Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Јас уште не сфатив зошто таа е материјалист. Да беше материјалист ќе и пријаше што тој има авто и ќе му кажеше да, носи ме во скапи хотели.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Не е нормално 27 годишник да живее со родители, па и во детска со уште двајца. Посебно доколку имат добро платена работа-во најмал случај да живее со цимери. Раното осамостојување е најдоброто нешто што една единка која цели кон лично надоградување може да направи. Ќе научиш животни лекции од одржување на домот, водење буџет и лични финансии, учиш како да се справуаш во личните и правни обврски, да се храниш и водиш есап за личното здравје.
    Девојката воопшто не е материјалист околку очекува од нејзинот потенцијален партнер, кој патем наближува 30 години, да не се однесува како тинејџер. Замисли остане со него бидејќи е добар, чесен, бла бла, а он чека од мамичка да му ги испере гаќите или пак можеби неговата фамилија го користат како cash cow па после во брак исто нема да може да им каже не и ќе се очекува и од снаата исто.

    Жени, не си ги спуштајте стандарите.
     
    На Hellobeautiful, christinnn, x.Daisy.x и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Па ако живее со неговите уште не значи дека не придонесува дома и дека мајка му го пере.
    За неа заклучивте дека е самостојна само зашто имала свој спрат, бре.
     
    Последна измена: 30 септември 2020
    На Nane2356, cresa-jagoda, Jana06 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    А што значи 27 години да живееш со браќа/сестри во детска соба? А имаш солидно платена работа. Друго, не знам колку е она самостојна, ама да не се лажеме кога женските се несамостојни и се омажат, тогаш принуно и набрзински се осамостојуваат бидејќи се очекува од нив да водат домакинство, а е ретко така за машките.
     
    На x.Daisy.x, Angie1432, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Во првиот месец ако нешто не ви штима во врската, натаму уште помалку ќе ви штима.

    *без разлика што е тоа што не штима
     
    На Avery, H.VAGA, Izaabella и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    А пред да се омажиш не треба да бидеш самостојна?
    Он и во таква ситуација може да е повеќе самостоен од неа.
    Зашто никој на неа не ѝ рече да се оддели од родителите?
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, Billy Idol и 8 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Ако некој има услови да живее самостојно, зошто да се туткаат 100 души во 50 квадрати?
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.104
    Допаѓања:
    131.512
    Пол:
    Женски
    Дечкото не е должен да се оддели од неговите заради девојка со која еден месец е во врска.
    За толку кратко време она не може да знае баш сè за него,а ни он за неа.Можеби има некои долгови за кои таа не знае,можеби штеди пари за некогаш да се оддели,можеби парите му се за нешто трето потребни.
    Некои луѓе не се делат од родителите и тоа е нивен избор и нивно право.Тоа не ги прави помалку вредни.
    Ни нивото на доверба не е 100% на почеток.Не треба ни да ја интересира неговата финансиска состојба(тоа тек ако некогаш почнат да живеат заедно).
    Ако некого вистински го засакаш,и да е парталав ќе ти е арен.Битно е да е добар,чесен и вреден човек.Ако ги нема тие особини,џабе е останатото.
     
    На IRBBB и Wh@tev3r им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    А зошто подобро ваков или таков, кога можеш се да имаш од некого?
     
    На x.Daisy.x и dankee им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Има еден канал на јутуб Dating beyond borders и прикажуваат како е да се излегува со дечко/девојка од различни националности.
    И кога гледам за некои држави , Германија, Холандија, кога дечкото се нуди да и плати пијачка на девојката, оваа го гледа онака чудно, дури и навредено.
    Секако тоа е прикажано на хумористичен начин, дека сами си плаќаат и не чекаат од никого.
    Овде - зошто не ме однесе некаде (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, IM.TMKQ и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Ама фер е да знае :) Зошто ако партнерот е заглавен во опасен кредит кој ќе треба да го отплаќа уште дооолго, и ако таа ситуација може да ги стави сите останати поголеми планови на пауза (живеалиште, дете), тогаш треба уште на почеток да се пристапи отворено. Па ако другиот е океј со тоа, супер. Ако не е, пак супер.

