзе не можат да појдат пошо нејзе и било срам од родителите да носи дечко дома. Двајцата се во иста ситуација, а сепак девојката чека тој да ја однесе некаде. Зборувај ми за родова еднаквост.
Не е таа поентата секој си трга од себе и ништо не е невозможно. Не би полемизирала за тоа кој што и колку може да си обезбеди бидејќи секој различен пат чекори туку колку взаемно ќе биде вложувањето во една врска и зашто едната страна да се труди повеќе а другата не. Ако на девојката и смета тоа секако си има избор да си направи али пак ќе кажам секој со своите гледишта и амбиции во животот. Девојката живее со родители. Дечкото живее со родители. Двајцата се во иста ситуација, а сепак дечкото чека таа да го однесе некаде. Бидејќи не се исклучува и оваа можност.. И можеме да збориме до утре за полова еднаквост.