Сакал да прошета со другари, има хоби си се посветувал на него, сакал да игра игрици, а нема врска тоа што е 24год и повеќе му е ќеиф му е да го прави тоа.. Ме напна демек ако немаш што да правиш ти, јас имам што да правам.
И да се гледаш со другари, и на работа да одиш и хоби и игрици, пак малку е еднаш неделно да се гледаш со партнер од 3 години.
За еден месец гледање? На прв дејт со финансиска состојба да не излегуваш пред некого? Првиот месец е секако период за запознавање, не за листање на имотна состојба, родбински врски со фамилија до трето колено, примероци од столица и и слично. За месец дека тешк дека и тој има некоја доверба во нејзе да се отвори целосно. Едноставно, месец дена се во врска, не дека непто вложила кој знае што. Нека му раскине и мирна глава на сите. Нејзе најмногу, оти штом уште на почеток не се мирно, после до прва нема да се.
Јас мислам дека дечко ти или се оладил има друга некоја. Ајде тоа што ти рекол дека еднаш сака да се гледате, па зошто и да го одредува денот кога ќе се видите? Досега се гледавте исто така или? Ако не, мислам дека на овој начин сака да се оддалечувате се додека не се оддалечите скроз. Разговарај со него отворено, и кажи му дека ова не ти е океј, како некое пишано правило строго еднаш во недела. Ова не ми штима, би се навредила јас. Ако и после разговорот и компромисот не делува, денот кога ќе ти го одреди да се видите одбиј го. Колку и да сакаш да одиш одбиј го. Ако тој игра на карта игнорирање, и ако не биде доволно искрен по разговорот се што ти преостанува е да го направиш истото и тој. Ако нема ефект и ако му е сеедно, е тогаш се знае.
Јасно ми е се мене, барав мислење за да видам дали преовеличувам. Последниов месец само за тоа зборува, ние најмногу се гледаме од сите што ги знам, а нема врска сите што ги познавам си излеваат 3-4 пати во неделата. Сега нешто зборува па ако сакаш толку да се гледаме, да сме се гледале еднаш низ неделата и петок, сабота. Недела е optional. Ме нервира што тој одредува денови. Зошто како секој нормален пар да не си се гледаме толку често. Претходно му имав кажано, ако утре сум ти жена, зар ќе бегаш од дома бидејќи секоја ден сме заедно? Почна да збори не ми мешај сега со брак..
Жалам што ќе бидам брутално искрена, но сметам дека твојот партнер нема воопшто интерес да биде со тебе. Претпоставувам се гледате само за секс, колку да се испразни. Маж ми, пред да ми биде маж, светот ќе го превртеше само да ме види. Иако кај мене обратно беше, се гледавме еднаш неделно затоа што работев и студирав и буквално немав време кога. Едноставно нема интерес и не го цени времето поминато заедно. Од оваа перпектива, сметам дека повеќе ти прави тебе услуга, отколку што тој сака.
Јас не познавам ниту еден пар после 3 години што се гледа само еднаш неделно Јас со маж ми кога бевме во врска веќе 3 години се гледавме секој ден
Ти си должна да провериш дали е тоа така. Следи го, ако интуицијата ти вика дека нешто не е ок. Иако, сето ова наведува баш како што погоре ти пишале, или се оладил, или има друга.
Најди си хоби, нека не го користи тоа таа не работи, нема хоби ме има само мене и јас кога сакам ке се гледам, читај книги, излегувај, пешачи, теретана, прави нешто. Не дозволувај да ти биде главно занимање дечко-дома.
Еднаш неделно гледање е малку, не се 3 месеци врска туку 3 години. Мене реално ми сметаат clingy типови, ама па и ова не иде. Мислам, ај да имаше работа, обврски периодов па да можеше максимум толку да одвои за да те види, ќе разберев, ама причинава - играње игри и другари? Не ми е скроз океј ситуацијава, како да му е обврска да се гледа со тебе и со сила наоѓа време за тоа. Е сега ми текна и на ова, но можеби ти претходниот период малку си го напнувала за постојано гледање и слушање и поради тоа му дошло премногу "гушење" и малку се оладил? Само погодувам. @T.e.d.d.y
Мене едно нешто не ми е јасно, ама најсериозно. Ај објаснете ми или сум јас ептен забегана. Не можам да сфатам како кога се влегува во врска, се одалечувате од друштвото, од најблиските другарки и постои само дечкото па подоцна кога работите не течат баш најдобро ќе се свестите дека ви се преостанати само неколкумина? Со влегување во врска не значи дека контактот со останатите треба да биде сведен минимум. Ова често го гледам кај девојките, а кај машките си останува кругот на пријателство. Околу проблемот на @T.e.d.d.y стој си на своето, барај компромис, ај да беше врска на далечина, ќе сфатев зошто тоа гледање еднаш во неделата, ама ако сте од исти град и плус двајцата сте слободни, па и начинот на изразување ако ти немаш што да правиш јас имам, ау какво дрско однесување. Нешто тука ми смрди, се надевам дека грешам, ама претходно ти кажаа провери што прави тој период, не е ваљда нон стоп со игрици и другари. Он ако нема обврски сигурно другите имаат.