    Познаничка дозна за спичканиот кредит на глупости на маж и (земен уште пред да се запознаат) дури кога беше пред породување. Безобразно е.

    И да нема недоразбирања, едно е кредит за кола, за стан, за спрат. Тоа доаѓа како инвестиција во заедничка иднина. Ама пример, кредит за отплаќање на долгови на родителите? Ок, тоа е несебична жртва на детето ама партнерот/ партнерката треба да реши дали сака да се жртвува за нечии туѓи родители.

    Ова е разбирливо, за пофалба и сосема ок.

    Точно, нивен извор и нивно право. Ама тогаш нека не унесреќуваат уште една личност. А најчесто и не е само една личност, туку повеќе зошто и деца евентуално ќе се родат.
    Ако не сакаат да се делат од мама и тато, тогаш нека си бараат пријател/ка со бенефиции и нека тераат така. Јаре и паре нема.
     
    На tinka-mace, FVP, raww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.892
    Пол:
    Женски
    Секако дека е фер да знае, но не по само месец дена гледање, ако разбрав добро не се ни во врска. Тој нема апсолутно никаква обврска да споделува со неа толку лични работи, толку брзо.

    Во контекст на проблемот, не знаев дека од маж на 27 годишна возраст се очекува да има добра работа, солидни примања, сопствена кола и сопствен стан. Кажете ми како очекувате некој на само 27 години да го постигне тоа? Заборавивте за момент каде живееме?
    Освен оние кои студираат во други градови, јас не познавам личности кои своеволно заминале под кирија само за да не живеат со родителите. Разбирам дека е проблем во поглед на приватност, носење девојки дома, ама исто така разбирам каде живееме и кои се можностите. И можеме да нагодуваме до утре, ама пак нема да знаеме какви планови има дечкото, дали можеби штеди, дали ја земал колата на кредит или планира да оди на пат околу Европа. Она што барем мене би ми било најбитно, е амбицијата и желбата во иднина да створи нешто свое и да се оддели од родителите секако. Ако тоа го има, не гледам зошто би ми сметало што моментално живее со нив.
    Се сложувам со тоа дека секој треба да си бара она што му одговара, ама да не се правиме дека со дечкото нешто не е во ред, само затоа што мама и тато не му купиле стан или не му изградиле спрат. 90% од неговите врсници кои сеуште не се во брак живеат со родителите, па дури и оние кои веќе имаат сопствена фамилија.
     
    На IRBBB, cresa-jagoda, Jana06 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.490
    Кога читам некои коментари, како да не живеете во Македонија.

    Јас не знам некој кој работи во својот град, да седи под кирија.
    Сите сакаме сами да живеме, ама не сме Германија, Швајцарија.
    Освен ако не му купат мама, тато или баба да му даде стан, или нелегално ,за мене не е нормално на 27год и машко и женско да имат сопствен стан, кога знаеме во каква држава живеме со какви примања.
     
    На Martka, H.VAGA, IRBBB и 11 други им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.694
    Пол:
    Женски
    А самата таа ако живее уште со родители и од мајкаи траже по 100 денара за кафе. Жени фанете се за работа и осамосталувајте се не тражете осамостален партнер.
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace и Mantub им се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.694
    Пол:
    Женски
    Пример јас имам 21 година со тој што се гледам веке 4 месеци има 22 знаете кај се гледаме највеке во кола седеме, викенд диско, друг град ама преку неделата седеме во кола и баш ми е убаво, не планирам ништо озбилно секако, дружба, љубов, забава. Секако малку време се гледаме нема јас да му кажувам дали со мајка да живее во детска или во палата тоа е негов избор. Ако дојде до нешто посериозно јас си имам позади мене работи и од родителите и работам и не ме интересира дали има стан некој и е осамостален.
     
