Значи дечкото дава разумни опции, не чека од неа ништо. Не ми се верува еј... Како може да се забега од темата, да ги испревртите работите и занемарите фактите, и на крај излезе дека дечкото чека таа да го однесе некаде Трагикомедии.
И какви амбиции се тие да чекаш од мажот да те однесе некаде, а ти да си во иста, или полоша ситуација од него, а да му се лутиш него пошо не те носел. Шо амбиција е тоа? Амбиција е да заработуваш сама, да постигнеш се што сакаш сама, не е амбиција богат маж да бараш. Амбициозни бре
За мене разумна опција освен вон ресторани како шо пишала девојката гледање во кола и хотел не ми е ако зборуваме да се премине во фаза на сериозна врска..
Луѓе, после ова нема ни што да се оправдува членката ни да се соли памет, јасно е за каква личност станува збор па вие до утре расправајте се и измислувајте приказни за дечкото
Џабе објаснуваш. Јас велам си плаќам се и не барам и не чекам од друг а ме нападнаа демек јас чекам тој да ми плаќа.
Епа ако не ти е, повели понуди подобра опција, зошто да чекаш на мажот, зошто мора ТОЈ да те носи некаде, а не ти него?
Некој има амбиции да постигне нешто во животот, да биде задоволен од сопствениот успех. На некој пак амбициите му се ограничени на тоа да изберат некој со што повеќе материјално богатство Не сакаат да се мачат во животот Можеби не се криви ни самите, толку им се умствените можности и таленти.
Па нема потреба ниту да го носам ниту да чекам да ме носи Ќе си најдам некој каде што ќе имаме заедничко вложување во една врска, а не само едниот на готово да чека безразлика дали е маж или жена. Едноставно е.
Колку сте досадни со таа родова еднаквост, како слеп за стап сте се фатиле. @dankee да се јави на главна каса да разјасни некои работи.
Па јас да сум на пример, не би сакала да преминам во сериозна врска ако знам како другата личност (во случајов девојката) размислува.
Едноставно е ама тешко е они тоа да го разберат.. И не дај Боже они да не се во право.. Како малите деца. Смешки.
Епа ако вложувате заеднички, не знам ни зошто го правиме муабетов. Членката што ја почна дискусијава никаде не напиша, "сакам да вложиме заеднички, ама од негова страна нема иницијатива". Таа си пиша "тој да ме однесе некаде". А пошо после 1 месец врска сигурно нема да вложувате во ништо заедничко Најубаво е да си ќути секој, да не му префрла на другиот, пошо двајцата се наоѓаат во иста ситуација.
dankee да не си се забавуваш ти во меѓувреме со повеќе души? А со овој си на две столици, од една стана ти делува ситуиран, од друга страна на некој начин прост?
лабавоо Да де .. Иначе пишав што би било кога би било и би се преминало на следна фаза во сериозност...
Благодарам на сите коментари, и оние кои ме раазбираа и ми ја сфатија поентата и оние кои не и дадоа своја перспектива за ситуацијава. Па ќе видимее ... Фала ви ❤️
Леле... Цел ден ја тупите со @dankee што и како да прави , а може таа конечно пуштила душа, не послушала и сега со дечкото филм гледаат кај неа на спрат. Не дека многу ќе се изгледа од филмот...
Нема да те наречам материјалист,ама ќе речам дека за еден месец врска имаш преголеми очекувања. Дај му време. Глеј да ти е убаво со него,има време за други нешта.
Поарно со некој што те сака на клупа и цене отколку со некој што ке те смета за потрошен матријал во Хилтон.