@lilly57 вие не живеевте заедно едно време? Те памтам често имаш некои проблеми, не му е ова единствен кикс, така што очигледно џабе бараш совети...
Смислата на разговорот не е дали те разбираме, туку дали ти го почитуваш туѓото време и слобода, а тоа да не значи посесивност и контрола за што во претходен пост се изјасни дека си имала период на љубомора кој си го надминала или се убедуваш себе во спротивното. Зарем 5 години функционираш вака
Што ако не ти се јави, ако ти е дечко не значи дека треба да висите по 24 часа на телофонот. Ме интересира само што толку има за правење муабет тие што се слушаат на секој саат два? На секој човек му е потребна слобода, премногу ме нервираат луѓе што се посесивни во врската и сакаат да го знаат секој чекор на партнерот. Мене лично премногу ме гушело ова во врската, потребата да го знае секој мој чекор, крајно опсесивно ми делува.
@lilly57 Според мене сосема доволно е еден повик или порака пред искачање, кажете си кај сте, со кого сте и следните неколку часа посветете ги на личноста со која сте излегле. Пробај стави се во позиција на личноста која одделила време и излегла со еден од вас. Во случајов еве другар на дечко ти, заслужува ли разговорот нонстоп да го стопира поради твоите повици? Да има некоја важна причина ок, но вака без врска која е потребата, не разбирам? Ако е проблемот до внимание- го имаш, сама велиш дека секој ден сте заедно.
Еднаш месечно излегувал со другари, побогу. Не знам дали пиша да ти ја кажеме вистината или да ти кажеме дека ти си во право. Пошо не знам колку членки истото ти го пишаа, ама тебе никако не ти е логично. Не знам што е нелогично во тоа човек да сака да излезе со другари без некој да го замара. Јас би се осеќала угушена. Кога е со другари тој, ти гледај прави нешто друго, остави го него. Секако секој ден сте заедно, не знам што очекуваш повеќе
Некој пат во месецот на подолго време, а инаку излегува и со другари скоро почесто на кафе , како ида е. Сепак многу несигурна се осеќам јас, можеби и минатото ме влечи и не можам да прифатам дека некои раб се сменети и се плашам , нз како да опишам.
Даа, епа тогаш вака правеше. И мн се нервирав. И ред други работи.И од тогаш имам така чувство дека не е сменето нешто, дека пак така ќе се караме. Навистина мене ми го посветува целото внимание .. само јас сум несигурна во врскава , и затоа сум таква.Подлабоко е проблемот , ама сепак кога ќе размислам пак сметам дека би требало да се јави.
Епа тоа е проблем што ти треба да си го решиш, не дечкото да се прилагодува на твоите нереални стравови. Реално тој ако сака да направи нешто, како ќе го спречиш ти ако очекуваш да ти се јавува на 3 часа? Никако. Со ова можете само да се карате и да си го влошите односот. А проблем за карање нема. Излегува со другари, не го бараш. Толку.
@lilly57 Јас би имала доверба, се' додека не ми се појави некаков повод за да се сомневам. Ако знаеш каде е, мислам дека нема потреба да се слушате толку често. Верувај, многу проблеми во врската може да произлезат од потребата за постојано контролирање. Мислам дека немаш причина да бидеш загрижена
Загрижена сум и несигурна. И знам од каде потекнува тоа. Ама ќе се трудам да не бидам толку навалентна и да го напаѓам. Фала ви.
Да , порано. Сега не е таков , ама јас и него му кажав дека имам како да кажам флееш на тоа што некогаш било, и сега мислам дека пак ќе се повтори. Несигурноста ме тера така.
Ок, зошто си со него кога си плку несигурна? Зошто да живееш во сомнежи? Зарем не си го цениш мирот кој би го имала покрај чивек во кој би имала потполна доверба и разбирање за твоите стравови и немири?
Он ме разбира како ми е , и ми потенцира да не се секирам и дека нема проблем , ама јас не можам да не се секирам. Не можам да ти одговорам , го сакам и убаво ми е , ама има моменти кога аум толку даун и не сум сигурна во себе ни во врската.
