Сосема си во право што ти пречи и говориш за истото. Ако сметаш дека не е правилно, не треба да дозволиш други да ти сугерираат дека е. Зошто не е нормално за тебе да пишуваш со други мажи? Обично, никој не се заљубува по втор пат во истата личност. Или има љубов или нема. Може е само навика што сеуште сте заедно. Твое е да кажеш директно, како сето тоа те афектира, ако не наидеш на разум, ти преостанува да бараш некој, што целото внимание ќе го насочи према тебе. Штом се дрзнува да го прави тоа, а знае дека страшно ти пречи, не му е ни гајле за твоите чувства. Со сила да тераш некој некого да сака, не може. Жалам, но тоа е реалноста. Јас верувам дека заслужуваш многу подобро од тоа што ти е сервирано.
Кажи им дека се' што очекуваш од него е да се понаша соодветно на годините а не да изиграва мангуп што допрва ќе лови девојки . Нека си го чуваат мајка му и сестра му. Главата горе и се' ќе помине. Заслужуваш многу многу подобар.
Па јас како сум нашла, ако ете не постоеле такви? Тоа спрема мене е покажување дека не ме цени и не ме почитува. Ако на 31 година има време, освен работа и тебе, и да се допишува со други, да си го забавља мозокот. До него е и нема шо ти да се осеќаш крива. Не вреди да се замараш или пак да си трошиш време на некој таков. Ако човекот што те сака, не може да гледа од твоја гледна точка и пред да направи нешто не размисли дали тебе тоа би те повредило, не би верувала јас во таа љубов. Верувај ќе најдеш некој што не се допишува со други и очите не му шантраат лево-десно. Не се задоволувај со помалку од тоа што го заслужуваш. Зашо на крајот на денот „те сакам“ се само празни зборови, ако твоите дела не стојат позади нив.
Фала ви девојки на сите, ќе ми треба време да се привикнам, се е ова ново за мене, стварно 5 години се многу за мене, ама ќе преболам, сега уште сум во неверување и шок. Фала што одвоивте време!
Ова кажува се. А што друго и да направиш, молење, игнорирање на тоа што се случува, враќање.. ништо нема да помогне. Дечко ти не те сака и уште поважно не те почитува.
Глупости ти збореле.Не обрнувај внимание. Не е лесно,ама ќе преболиш.Пуштај си филмови,музика,прошетај се,читај ги смешните теми на форумов да си оттргнеш мисли.
@Oscar Lady, јас излегов од шест годишна врска. Ќе се изненадиш (откако ќе помине некое време) колку од „љубовта“ била всушност само навика. Не, не нормално да си четува со девојки. Да е 21 годишник, па ај ќе кажеме млад е, толку му сече. Ама маж од 31 година? Точно знае што прави. Зошто да бидеме реални, зошто некој би си го трошел времето на нешто онака со некоја онака рендом девојка. Комуницира со нив зошто се надева дека контактот ќе премине во нешто друго, нешто опипливо, нешто во коешто ќе може да го брцне к*рот. Тоа „абе онака си чатам“ воопшто не е наивно. Ако му е досадно нека чита книга, не да си прави муабет со непознати девојки. Си има другари за тоа, се знае кон што води допишување на фб со девојчиња. И едн мал позитивен аспект од целово неговово сељачко однесување? Сега секако ти е тешко ама после некое време ќе најдеш утеха во фактот дека дечкото не го бива. Да, годините нема да се вратат јбг ама со такво лигле очигледно нема иднина. И добро е што завршило сега, отколку кога сте во брак со деца па да откриеш каков е вистински. Ќе ти биде тешко, ама ќе преживееш! Те гушкам и ако ти треба некој за муабет, моето сандаче е отворено.
Нема што да објаснуваш никому-ништо. Зошто си во контакт со неговите воопшто? Знам дека сега ти е тешко, ама верувај... подобро сега, отколку со деца в раце и маж кој те изневерува. Изжали, исплачи се, стани, стросај се и гит надвор да шеташ и да се дружиш. Мажи има, со лопата да ги риниш.
Цела фамилија му е токсична на чело со ГОСПОДИНОТ. Мајка му и сестра му гледаат колку му сече паметот па само сакаат што е можно побрзо да го оженат и да ти го тутнат па ти да се расправаш и да си ја чукаш главата со лиглево.
