Епа тоа докажува сè спротивно од тоа како го опишуваше ти. Повеќе од јасно е дека сакал само секс и не можеш ништо да смениш. Продолжи си со животот.
Не се осудувај ни ти самата. Биднала веќе работата, назад нема. Нема што да жалиш, како и да е секако некогаш ќе ја изгубиш невиноста. Барем си ја изгубила со некој што го сакаш. Нему на душа ќе му оди, не се растажувај ти.
Девојки очајна сум очајнааа. Дури на моменти ми идеа мисли да си посегнам по животот. Море од солзи направив , душава ми плаче срцево ми е на милион парчиња. Плачам и косата си ја корнам , како жув мртовец станав. Не знам со шо го заслужив ова .
Претпоставувам си млада, затоа придаваш значење на целата церемонија на губење на невиноста. Види, не мора да пише, не е дека должи некому нешто. Ако ти било убаво, запамети го како убаво искуство и ништо повеќе. Скоро 99% од жените не се во врска веќе со оној кој што ја изгубиле невиноста. Така да не очајувај и не си го троши времето на небитни личности.
Аман девојче, таман работа за ова да западнеш во депресии. Премногу значење му придаваш. Биднало што биднало, си сакала, си уживала. Тоа е. Продолжуваш понатаму. Батали го овој. Мавни му блок од секаде.
Да , но тој беше шо се претставуваше како ангел божји , пажјив внимателен и чесен. Се направи само за да ме убеди дека тој навистина е ,,човек” и дека вреди после 23 години да му се предадам нему. А знаеше дека сум мирна, повлечена девојка и дека сум го бирала човекот со којшо ќе го имам првиот секс.
Мислев 15 ради никот..небитно. Мислам дека си доволно возрасна за да знаеш дека ради такви луѓе не треба воопшто да се вознемируваш. а уште помалку па и да си рушиш психичко и физичко здравје. Си сакала секс, си имала. Ти веројатно, сакаш повеќе, он не. И нема што тука. Подобро да си среќна сама отколку да си со тој и само филмови да си правиш во глава како што тебе ти одговараат. Ти го покажал тој вистинското лице, твое е сега да го заборавиш. Верувај ќе си најдеш нормален дечко, некој што ќе те сака и цени вистински.
@Maja015 Девојко какво зимање на живот бе за некој со кој си го имала првиот секс не се будалеј. Знам дека ти е криво малце зашо си го идеализирала ама ова ти е поука за понатаму никој никого да не идеализираш во животот. Не си ни прва нема ни последна да бидеш што не останала со тој што те скинал. Погледни од др страна на работите како твоја добивка ти си сакала и си го добила тоа што има сеа да си помалку вредна или да се чувствуваш лошо. Си станала жена веќе идеш даље со крената глава. Ти не губиш ништо, тој губи. Дај си време ќе ти помине ништо страшно не си направила не се ужаснувај и обвинувај. Заради обичен химен мембрана се замараш боље ќе ти биде во иднина. Чувствата спрема него ќе ти поминат и не го барај не го моли остави .. Гарантирам дека ќе ти пише коа веќе ти нема да го рецкаш.. Ајде фокусирај се на друго и продолжи со животот не вреди да плачеме и да си зимаме животи за мажи има полоши работи во животот.
Ти тогаш пишуваше воедно и дека си спремна, дека сакаш да имаш секс, а сега се што сакаш е негово внимание. Ти тоа го стори за да го задржиш него, не зашто ти толку сакаше, туку потсвесно знаеше дека ако немате секс за некое време, тој ќе те остави. Уствари, тој тоа го стори и така. Не си била спремна за прв секс. Небитно. Би рекла дека типот е ѓубре пошо гледал колку се премислуваш, гледал дека имаш 23 год и си невина (а тоа е ретко денес), гледал дека си затрескана во него и го злоупотребил тоа. Не заслужува ниедна солза, ни ништо. Не го заборавај туку нека ти биде лекција. Главата горе, не барај го, избриши го, нека “победи” тој. Не му го кревај егото. Продолжи со животот. Ќе најдеш друг.
Јас не плачам за него, плачам за тоа шо си го дозволив. Па и згора на се во кола го имав првиот секс. Како да ме заслепе нешто , слепо верував. Многу ми е тешко пробав и музика да слушам, и да вежбам но залудно. Солзи сами течат, дома им реков дека плачам ради тоа шо паднав испит. И родителите ми се страшно вознемирени и чудно им е што е со мене.