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Јас сум слободна целиов период, и тој исто. Сакав почесто гледање, тој инсистира еднаш во неделата.
    Почитувам тоа што кажа, но се чувствувам како тој да ми одредува кога да се гледаме. Му реков малце ми е еднаш во неделата, тој си стои на неговото дека му е многу гледање.
    Почна да ми зборува па немаш ли друга работа, само јас ли сум тука, а знае дека се истргнав од моите пријателки, тие две што останаа си се со своите дечковци, немам хоби, не сум на работа периодов..
    Ме напнува ситуацијата многу, особено што не можеме да направиме одлука што ќе биде океј и за двајцата.

    Едит: скоро 3 год. сме заедно, ваљда скурчено му е веќе или појма немам шо му е проблемот..
     
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Вака јас гледам на ова:

    Тој сака да се гледате еднаш неделно. Ти сакаш почесто гледање (да речеме 3-4 пати неделно).
    Овде би требало да има некој компромис и да се гледате на пример 2 пати неделно.
    Дечко ти си стои на неговото дека доволно е еднаш. Во превод не сака да прави компромис.

    Е сега на тебе останува дали си ок со тоа да продолжиш или не си ок и да раскинеш.
    Јас лично би раскинала. Не заради реткото гледање. Повеќе поради фактот што не сака да прави компромиси. Не гледам како тоа би функционирало.
     
    На Mikha4, H.VAGA, IRBBB и 10 други им се допаѓа ова.
  18. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Искрен разговор само. Која е причината да се гледате еднаш неделно кога сте слободни и двајцата??? 3 год во врска сте, сигурно и сексуално сте активни, па според неговово само за тоа ќе се гледате.
    Размисли дали ти одговара таква врска. Јас би прекинала зашто мислам дека има друга на која и посветува време... А и како што спомна членката: ако нема компромис, џабе е се.
     
    На Avery, Роберт 7, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.909
    Допаѓања:
    24.184
    Пол:
    Женски
    Провери си добро што прави останатите 6 дена во неделата.
    Најдобронамерен совет.
     
    На kim.k, Darlingzz, Avery и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.016
    Пол:
    Женски
    Кога ги прочитав на поголем дел од мислењата се чудам дали ова што го применувате е само на Фемина форум или и реален живот.
    @dankee воопшто не си материјалист, да би била јас на твое место искрено ако искрено ми се свиѓа типот би разговарала на темата дали тој уште долго би планирал да живее така со неговите. Ако типот се труди во меѓувреме за нешто да постигне тоа е друга работа, но ако има примања замисли, има доволно примања а нејќе да се оддели на 27години, во една соба со родители, не би премижала. Викате имат спрат, ама зарем би било вкусно тој да виси 24/7 кај нејзе а тој да нема кај да ја однесе? Ете, ќе го викне неколку пати и што потоа?

    Неможете да споредувате некого на 22години и некого на 27 години да се шета нон стоп по клупи и паркови, и да оди во хотели. Очекувањето на 22годишна девојка и очекувањата на 27 години би требало да бидат различни. Зошто на 27 би губела време со некој и да играм на карта ако нешто се смени. За такви работи се разговара уште во старт. Не е исто дечкото да нема никакви примања моментално па да живее со неговите, и не е исто дечкото да има примања а да неможе да си дозволи едно собче, чисто за приватност и потреби на 27годишник.

    Еве другарка ми има 23 години. Дома нејзините неможат многу да и овозможат, девојчето си најде работа, почна да живее сама, без цимерки, во собче каде има доволно само за нејзе и нејзните потреби.
    Немора да биде стан, нешто луксуно, доволно е мал простор, и ова не, не е луксуз. А човек од 27години со добра плата според мене би требало да си го овозможи тоа.
     
    На Elf, tinka-mace, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.