Јави му се и направи си муабет со него. Прашај го што е работата?! Тој те поканил, финансиите биле причина да не можеш да отидеш. Сега кога не се, излегува дека самата си се каниш. Глупав изговор за да не отидеш. Мора да има причина поради која не сака да отидеш кај него. Јави му се и нека ти каже отворено. Не му пишувај пораки нема да се разберете убаво по пораки. Ако односите ви биле супер пред да замине, не се грижи сигурно е некоја глупост во прашање
Јави му се и прашај го вака на порака не се рачуна...и јас мислам дека можно е нешо да се потскарал со неговите па затоа да не идиш или испланирал со другарите па да не испадне сега папучар...немој да се карате за ваква глупост убаво разјаснете си по телефон
Се слушнавме, немал никаков проблем со неговите, како што и мислев. Работата била што 3 недели си немал отидено дома, и сакал да се види со домашните и со другарите. Ми вели извини што те разочарав, не лути се.. Во секој случај, многу глупо се осеќам...
Eпа тогаш средено е се,не се осеќај глупо и немој да дозволиш да се скарате за глупост,во право е,нареден пат ќе отидете заедно и решено
Феминки ајде за помош Дечкото со кој се мував некаде 5 месеци и кој многу го засакав почна да се мува со другарка моја... од самата помисла збеснувам што би направиле вие во ваква ситуација?
А другарка ти знаела дека се мувате? Ако знаела, не ти е баш некоја другарка ilent: А тој знае дека таа ти е другарка? Ни таа ти е другарка, ни тој вреди да се нервираш. Батали ги двајцата, не им покажувај нервоза, едноставно, delete.
е каква е таа другарка ај он маско боле го тоа бас ама другарка ти? батали таму или седни разговарај со неа дај и на знаенје дека не е во ред 5 месеца не се малку како така она влегува во игра мозеби ти е пријателка во тој слуцај нмој ни да се бламирас ке испаднес смесна цим децкото поцнал со други премини во друга фаза и тоа фаза на забораванје зосто ваков според мене не ти треба,и да се фатите тој па ке ти го направи тоа верувај поцетокот казува многу..со срека и не се нервирај
Да си се тргнеш од двајцата ... е тоа да напраиш ... и ништо не им зборувај ... зашто па да гледаат дека патиш заради нив ... ајт таму најди нов главата горе и да уживаш ....
Би ја смувала другарката Се шегувам,знам дека не ти е до смеење,ама јас да бев на твое место,никогаш повеќе не ќе сакав да ја видам и другарката и него.Кој безобразлук од нивна страна,па и си се заслужуваат.Меѓутоа,ако си била вљубена во него и толку време сте поминале само во мување,си требала со него да расчистиш дали ќе остане само на тоа или ќе одите на повисоко ниво.Вие не сте биле во врска и ти си требала да бидеш свесна дека тој,штом не те фатил за рака да те шета како негова девојка,има нешто,вие не сте во врска и секако дека тој ќе си најде уште некоја,само парадоксално е што ја избрал твојата другарка.
anu6kaa и јас мислам дека треба да се тргниш настрана од двата...ниту таа ти е другарка,ниту пак тој заслужва да те има...само ке ти кажам уште нешто плус-немој да и кажуваш на другарка ти дека тоа ти смета,таа сигурно знаела ,само ке си направиш да мисли дека патиш заради него...и во зависност од ситуацијата може намерно да те прави љубоморна само да те нервира,...а него воопшто не му давај значење...како да не постои...игнорирај го и прави се дека не ти е гајле...а воедно заборави го и пронајди си нова жртва позз и не се замарaј повеке со нив
помош! не знам дали е ова вистински проблем или само јас преувеличувам.битно се осеќам многу лошо...се работи за сексуалниот живот со дечко ми....заедно се скоро 4 год...во последно време секс имаме многу ретко по еднаш неделно некогаш ни толку...почесто ја иницирам секс....а некогаш знае да ми каже е па ти многу сакаш јас не сум машина..а тоа не е точно јас сакам само да имам редовен секс и да бидам задоволна...сум пробала сметам дека имаме малку секас он на тоа ми одговара дека не може да му се дигне кога јас сакам дека нема желба не знам ...порано имавме многу почесто..сга треба да молам за секс...често се гледаме имаме и време и простор за повеќе секс и нежности ама он е тапа...еднаш кога го прашав ми рече дека не сакал често му било страв трудна да не останам не сака сега дете немаме сега услови страв го факало..ај добро..земав да пијам контрацепција...ама џабе ништо не се смени.не знаете колку исфрустрирано се осеќам.....ми ја намалува самодовербата..а добро изгледам.,..секогаш сум средена, чиста, намачкана, намирисана...со убав долен веш... значи исум пробала да му доловам како се осеќам на сите можни начини..и со муабет..и со лутење..и со добро и со лошо и ништо ве молам помогнете ми не знам веќе што да направам ПОМОШ!