Јас кога зборев дека и домашните од негова страна се мешале, ми кажаа дека само мои претпоставки било.. Се испостави дека сум во право. @Oscar Lady на тие години се однесува ептен детски, и претходно зборувавме за твојот проблем, пола застанаа на негова страна а сега гледам дека типов само си бара причини за да се лути. Мамино синче не ти е потребно. Па и мајка му и сестра му, таков нема да најдеш. Па тоа е и поентата, да најдеш подобар, а верувам дека ќе најдеш. Ја жалам таа што ќе заврши со него во брак. Сега си во шок ама ќе ти биде подобро, на некој начин гледај на ова како услуга.
Здраво на сите. Потребна ми е голема поддршка, помош и мислење. Јас имам 22 години, студентка и многу позитивна личност од секогаш. Но во последните 5 месеци животот ми се смени 360 степени. Се запознав со едно момче што на почетокот бевме како лонче и капаче. Се беше многу убаво, првите два месеци ни поминаа во прекрасни моменти, за вљубив, се приврзав, зборувавме за нас за иднина за се, официјално бевме заедно. Првите два месеци не излегуваме баш, повеќе се гледавме кај него или онака надвор, тоа го сакав и јас да помине време да знам на што сум. Ме запозна со сите негови пријатели, колеги и фамилијата. И после почна лошото. Веќе трет месец ние никаде не излегувавме, цело лето не отидивме заедно ни на викенд. 3 месеци врска една слика општо онака за нас немавме. Не сакаше да излегува со мене, 24 години има и кажуваше дека тоа му е изживеано и сега сака дома да е повеќе како "пофамилијарен" живот да има. Мене воопшто не ми годеше тоа. Напротив секој ден се каравме, се дистанциравме и веќе ја немаше таа близина. Го криеше телефонот од мене, кога и да се договориме во последните 3 месеци ми откажуваше за да излегува со пријатели. Јас секогаш бев на последно место, кога веќе нема каде и со кого. Јасно ми е се, никогаш не би се смирила со него, но јас ја изгубив самодовербата и вербата во сите други околу мене. Прекинавме пред еден месец, и јас веќе еден месец не сум во ред. Почнав да вежбам, почнав и со факултет и другите работи само за да си го окупирам умот и да не мислам на него. Се прашувам дали јас сум таа што претерала, дали јас сум виновна, премногу ли е да бараш внимание од партнерот? Врска ли е тоа да не излезете на ни едно кафе? Јас не барав луксуз, ручеци и хотели... многу лошо ми доаѓа кога ќе помислам дека веќе можеби си пишува со друга и да се гледа, се чувствувам заменето. Ве молам дајте ми совет како да заборавам и да продолжам, дали вие што сте во врска излегувате со вашите партнери? Дали правите работи заедно? Ви благодарам многу
@_Vallery_ не можам да разберам како на 24 годишен човек може да му е изживеано да излегува и да се дружи и сака да има фамилијарен живот. Глупости, и тоа во боја. Очигледно имало причина што не сака да излегувате, ама сега тоа воопшто не е тема на муабет. Мило ми е што си ставила крај. Немој да дозволуваш лоша 5 месечна врска да влијае на тебе, да ти ја уништи самодовербата и вербата во љубовта. Нека ти биде само поука што сакаш и што треба да бараш од врската и од партнерот. Не си ти виновна, нормално е да ти треба внимание од партнерот. Затоа и бараме партнер, животен сопатник, за да делиме сѐ со него. Е сега да не е претерано, да се гушите 24/7 заедно уште од почеток, без пријатели, без дружења, оти мислам дека таквите врски се монотони и немаат добра иднина. Не е во ред да не излегувате заедно. Во ред е ако има причина, обврски, болест, други приоритети во моментот, ама долгорочно, никако. На добар пат си тргнала, продолжи да излегуваш, да се дружиш и гледај си го факултетот. Многу си млада, еехеее уште колку дечковци ќе запознаеш, можеби и ќе се разочараш.. Сѐ нека ти биде искуство во животот, од неуспесите учиме. Инаку, секоја врска е индивидуална. Јас сум во брак, ама не ми е многу поразлично отколку додека бевме во врска. Излегуваме речиси секој ден, почесто во друштво, понекогаш и сами, одиме заедно на ручек/вечера. Но, секој има слобода да излезе со другар(ка) / колега(шка) / роднина, друштво без другиот.
Ете сте пробале али не ви оди. Не разбирам зошто животот ти се смени за 360° кога имаш само 22 год и збориме за 2 месечна врска. Што да каже членката над тебе што прекина синоќа 5 годишна врска ? Во текот на овие месеци сте се запознале се ама ете сфатил он дека нешто не штима или можеби во меѓувреме запознал друга,но тоа е живот. Ти мораш понатаму. Ова е само едно искуство плус. И ти ќе си најдеш друг. Мислам дека малце избрзавте со упознавање фамилија,ама тоа што е е Доверба губење во себе никако, никогаш.
