Се надевам барем маски носевте..? Шала нормално Батали тоа што било и плановите претходни (the one and only), животот е таков, непредвидлив. Во иднина повнимателно.
Бидејќи беше прво пишување. Не беше во ред уште одма да ми рече да излезам и тоа во ниедно време. Нападно беше затоа и не излегов.
Епа дур не си зацапала, тргни се. Си покажал лице од почеток барем. Ретко кое машко што е вистински сериозно, симнува ѕвезди на прво допишување. Обично се почнува со запознавање, а не со лажни ветувања.
Zasho igras mnogu hard 2 get, vide nema sansi i nema poena da si trosi vreme vise na tebe, si prodolzil dalje covekot
Симнување ѕвезди оф леле Мајко најлошиот тип на машки,и ако тоа не им упали веднаш, потоа два збора не знаат да сврзат нормални,не е спорно дека сака да разговара со тебе но ниту може ниту пак знае како тоа да го стори.Затоа не се чуди што ти прака по еден збор на неколку часа и лајкови само,мој совет биди внимателна со него.
Дали некогаш ви се случило да не знаете што сакате и како се чувствувате?Со еден дечко сум веќе 4 месеци и топ е дечкото,чувствувам почит,внимание па и љубов (колку што може да има со оглед на тоа дека не сме долго време заедно),но мислам дека проблемот е во мене.Јас сум сигурна дека имам чувства кон него,но проблемот е што некогаш се чувстувам како да ги нема т.е еве пример кога сум со него некогаш ми е многу убаво,некогаш онака си поминувам и знам дека ова е нормално,ама кај мене се случува многу често.Имав прилика да прекинам но не го направив тоа,баш напротив,многу ме налути една негова постапка и не зборевме неколку дена па едвај чекав да го видам и изнагушкам,а од друга страна понекогаш кога сме заедно се тргам од него цело време.Понекогаш мислам дека ова можеби е последица на тоа што поминуваме доста време заедно,а понекогаш мислам дека можеби е неговата неозбилност која на моменти многу ми смета или пак тоа што често ги искажува чувствата и ми ствара одбивност бидејќи се истите зборови повторени секој ден
Разговарајте ќе најдете решение. Направете договор да се гледате поретко на 3-4 дена,за да видите колку ќе си недостигате. Додајте нешто ново во врската,да не ви биде монотоно.
Колку си сигурна дека навистина сакаш да бидеш со него? Дали е од тепање на време, дали го сакаш моментот дека си со некој, било кој, или пак навистина сакаш да бидеш со него? Само ти можеш одговор да си дадеш. Да сте со години заедно, ќе има моменти кога ќе ти биде досадно, со оглед дека сте тазе, нешто не штима.
@Tamarkaa јас мислам дека ти на него гледаш како 'одвоена тврдина' и затоа ти е на моменти мех. Разговарајте, пробајте да се гледате поретко и да внесете нови работи. Ако е исто и тогаш, без разлика колку е добар и посветен, ти не си за него, треба да се разделите.
Грлс, ми треба ваше мислење . Со дечко ми сме две години заедно и заедно живееме. Може да се каже дека имаме совршена врска иако поминуваме низ пеколни ситуации кои не се иницирани од нас туку од неговото минато. Јас имам разбирање за се , го поддржувам за се, и на секој можен начин. Тој исто така мене ме поддржува во се , баш како што прават зрели луѓе на наши години (и двајцата сме 30). Пред некој ден прв пат така се скаравме малку, бидејќи јас го искритикував за нешто и од нигде никаде ми вика, дека како минува времето се понесигурен е во мене, дека јас не сум била таква како што сум се претставувала и не бил сигурен дека сака да биде со таква личност итн итн. Тоа ме шокира! Пробав да го прашам кои се причините за да мисли така, ништо конкретно не ми кажа. Секако за тоа што го кажа ни се извини, ни па рече дека туку така од нервоза кажал. Ете по 100 пати на ден ми кажува и покажува дека ме сака ама тој црв од кавгата уште ме јаде . Што би постапиле вие во мојата ситуација? Мислите ли дека некој во кавга може нешто само туку така да каже без да го мисли?
Можеби во афект кажал работи што не ги мислел. Во секој случај, јас мислам да оставиш да помине некое време, да слегнат работите, а потоа да седниш и отворено и смирено да разговараш.
Не знам што ви се проблемите, но нешто што е дел од минатото, таму треба и да остане. Очигледно имате нерешени работи меѓу себе. Можеби и затоа не е сигурен. Одново и одново стари проблеми излегуваат на виделина. Само вие двајца најдобро си знаете дали можете да свртете нов лист и да го оставите минатото назад, каде што му е место.
Тоа од минатото не е проблем. Се решаваме со слога. Само типов не можеш за ништо са го искритикуваш. Последно му кажав дека треба поактивно да учи германски, дека ми вети дека ќе научи а уште се заебава. Леле кога се напна јас не сум била таква ко што сум се претставувала, не бил сигурен у мене, блабла ... почнав да се смеам у сред кавга.
Е па тоа ми е проблемот, ти му збориш едно тој друго . Не се работи за дали сака или нејќе туку мора. Со англиски има 10 пати помалку огласи отколку со германски. Плус тука живееме во Германија мора да знае.
Ау... во Германија живее и не го зборува локалниот јазик? Навситина е неодговорно ако не сака да учи. Прашај го зошто е така. Ама смирено.
Разговарај смирено, ама ако човек сам не сака да вложи во себе, нема амбиција и желба за напредок, тешко дека нешто ќе се измени.