Девојки и ја отворив душата и на братучеда ми за ситуацијава. Цитирам ,,Даде има многу шо се у ,,врска” а се тепани, малтретирани, вреѓани , понижувани од партнерот. Сепак не си мала , и не е врската пресудна за тоа како ќе ви биде вас. Може и да се гледате само за секс , па да прерасне у нешто поголемо, може и да сте 7-8 месеци заедно , да го имаш првиот однос и да отиде се у курац. Многу ме утеши мила на дада
Дали вие би прекинале врска кога ќе дознаете дека партнерот си пишува со други девојки? Не зборам за другарки,роднини или некои што ги знае Туку да ви каже дека откако ги избришал сликите на фб со мене, го виделе сам и почнале да му пишуваат. Го цитирам: " Па јас не сум пе*ер па да го избришам чатот а да не и вратам ако некоја ми пише" Ваши мислења?
Јас не би можела да издржам вакво нешто затоа што јас ако сакам некој, го почитувам и имам планови со тој човек- не би направила вака.
Залудно, кога е несериозен и не те почитува. Знам дека си шокирана во моментов, ама само добро ќе си направиш себеси доколку порано ја прекинеш оваа врска. (Мислам на тоа уште пред да излезе со тие со кои се допишува.)
Да, затоа што јас не сум ставила слика со него. А он е тој што се буни за секоја слика, не му се свиѓала. И сега девојките го гледале ги тргнал сликите со мене и оп, во поход. Не можам да се смирам и заспијам од нервоза. 5 години за вака да заврши.. ми иде да земам да го превртам светов
Зошто ги избришал сликите и зошто па уште и ти го кажал тоа дека пишува со други? Па и поглуп одговор не можел да даде. Се гледа дека нешто не штима. Дали сакате да работите на тоа да се реши или ти е преку глава, само ти можеш да одлучиш. Едит: Веќе си пишала за сликите. Каков инает и ситничар.
Има 31 год.. ми бараше период да се смирел да не се гледаме некое време, сакал да одлучи што понатаму бла бла.. и ок.. не се гледавме, не ми се јави ниеднаш, скоро 3 недели, ретко ќе пишевме на вибер само еднаш дневно и тоа е тоа.. и сабајлево ми пиша за да се видиме, и он мислел денес ќе смириме работите, а јас ваква сум била.. А што треба да правам? Како да реагирам не сфаќам? Има 31 година, цело време си пишува со други девојки. Упорно. Каква почит е тоа? Јас сум во шок во моментов, пошто мене ме прават будала дека денес сум немала да најдам ниеден што не си пишувал со други. Ми рече дефинитивно е крај, јас мислев ќе средиме конечно денес, за тоа те и викнав ама не, дефинитивно е крај.
Според мое мислење почнал да си чисти терен со тебе за тој да оди во поход по други, не дека него го ловат. Ама па и ништо чудно да си пишувал и додека бил со тебе, па му фатила око некоја и сега тргнал слики за да даде сигнал дека е слободен. Важно тоа што сега ги тргнал сликите од вас заедно нема врска со тоа што ти не си ставила слика од него. Јас на твое место знаејќи го ова ќе ставам слики од вас и млаку ќе го зафркавам. Се гледа дека го сакаш многу и не ти е сеедно, ама не му покажувај слабост, почни малку да се зафркаваш и ти.
А а, а сега ми е појасно, тој барал да паузирате т.е. сте раскинале и сега му се засакало и оп пак ти не чиниш. Ако имаш време да се зезаш малку со него, бујрум, ако не откачи го и не сметај нешто сериозно со него понатаму.
Он ми кажа дека имал тежок период дома, тежина осеќал, сите дома се карале.. и тоа беше така. Ми кажа сакам период од недела, две за да малку се смирам. И еве денес што испадна.. да не видев тоа облачето дека си пишува со други девојки немаше вака да испадне, ама подобро што го видов ова, многу се каравме, и мајка му викаше и се нервираше ама барем знам како стојат работите. Премногу го сакам, тоа највише ме боли, со што заслужив ..
Многу ми е тешко, го сакам мислам дека колку планетава што е тешка, мн се приврзав за него за овие 5 години, душава ме боли и ми плаче. Не можам да се смирам дури. Со што го заслужив ова.. За нив јас сум крива и будала што вака размислувам, он да пишува со други е океј.. скршена сум луѓенца, на милион делови, не знам како ќе ја преживеам ноќва, ме боли силно
Пишувај си и ти со други. Бре ама сте богдачува. Он демек фраер, ти стално достапна за него? Одма да почнеш да пишуваш со други. Ќе му текне одма дека си таа вистинската Е, ама нерви треба Не разбирам во каков свет живеете
Бог да чува е, будала ме прави, а јас го гледав како капка вода на дланка, ама тоа е, дека сум премногу добра, стави крај тој вечерва, ми рече стани да си одиш, и тоа е тоа. Сега си е фри секако, без мене.
Епа ете, одлучил што сака понатаму. Избришал сѐ ваше и контактирал со други. Шо не ти е јасно? Те боли, нормално е. Си го сакала, бил твојот свет. Ќе те боли. Ама не вечно. Подобро да те боли сега, отколку да останеш со него и да те боли цел живот. Сети се на овој муабет ако те побара по некое време, откако ќе се излади надвор од врската ваша. Батали го, ќе помине сѐ, ќе најдеш некој што нема да те пушта да си одиш од него, а не некој што ќе те брка.
Не ги слушај другите. Нека си тераат они како сакаат. Ќе ти биде многу тешко некое време, ама ќе помине. Ти фали врската што сте ја имале, ама тој веќе не е како што бил тогаш. Џабе ќе продолжуваш кога нема да биде исто. Тргни се од такви токсични размислувања на луѓе.