Ви благодарам милички , да сте здрави и живи. После една недела конечно успеав да се насмеам , онака слатко од срце. Ве гушкам.
За да не поминуваш низ ова повторно во животот, прашај се себе си дали сакаш ТИ одредена работа и дали ВРЕДИ ЗА ТЕБЕ ТОА. Ако сакаш, ако вреди за тебе, никогаш нема да плачеш и да се замараш дали се јавил или не се јавил, дали било ова или било она. Меѓутоа се во свое време и со самата возраст, искрено се надевам имаш барем 19.
Девојче зошто да плачеш, прочитав малку на назад, 23год. на таа возраст веќе си и љубопитна на тема секс, колку ти него си го сакала навистина, тоа не знам, можеби и не е баш љубов љубов во прашање ако плачеш,а нешто ми вика плачеш тој не цени што си дозволила ти, а не поради нешто друго. Welcome to the real world !!! Никој ништо нема да ти цени во животот ако ти сама не си го цениш, не чекај такво нешто од друг човек кој сака нека е, најмалку маж.
Здраво Maja015, После е*ење нема каење.... Како и другите што ти одговорија... си била љубопитна на тема секс... верувај во тој момент вријат хормоните Штом ти си сакала да го имаш првиот секс со него... нема што да се нервираш и да паѓаш во депресија... Доколку си сакала нешто повеќе со него, си требала да почекаш, да се запознаете подобро, па врска доколку ви оди муабетот и т.н. Прифати го тоа... биднало што биднало, оди напред! Поздрав!
Близу е, биди искрена кон себе си, не си мала, а ако си мирна не значи дека си наивна и глупава сакаше ти да се случи тоа? Што очекуваше кревет со рози, да трча по тебе сега итн ? Мислиш ќе било чин поубав итн. ? Ќе научиш со тек на време, си направила што си сакала и што си сметала дека е добро и правилно за тебе и на тоа ќе се сведе се. Дај си одишка и не си ја мачи душата, кој знае која врата ја отворил тој дечко за тебе понатаму во животот и за кого направил простор со тоа што сега те става на игнор. Секое зошто има свое затоа, случајности хмм ми се чини не постојат насмеј се и уживај !!!
Е де, а што ако и тој "вистинскиот" има можност у кола да има секс само? Да не може да ја однесе дома? Секс е секс, и на кревет да бил пак исто outcome би бил у ситуацијава, и ваму и таму ќе изгубела невиност.
Се надевам само дека заштита користевте со типот и дека нема да има последици. Емоционално ќе се средиш со тек на време, сега и од нервоза ќе ти касни најверојатно па уште толку ќе се нервираш, ќе помине верувај само малку време ти треба додека да ти спласнат емоциите.
@Maja015 Ич да не се секираш, ќе те побара кога ќе му се прие*е. Извини, ама принципот на функционирање на тие машки е таков. Ќе го нема за жив и одеднаш ќе ти симнува ѕвезди за да те легни пак. Извлечи поука од првиов пат и не дозволувај никому да те манипулира.
@Maja015 Сеа можеш рајат да си тераш ќеф кога сакаш, со кого сакаш и колку пати сакаш Најболното, најнеубавото, најневпечатливото ти поминало, сеа останува да се научиш да уживаш во тој акт. Избор имаш да си правиш, дигни глава, најди си нешто ново во животот и терај напред. Тоа што си го имала со господинот гарантирам дека не било ништо посебно, досеа јас не сум слушнала жена да ужива во првиот пат. Ти следуваат убави години на уживање, на безгрижност, на учење на сопствената сексуалност и многу многу поубави сексови него тоа што поминало. Најди си нов и овој батали го. Не бидете смотани да плачете по некој што не вреди кога имате толку многу избор за да ви е вас убаво и едвај да чекате следно да се видите
На 22, 23 години, you should know better. Не само за заштитата, за целава ситуација. Се познаваш себеси, ако си преемотивна постави си граници и почитувај ги. За заштититата нема да коментирам, доволно си возрасна и сигурно имаш сексуална едукација. Бар основна. Како и да е, се надевам дека си стварно подобра и дека не ти се вртат веќе лоши мисли во главата. Уживај, си имала секс и тоа е тоа. Гледај од позитивната страна. И да, дечкото сигурно пак ќе те побара, а кога тоа ќе се случи, блокни го.
Да , можам да се пофалам дека стварно сум каде каде подобра психички , не дека не мислам ама не е толку трагично како шо ми беше вчера.
Како не размисливте/разговаравте кога тука прашуваше токму за тоа пред некое време и знаше дека ќе се случи во блиска иднина?
Мило ми е. Се познава дека си мирна и прибрана девојка, знам дека е лошо чувство кога имаш големи очекувања од првиот секс а испаѓа катастрофа, верувај ми им се случува на повеќе девојки него што можеш да замислиш. Ништо страшно, после некое време сфаќаш дека it's not a big deal и смешно ќе ти биде. Ти посакувам се' најдобро и да си најдеш некој кој ќе те цени и почитува онака како што сакаш и заслужуваш.