Кој се бе сестра му и мајка му да те прават будала и омаловажуваат. Ни те знам ни те познавам, ама сигурно не се којзнае што тој копукот нивни и та фамилија. Вредиш многу повеќе отколку што те ценат тие. ДЕЛУМНО СЕ ВО ПРАВО ТИЕ ВО ВРСКА СО ТОА ШО ТИ РЕКЛЕ Т.Е ДЕКА НЕМА ДА НАЈДИШ КАКО НЕГО... ЌЕ НАЈДИШ ПОДОБАР!
Женско ко женско одма ќе примети ако има нешто...со тоа што не ти дозволувал да го видиш телефонот и со неговото однесување имало сигурно нешто што не сакал да го знаеш ти...Очигледно е дека не си била на приоритетна листа, а не знам кој друг во животот би му бил поважен од тебе...според мене ако не сум му приоритет не ни вреди да сум со него. Така да мила имаш живот пред тебе воопшто не се обвинувај и не си ја ставај вината на тебе ќе ти биде многу потешко. Ако ова било премногу што си му барала тогаш не те заслужува. Продолжи напред и ти посакувам да најдеш некој што прво што ќе помисли ќе бидеш ТИ, тогаш ќе сфатиш дека без потреба си се нервирала
Ne znaci deka bilo 2meseci nemalo cuvstva. Bas naprotiv, i toa kako znae da boli. Go imam oseteno. Ednostavno i pokazal deka mu e preubo so nea i posle onaka isceznal so pricina deka bara mnogu od nego i deka nema vreme. @_Vallery_ placi, isplaci se i prodolzi ponatamu. Sigurno ne si go zasakala, tuku na nekoj nacin se custvuvas isfrustrirano. No sepak bidi srekna sto ete si go zapoznala mnogu rano i si prekinala. Ke sretnes covek, koj nema da se prasuvas dali e okej, ke znaes.
И тоа како ИМА такви кои не пишуваат воопшто на други девојки кога се во врска, и ИМА такви кои се целосно посветени и лојални на партнерката. Тоа се реализирани личности со изграден карактер, со здрава самодоверба кои точно знаат што сакаат во животот. А он не спаѓа у оваа група. Нека не јадат гурабии многу многу. Тоа шо мајка му не го воспитала на време за тоа како да се понаша со девојките во својот живот, и тоа што он нема никаков морален компас на 31 факинг години, тоа е исклучиво негов проблем. Не знам ни зашо уопште споделуваш вакви работи со мајка му и сестра му и зошто си во комуникација со нив. Откачи ги таму сите фамилијарно по список.
Не стои никаква филозофија зад човек што не сака да те покаже пред другите, сосема јасно е. Сум била запознаена со многу врски кои заради финансиски причини не оделе по кафина и оброци, но излегувале така лабаво, не се криеле дома. Можам да предпоставам колку ти е тешко, но верувај ќе помине за брзо, само ако ти сакаш. Пробај да ја погледнеш ситуацијата од позитивен аспект, продолжи така да си посветена на себе и се ќе биде во ред.
Јас 7 години во брак сум , со две деца и трето наскоро , па знаеме со мм да оставиме деца кај баба на чување и да одиме сами некаде ( ако сакаме да сме сами ) а често и децата со нас си ги земаме и одиме дали на викенд , дали во друг град на прошетка и сл . Не , не е премногу на 22 години да сакаш да одиш на факинг кафе со дечко , тоа е нормална работа . Не си ти виновна што тој се чувствува изживеано и нема идеи за да излезете заедно и да правите нешто што ќе ве забавува и двајцата . @Oscar Lady јас имав еден таков во средно , на 15-16 години . Врската беше повуци-потегни , пукна за месец ипол бидејќи никако не можевме да се сложиме . За најмали ситници се расправавме . Му сметаше што немаме заедничка слика на социјалните мрежи , а кога и да се сликавме , за него не беше убава сликата . Му сметаше што ме чекал цели 5 минути на ладно , иако тој ме викна на кафе во последен момент . Му сметаа моите другарки и другари . Ма се живо му сметаше . Дома имал финансиски проблеми ( татко му беше веќе починат во тоа време ) па се вработи , за потоа да ме обвинува дека не сме се гледале често бидејќи немал време , а и јас сум немала поради другарките мои . Ужас , затоа и ставив крај на време . Секако , врска од месец ипол и пет годишна врска не може да се споредуваат никако , но ти си силна и ќе преболиш . Да , боли , пече , те крши одвнатре , но не се откажувај , бори се .