О драг Боже и драга Срничка... Да не ти додавам сол на раната, ти го читам постот и знаеш ли колку машки би сакале да се сменат на местото на твојот дечко ако навистина е така како што пишуваш (а не гледам потреба да лажеш)... Сите до еден! Нема дечко кој не сонува за повеќе секс, па уште да се доведе до ситуација во која девојката е иницијатор и буквално го моли... A dream come true! Бр 1. Дечкото ти е фригиден (има ли специјален назив за фригидност за машки пол, просветлете ме, навистина не знам. Важно - поентата ми е доловена). Бр. 2. Дечко ти можеби (недај Боже) спие со друга. Инаку не можам да сфатам зошто би немал интерес за секс. Асексуален си е. Ок, ти немаш потреба да го трпиш и да се фрустрираш, па посебно на овие години. Сексот си е многу важен и нормален и здрав, и треба да си ги бараш своите права. А веќе кога имате секс... каков е? Добар, лош, одличен, просечен? Колку трае, перформанс, задоволена / незадоволена? Помислуваш ли некогаш на секс со некој друг?
зависи кога како некогаш е добар некогаш просечен....не знам..во последно време никаков......не е женкар бар за тоа му верувам..а и доста често се гледаме а и имаме заедничка активност поради која се гледаме секој ден идеме во теретана заедно...мирен дечко е..ама не знам веќе што да мислам искрено...понекогаш знае и да ми одговори јас не сум сексуален тип...не сфаќам како порано беше сега не е многу го сакам и многу сум тажна...кога јас се лутам за тоа он избувнува и вика сум немала понашање
Јас незнам како ти сеуште имаш желба за односи со него Па дечко ми еднаш една недела така се однесуваше јас го напнав па не сум очајна бре, сама да си барам! Тој тоа треба да го знае, не ми е само за стискање и бакнување. И не му верувај дека многу е мирен и не е женкар, не велат за џабе испод мира 300 вира. Тргни му по трагата на дечко ти, види што прави и каде оди, ако треба и следи го. Ако нема ништо со друга а сепак избегнува односи јас ти препорачувам да му раскинеш. 26 години имаш, барем така на профил ти стои, а ако сексуалниот живот не ти е добар, пиши пропало.
Па... има ли причина поради која изгубил интерес за секс? Се надевам дека сте зборувале досега. Не се постигнува ништо со инаетење, со лошо и со викање. Убаво и смирено - мене ми треба секс. Просто е - сакам да ме посакуваш, не со сила фала богу. Се случила ли некаква промена во неговиот живот, некаков пресврт, некаков стрес... или да не зема некакви лекови, што знам кои прават дисбаланс во хормоните? Можеби лупам само вака нафрлено, ама ако не е физички, тогаш проблемот дефинитивно лежи во психата. Ако е вака сериозно како што велиш, би препорачала и советување со стручно лице. Па греота на овие години да го трпиш ова, немаш 50 и кусур мајке му. Срам да му е... Милон машки го колнат сега.
не бе каква промена..иде на работа седи на комјутер игра игри и со мене е...ни со другари не излага многу само на кафе еднаш два пати неделно по град не шета..не знам многу ми е тешко...се плашам...не сакам да го изгубам..како да го решам проблемов...без да го повредам а да му кажам уште еднаш колку лошо поради тоа се осеќам и секако без да се скараме...да му пишам ли некаква порака? што да му пишам?
во право е offspring не мораш до толку да му докажуваш дека си очајна за секс...ние лугето често очекуваме различни резултати,а при тоа се однесуваме исто ...пробај прави се ладна,како да не ти е до секс,не му го спомнувај повеке тоа...и ке видиш самиот ке кажи во шо е проблемот...а ако не реагира тогаш едноставно не е за тебе...или има друга или не знам шо му е проблемот... позз и не му докажувај дека не можеш без секс,ниту пак без него..така уште повеке си зазема сила едит-ако до сега си разговарала на оваа тема со него и притоа не сте решиле ништо,верувај дека со разговор,а уште помалку со порака ке постигнеш позитивни резултати...обиди се на друг начин да го решиш проблемот..како шо реков ако се однесуваш исто ,ке добиеш исти резултати
фала многу за советиве...не наете каков камен имам на душава.мислев сега да му пишам една долга смс на најубав начин....ама изгледа подобро е да ќутам..лелее многу лошио се осеќам не ми се станува од кревет
ова последново што ти го напиша еасууууу потполно е тоцно послушај ја па ќе кажиш што ќе направиш абе немора да му се молиш на некој макар и колку го сакаш со тоа само му ја креваш вредноста