Со секирации и контроли ништо нема да промениш, може само полошо да направиш, тој што решил да те изневери ќе те изневери кога сака и како сака и ти тука ништо не можеш да направиш, опушти се и уживај во врската.
Ко така, несигурноста ти е основана, не ти е ирационална. Доверба кога ќе се изгуби, треба мноооогу работа за да се врати. Мора и тој да се труди и да ти докажува, и секојдневно ако треба, дека немаш причина за сомневање.. Вака, со нејавувањето, кога бараш од него да ти се јави, само остава простор за сомнежи. Објасни му. Не треба да ти потенцира(кажува) да не се секираш. Треба да ти докаже. Ти од искуство знаеш дека не секогаш неговите зборови биле вистина. И нормално е да се секираш и сега. Реков... мнооогу работа и многу време треба за враќање доверба.
@lilly57 проблемов ми е многу познат, повеќето девојки се вакви... тие што немаат доверба во партнерот. Тебе ти смета што тој излегува еднаш месечно да се опушти, напие, прошета со другарите? Сигурно и ти излегуваш и не седиш дома 24/7. Ако ти е досадно додека тој е излезен најди си занимација доколку ти не излегуваш викни си другарка и седете си. Не гледам некоја причина зошто би ти се јавувал кога знаеш каде и до кого е. Ко толку сакаш ти да му се јавиш, тогаш јави се. Кога мојот е излезен не му ѕвонам и не го проверувам каде е. Може се договорил на кафе па потоа излегло нешто и отишол на друго место... треба за секој чекор да ме известува? Кога ќе си дојде ќе ми каже. Ако сум се загрижила ќе му се јавам кратко или ќе му пишам и толку. Ако живеете заедно веќе 5 години не треба да ти претставува ова никаков проблем бидејќи тој се враќа дома не оди кај друга. Мислам дека малку преувеличуваш бидејќи човекот не прави ништо лошо ако излезе со другари. Сепак ако има нешто со што те повредил во минатото и веќе немаш доверба во него треба да седнете и да разговарате.
Ако знам кај е, ако веќе ми кажал, можеби би му се јавила да го прашам кај е, ако се загрижам што го нема толку саати. Ако ми е најавено дека ќе заглави кај и да е, нема да го замарам зошто не му текнало да ми ѕвони на секои 3 саати. Исто и тој. А се случувало да си речеме кај си со саати да пишеш, ама нема сигурно да си реметиме забава и мир еден на друг. Немој толку да се замараш и да го напнуваш, ако веќе знаеш кај е и со кој. Ова е крајно себично. Дечко да ми ѕвони дур сум до другарки или другарка дур сум со дечко ми ми е стварно без врска. Освен ако не сме се чуле ептен долго време па така се погодило или ако има нешто важно да се каже.
ве молам за совет. Девојки на 21 октомври ја изгубив невиноста со дечкото за кој шо пишував во темава. Поминаа 7 дена, тој едвај ми пишува, ладно без смајли без ништо. 2 пати у ден имаме комуникација , ништо фазла. Шо правиш како си и толку. Последниве 2 дена воопшто не ми ни пишува , и вчера го прашав шо е проблемот , поминаа 19 часа а од него никаков одговор. Уклучен е на фб, му се зголемува скорот на снап, лајкнува на инста. Другарка ми синоќа седела до него у кафичот и од кога му пишав јас тој седел цело време на телефон но повратен одговор нема. На праг на нервен слом сум, нит ми рече после тоа да се видиме , ми се повраќа , по цел ден плачам немам испаднато после таа ноќ. Сакам да умрам, цел свет ми се урна , ослабев 4кг во рок од 7 дена. Се осеќам како партал , како ѓубре не знам како да си помогнам. Се распаѓам. Знам дека избрзав , ве молам не осудувајте.
Жал ми е... ама типичен дечко за... секс. Се надевам нема да станиш очајна и трчаш по него, батали го. Така уште повеќе ќе се прави важен.