Сексот у кола е иначе прејак. Нека не ти е криво ич за тоа . Излези си низ град, прошетај до продавници зависно од твојот интерес, поднови се со нешто ситно. Истерај ги мислите барем на неколку часа. После постепено и ќе го заборавиш, без да се трудиш за тоа. Знај дека ти во тој однос ништо немаш погрешено, не е воопшто до тебе и не си набивај тага на чисто срце.
Зошто бре да си депресивна, ајде не се замарај повеќе со ова, млада си, паметна си, не вреди ни 1 солза веќе да трошиш. Јас ти кажав уште тогаш Вие не бевте во врска. Реално да правиме муабет, тој нема обврска да те бара. Ти реков не си спремна затоа што тој сака секс ти сакаш емоции. Е сега, ти рече, те цитирам "спремна сум да ризикувам". Е добро де, и што ако не те бара? За еден дечко да се секираш? Ајде избриши солзите и уживај. Верувај ми, има милион дечковци на светов. Верувај ми дека проблемов ќе ти е смешен после некое време. Ништо лошо не си направила, ниту некој те понижил. Зошто да се осеќаш понижено? Престани да го гледаш сексот ко само за мажот, па ти сега му "даде" и тој не ти пишува веќе. Не. И тебе ти бил дечкото згоден и ти си имала секс затоа што си сакала. Не е нешто што му даваш. Двострана работа е. Ајде уживај, стварно. Не вреди да се нервираш за ова ич. Не и придавајте толку значење на невиноста, само глупост е тоа, уживај мила. Ништо страшно. Вредиш многу повеќе од ова, ајде расположи се одма. За еден дечко толку ли ќе се вознемируваш, не биди будалче. Немаш од што да се срамиш.
Колку шо памтам јас кога прв пат пишуваше, сама беше свесна дека од него можиш само секс да добиеш и друго ништо. Сакаше да имаш секс со него и имаше. Ако не сака машко да биди со тебе, со секс не можш да го задржиш. Ако не сака да ти пишува, нема ти шо да го молиш и пишуваш. Не вредат твоите солзи за некој идиот. Ќе помини ова, понатаму ќе и најдеш некој кој ќе те сака и цени.
@Maja015 Ејј, сега полека, диши длабоко, сé ќе се среди. За секој проблем има решение. Ако денес се осејќаш лошо не значи дека така ќе биди и по недела, две.. Не се фокусирај на лошото, има и други радости во животот освен дечкото, а посебно некој ваков. Замисли дали вреди да расипиш здравје ради некој шо сега треба да е со тебе, да те сака, а тој ти создава секирации. Која е смислата да плачиш? Ако е прв не мора да е последен. Во иднина кога ќе најдиш некој кој вреди, сегашната ситуација ќе ти е смешна, да ми верваш. Не му го прај ќефот, не плачи и не го барај. Главата горе, си сакала и си посветила одредено време на некој и не треба да се обвинуваш. Види колку поддршка имаш од девојките погоре.
Абе тешко тебе! Очајна била, не и' се живеело! За шо? За тоа што си имала секс за една вечер?!? Големи тикви. Мене па ептен ми е убав сексот за една вечер. Ми се има случено да запознаам дечко во 10 вечер, во 3 сабајле да сме веќе в кревет. Ни тој ми се јави поќе, ни јас нему. Еби се ако ти се ебе, и не туку се трауматизирај за толку природна работа како сексот. Начешлај се, стросај се, и уште утре да се опниш по кафичи! Море уште вечерва! Ќе плачам за кур... немам друга работа
Што точно си дозволила? И тој и ти сакавте да имате секс. Не е дека те искористил. Не е слепо верување. Ти и самата знаеше дека има шанса да те откачи. Тоа се вика имање нереални очекувања. Јбг, не можеш да смениш ништо сега. Само ќе знаеш да не очекуваш дека луѓето можеш да ги смениш или да ги натераш да останат, што било и да направиш.
Ви благодарам девојкиии хугссс. Малку ме насмеавте на сета мака и болка. Ќе пробам да бидам силна и јака
Да посегнеш по животот? За кој? Стани вдиши и погледни во огледалото. Личноста која ја гледаш се снаоѓаше перфектно пред да влезе овој лик во нејзиниот живот. Така ќе биде и понатаму. Собери се и помисли колку луѓе има низ светот. Ти ќе имаш уште многу убави искуства но и лекции како ова! Мора да ги поднесуваш и да продолжиш. Животот е еден и е твој не го ризикувај за некој кој не вреди.