Девојки да ве прашам?. Дали е нормално ако дечкото е излезен 12 саати да ви се јави само еднаш и ви каже каде е ,што прави и со кого е ? Не сум посесивна ама не сакам да ми прават работи што ја не ги правам. Поминаа 4 саати последно од коа се слушнавме и викам сеа ќе звонам да го прашам зш не се јави , и вика на мојот тел слушаме музика , абе викам 20 саати ако слушате нема да станиш да го земиш тел и да ме прашаш дали сум излезена , каде сум итн..вика да, што се секираш знаеш каде сум.Абе викам не се карам , не се секирам и не се лутам само не ми кажувај оправдувања зш не си се јавил. А пред 1 недела па беше излезен вака долго време иако знам каде е , пак ср јавувам после 3 4 саати викам зш не се јавуваш епа мислев да се јавам ама заборавив.И денес ми пукна тоа, само се вади.Знам ја дека не мати нешто, него ме нервира кога јас не правам така а плус за брзо време ќе одам 5 недели на пракса нема да сум у својот град и како ќе му биди него да не му се јавам коа сум така долго излезена. Порано си бев така љубоморна, посесивна... ама сега не сум стварно излегува и не се лутам океј е, ама мразам вакви работи а он смета дека е океј така бидејќи сум знаела каде е , не е било проблем притоа со нив се гледал ретко а со мене секој ден.
И каде оди за тие 12 саати? Шета по град, кафичи, кафани, оди кај другари, идат кај него другари? Човече 12 саати јас би цркнала да се шетам. А колку време сте во врска? Ако е почеток мислам дека е нормално да сакаш да знаеш каде е во секој момент
Знаеш каде е, со кого и што прави. Ако уште е на истото место, со истите луѓе и го прави истото зошто мора да ти се јави? Непотребен притисок.
Кажи му дека сакаш почесто да се слушАте макар и на минутка. Кажи му со убаво не налутена. Секогаш кога излегува не ти се јавува или само сега така?
Е можеби Стварно арно викаш баш им се чудам на машкиве како можат да седнат и како зациментирани да не мрднат. Јас сум живец, валда нема да потрефам некој таков.
Ми се јавува кога ќе излези , и каде е ми кажува и што прави. И коа е излезен 2 3 саати не е проблем сега ајде ќе звониме 20 пати нема врска, не контролирам јас да го трујам да замарам. Ама кога ќе е излезен вака подолго време , ќе пија и сл не звони , само кога ќе излези а после тоа не. Се дешавало да се јави ама ретко. И кога ќе му се јавам и че го буцнам зш не звони , и ќе речам да ми звониш а не вака тогаш ќе се јави. И сега ми вика што се секираш еве дома си отидов сега. Викам воопшто не е проблем то, проблемот е што не се замараш како јас , во смисла да те побарам кога ме нема долго време
Во 1 сат слезе на кафе до кај 2 ипол 3 и после тоа у кафана на јадење ,пиење и после кај другар дома исто на пиење.Седат слушаат музика , тоа е.
Маа не 5 години сме заедно. Не е некој проблем ама нервоза ми ствара.Оти јас да сум на негово место мислам дека исто ќе постапи и тој ако ме нема вака, инаку сум многу одговорна и точна личност пред се , не сум човек што не е од збор, ако згрешам се поправам а он не е таков, и тука делиме и идат проблеми вака кои навидум се ситни, ама...
Оо долга врска е ова. Најверојатно и ти кога испаѓаш сама и кога се враќаш дома он сака да му пишеш/кажеш? Не во смисла да те контролира туку онака за безбедност? Така кажи му и ти дека сакаш да ти се јави да го слушнеш. Биди по мила малку не му се нафрлај за да не си помисли дека го контролираш. А сигурно не крие нешто? I hope not..
Колку време сте во врска? Ама ако сте кратко, само може да се изнервира од ова. И јас не би сакала некој да ме замара кај сум, со кого сум. Особено па кога излегува 1 месечно со другари. Остави го тогаш нека си излезе на раат. Зошто кога излегува да ти се јавува? Јас не му ѕвонам на маж ми кога е со другари или тој мене кога сум со другарки. Ако нешто ептен треба, порака пишуваме. А ѕвонење само за да го слушнам ми е некултурно скрос кога со другар излегол. Викаш иако си знаела кај е, на 3/4 саати го бараш. Зошто? Јас се ставам на негово место, да ми ѕвони кога сум излезена со другарки ќе се осеќам угушено. Е сега викаш не сакам да ми прават работи кои јас не ги правам. Баш спротивно. Јас мислам сакаш да прави тој како што правиш ти. Ти мислиш дека треба на 3/4 часа да се слушате и очекуваш и тој да се прилагоди на тоа. Не знам како сте договорени со дечкото, ама да ти кажам поубаво чувство од слободата нема. Ако човек осети дека му е загрозена слободата, порано или покасно ќе се сети и ќе си замине.
Па ок, ништо посебно различно, пак би ми сметало после 5 години да ми се јавува дури сум излезена со другарки или да очекува јас да му се јавам.
Нели на почетокот ја праша колку време се во врска? На тоа одговорив ме мрзеше останатиот текст да го бришам
И него би му сметало ако ме нема.Ама мене никогаш ме немало, оти секогаш се јавувам уствари не ни шетам по толку саати. Ама еве да се случи да ме нема , ја ќе се јавам барем еднаш.
Не му се нервирај. Мене не ми изгледа на нешто сериозен проблем од ова што го раскажа. Сепак 1 месечно испаѓа. Ами да е повеќе пати?
А зошто да ти се јавува ако 1 месечно оди со другари повеќе часа и сака да си помине време со нив, вие ем секој ден сте заедно ем треба и со другари дури е да ти се јавува? Јас кај другарка на 3 дена со спиење бев па маж не ми се јави воопшто само се пишевме ако треба нешто, и другарка ми баш искоментира колку културен човек.