Уште по тоа што не спомнал заштита, требало да сфатиш дека е неодговорен. Тој што те почитува тебе, а пред се се почитува и себе и не сака да има несакани последици не би се однесувал толку незаинтересирано и неодговорно.
Извини, ама дали стварно треба да се разговара дали треба да се има однос со заштита или без? Посебно со некој што не го ни знаеш и не знаеш каква историја има? Треба да се подразбира дека заштитениот однос е з-а-д-о-л-ж-и-т-е-л-е-н!
@Maja015 Душо мила, немој да се обвинуваш. Луѓе сме, грешки правиме, од нив учиме. Сега ќе знаеш следен пат како да постапиш. Секс без кондом никако, посебно па со женкар како овој несериозниов. И јас имав секс без кондом со човек кој ми беше партнер, прекинавме на лош начин, ми беше прв. Долго време се обвинував ама сфатив дека никој не вреди да си губам време и нерви. Утре е нов ден, крени глава високо, насмевка на лице и не му го кревај егото со тоа што ќе те гледа како страдаш по него. Знам дека можеш.
Благодарам мила. Се помирувам веќе некако иако не можам да кажам дека го сакам јас него, ваљда навикнав на неговото ,,внимание” и се зближив на некој начин. Знам дека се се враќа и Господ е над нас гледа , па секој ќе си го добие она што го заслужил.
Друг пат немој без кондом. Носи си со тебе, 'за секој случај'. И не мора да разговараш воопшто. Кога ќе дојде до секс, вадиш кондом и му го подаваш. Толку.
@Maja015 во целава приказна ти не си воопшто крива. Тој имал друга слика за тебе,ти си имала друга слика за него. Сте пробале не одело, и сте се разделиле како нормални луѓе. Немој да се обвинуваш самата себе. Овој ти докажал од какви треба да бегаш. Но верувај дека некој таму те чека да се запознаете и да бидете Ромео и Јулија. Ако не овој,другиот, ако не другиот, следниот, ако не следниот некој друг. Верувај дека за секој има по некој. И јас мислев за некои дека нема да можам без нив, еве сум денес супер ми е. Стави се на прво место,биди нежна спрема себе. Дозволи си да преболиш,дај си време, прости си. Ќе помине сѐ. Буквално сѐ. Кога ќе дојде тој некој и што ќе те сака искрено и од срце ќе се смееш за што си ја трескала главата од ѕид. Ќе ти биде смешно како си можела да дозволиш да тагуваш за ваков гад. Ќе ти биде одвратно од него.
Девојки јас само не можам да пројдам преку фактот дека беше за една вечер. 23 години пребирав за да накапам на најголемото гомно. Фактот дека само ме скина е тоа шо ми прави проблеми у глава. Па и цели 2 дена поминаа од кога го прашав шо е проблемот. Ни сеен нема , ѓубре. Скоро 27 годишен ,,маж” . Ако може воопшто така да се нарече.
Сакал да ебе. Над 90% од тие што ќе ти се удвараат, да знаеш дека целта им е да ебаат. Па друго, ако осетат - арно, ако не осетат - и то арно. Не си ни прва, ни последна што изгубила невиност при секс за една вечер. И ништо не значи само-по себе. Гледај од светлата страна: Заврши работа, не мора поќе да мислиш, анализираш и се притресуваш околу првиот секс. За во идиниа: Кондом и само ти кога сакаш, така ти како што сакаш, со тој ти што сакаш.
Тој тебе те имал за прв пат. Прв пат е тогаш кога ќе бидеш ти стварно спремна и ќе бидеш подолго со него. Прв пат е тогаш кога ти мислиш дека е прв пат. Ако некој ме разбра што кажав нека ме преобјасни.
Абе не прај разлика дали било со некој за една вечер, или некој што си одел подолго... Еве, ако ви е за утеха. Со години се влечкав со тој што ми беше прв, ама беше насилник, кој ме матретираше и физички, и психички, и емотивно. Камо да ме откачеше после првиот пат. Ќе избегнев 3 и пол години трауми.
Шо си ти? Најлонска кеса па да те кине? Си сакала да имаш секс. Ако ти било убаво, нема за што да се каеш. Она за што треба да си загрижена е што не сте користеле заштита. Се надевам дека ги сфаќаш можните последици од незаштитен однос.
Не сте биле во врска, нормално ќе биди за една вечер, плус дечкото од старт бил јасен.И после тоа не значи дека ќе се јави и ќе пиши порака. И друг пат обавезно заштита, обавезно. Типот докажа дека е ѓубре и не му е важно дека ти беше прв. Ќе помине ова , нема зошто да се обвинуваш.
Знам дека се шалиш, ама пошто ти си уште помлада и според мислењава и за тебе може совет. Да му каже дека е трудна од него нема да трча по неа, туку ќе трча што подалеку. Ако некој не сака да е со тебе, џабе е што и да правиш. Освен тоа не и е работа да едуцира возрасни мажи за секс. Не е дека не знаел овој, ама не останува он труден, па толку му е гајле. Башка знаел дека немала односи претходно, па си рекол таман нема ни болест да закачи. Ваквите така размислуваат.
Ми пиша еден дечко што го знам преку мои познаници. Се имам и видено со него на прослава кај познаниците, но бепе пред 3 години тоа. Дечково во првиот разговор ми симнуваше ѕвезди од небото многу беше "загреан" за мене. Дојде дури до местото каде што живеам само за да ме види но јас не излегов. Ми рече дека многу сака да разговара со мене и не сака да ме испушти, дека ќе ми пише другиот ден. Го немаше никаде неколку дена и ете го пиша. Еден збор и пак со саати го немаше мене тоа многу ме иритира, уште една реченица пиша пак го снема. Јас го откачив и после ај да не бидам толку лоша сабалјето му пишав и само ми стави лајк на тоа и толку сеа пак го нема никаде. Се нервирам како може така да кажува дека мнпгу сака да разговара со мене а после наеднаш да го снема????