@Avery, @DAngel, девојки, извинете, недоразбирање е во прашање. Се колнам, не сум ненормална! Демек попрегледно да реплицирам па го поделив мислењето, место тоа збунка направив, се изгуби контекстот. Еве го целото мислење. Репликата моја се однесуваше на болдираното: Апсолутно е педерски така да направиш. Да чекаш веќе да официјализирате (на некој начин де) и дури тогаш да гукнеш дека наредните десет години (па и повеќе) 1/3 од платата ќе ти оди на кредит улупан на глупости. Манипулативно е. Буквално го ставаш партнерот пред свршен чин, откако инвестирал и љубов, и време а богами и нерви во таа врска. Реков, ова се кажува со време, да може партнерот да размисли дали се нафаќа на тие услови. А луѓе дека кријат сензитивни информации, кријат. И од финансиска, и од здравствена природа. И скроз се согласувам со вас. Врска од месец дена не е врска. Пред се е опипување на пулс, увертира во тоа што (можеби) ќе следи. Ама во исто време важи тоа што го пишав претходно. Ако излезам на дејт со некого и тој ми каже дека дели едно собче со уште двајца, отворено ќе го прашам што е ситуацијата. Да не си губиме време и двајцата ако не ја бива работата од сам старт.
Апсолутно не си во право. Ова звучи како: Ако нема перфектност меѓу вас уше на почеток, не штима. Некаде ќе штима, некаде не. Кај мене не штимаше на пример,па еве 8 години сме заедно и никогаш не сум се зажалила што сум со него. На почеток е запознавање, и понатаму врската е многу компромиси, разбирање, помагање и тн и тн. И мислам дека никогаш целосно нема да штима, се гради и надоградува цело време. Се менат околностите, обврските и слично.
И мене ова не ми е јасно, 90%од пријателствата ми завршиле зошто си фатиле дечковци и повеќе ги нема никаде.....
Не преувеличуваш. Сите парови што ги познавам гледаат да го искористат секое можно слободно време да го поминат еден со друг. Покрај работа и други обврски она малку време си го посветуваат еден на друг. Кога веќе едниот ќе почне да избегнува гледање тука веќе нешто не штима, а тој или не сака да признае или е веќе навикнат на тоа и му одговара таа состојба. А и што е тоа одредување денови? Од кај знаеш ти дали ќе можеш тој ден или не? Глупости. Знам дека ќе ти биде тешко ама седни и направи отворен муабет со дечково. А, искрено не верувам дека ова ќе заврши баш добро, биди спремна на тоа. Не личи на човек што ќе направи компромис, а и кога ќе размислиш не е ни битно дали ќе направи компромис кога (по мое мислење) ми делува како он веќе да не е заљубен и дека не ни сака да биде во врска.
Кога го сакаш некој со душа чекаш да бидеш со него. Секој момент ти е битен, времето ти е секогаш 'кратко'. Кога не ти е толку битен некој, не ти прави разлика колку често го гледаш.
Се убаво ама не го сведувај животот на гледање со дечко најди си занимација он тоа го користе мисле дека е цар и само него го имаш и ке те маниулира како сака, тие што немаат што да прават у живото се лесен плен за манипулација, јас мислам дека на сериозни луѓе со обврски и хоби во животот 1 до 2 пати во неделата е нормално гледање. И ти излези со другарки изгледај серија..
Ne e toa poentata. Poentata e deka ocigledno deckoto e izladen. Ke ima periodi koga ke nemas rabota, ke nemas hobi, ke nemas ni prijatel komu ke mozes da se doveris, i ke imas parner 3godini koj ke ti rece sakam samo ednas da se gledame. Abe ajde, kako ne.
Дечкото на Теди си има друга девојка па сега игра на таа карта колку помалку се гледаат толку повеќе сама ќе сфати.
Не ја знаеме другата страна можеби не сака да се изолира само со женска му да излава, сака со другари млад е, сака серии, игри, сега она ако нема што да праве нека си најде занимација, немора да значи дека е изладен ако нејке да се гледа секој ден.