Како тоа она игра hard to get, кога овој е несериозен и не знае да врати на порака? @princess02 мене ова ми е многу детско, не вреди да се замараш.
Нели имате по 30 години, нели е малку детинесто ова од негова страна? Не си му кажала ништо лошо, само си му мислела добро. Немал причина зашто да ти се истури дека не бил сигурен во тебе. Па јас да ти речам, не би била сигурна во него. Оди во друга земја, бара работа а не знае ни јазик. Најверојатно нема ни на најде, за што ќе го чуваш во Германија кога он таму без јазик е бескорисен?
Не, баш напротив. Две години сте во врска. Од кои првата е оној honeymoon период, кај што си ги игнорирате ситниците и се идеализира малку повеќе врската. Сега сте во тој период кај што сте пореални, па почнувате да ги забележувате и да ви пречат. Тоа што не прифаќа реални критики е голем проблем. Треба да го седнеш и смирено да му објасниш дека не можеш да функционираш така. Викаш дека се поддржувате во се и ти него секогаш си го поддржувала. Ама сега таа поддршка ја нема, бидејќи навистина е неприфатливо да живееш во некоја земја, а да не сакаш да го научиш јазикот. И затоа, според него "не си била таква како што си се претставувала". Мислел ќе го поддржуваш во се, колку и да нема смисла.
Омажена сум и имам 5 ипол годишно детенце. Пред 5 години се вработив во нова фирма и не ме интересираше ништо друго освен работата бидејки платата и придонесите беа многу повисоки од секоја друга работа што сум ја работела во животот. Но, по извесен период се појави колега што целото свое внимание ми го посветуваше на мене и покрај тоа што знаеше дека сум мажена и јасно му ставав до знаење дека не сум заинтересирана тој не се откажуваше. Јас бев многу лоша кон него, го игнорирав, го избегнував и кога ке се случеше некогаш да работиме заедно на некој проект бев крајно нетрпелива, нервозна и склона на расправии. Сепак некако потсвесно успеа да ми се пикне под кожа и ппкрај целиот мој напор да се држам на дистанца, јас се навикнав на него, неговото присуство, почнав да размислувам за него и се наоѓав самата себе депресивна и мрланхолична, едвај чекајки да отидам на работа, само да го видам и гласот да му го слушнам па макар и воопшто да не направи муабет со мене... така издржав 3 години и лани веке не можев, бралот ми страдаше, јас се гушев во тој однос, не можев веке ни да легнам со маж ми во ист кревет а камо ли да правам нешто друго... јас се заљубив во колегата со кој ни здраво не си кажував цели 3 години... седнав со маж ми и отворено му реков каков проблем имам и ми даде простор, сега живееме на 2 различни адреси веке цела година и во брак сме само на хартија, а сепак сме и другари и се согласуваме околу обврските и гледањето на детето... со колегата уште продолжив така да се однесувам бидејки и покрај моите чувства, тој е ерген а јас мајка со дете и сметав дека немам право да му ја уништам иднината, има тој право да се ожени и да си оформи фамилија како што си оформив и јас... Сепак во еден момент на слабост (бидејки тој се уште упорно ме провоцираше а јас и онака горев од страст и чувства, па и конечно сама сум) му пишав порака (што ми беше најголема грешка btw) и добив корпа што ме заболе да, но се помирив со фактот дека не чувствува за мене исто што и јас за него. Следниот ден се симна на мојата станица на вракање од работа, се изненадив и се израдував и влегов во тобако, купив алкохол и нешто за мезење и мислев ке направиме конечно муабет и ке си го решиме проблемот, но дур да излезам он избегал... му позвонив и ме одби, не пробав пак... се опив и плачев цела вечер, ке цркнев од мака, не ми беше јасно што сака од мене "да ме полуди ли?? Зошто се игра со мене?? Наредниот ден на работа го слушам како збори со др колега незнаејки дека сум и јас во просторијата "избегав, се исплашив, чувства се бе ова, јас се заљубив во неа...јас сум заљубен во неа... не знам што е ова но јас не можам без неа.. не можам да ја допрам, ке се помочам... страв ми е да останам на само со неа, удар ке добијам" ... И така сега сме двајцата заљубени еден во друг и цел свет знае за нашиот проблем и се потсмеваат со нас, се пијанчиме и не можеме ни да јадеме ни да спиеме од што сме во депресија и пак муабрт не правиме...пробав 2-3 пати да му пријдам, запален е мнооогу и го боли и мене не ми е баш сјајно, но од што е исплашен или бега од мене или почнува расправија и пак бега и јас не знам што да направам, дадов се од себе да ја оправиме работата, а за сите други сум јас крива и ме осудуваат што сум му пишала бидејки тој не знае да зачува са себе, споделува со цел свет, а јас молчам... Многу ми е тешко и не знам како да се справам со целава ситуација а мнооогу го сакам, никогаш никој не сум сакала вака како што го сакам него
Не го ни познаваш.. Не го сакаш.. Само си затрескана како зелена тинејџерка.. Па и бракот си го растурила.. А да го нема веќе на работа кој знае дали ќе сакаш да легнеш со маж ти..
@CristalRita не го сакаш само ти годи неговото внимание. Не се затрескувај имаш маж и дете на кое му треба зрела мајка, а не пијана расплакана тинејџерка
Работава со типот е сака да се ебе ама да не влезе. Заинтересиран па ќе бега. Туку гледај спаси го бракот ако има шанси. Плус колегата не го ни познаваш толку добро така да запрашај се дали вреди да уништиш се само поради момент на слабост и страст? Ја не би.
Па и јас иато мислам ко вас бе ама бекако се случи и сама синсе чудам на паметов ама за се има прв пат нели ... ај сега помагајте да ве видам зашто јас не сум способна сама да најдам излез од овие глупости
Море јас многу добро знам што сакам, само ме знам како да допрам до него... а он будала, 4 години ми глуми фраериште, се игра топло ладно со мене, ме навлекува и ми глуми фраериште и сега кога пукнав, кога дојде јајцето до газ, нема ни Ф од фраер во него
Извини, не сакам да те навредам, но нели е ова малку тинејџерски? Си го растури бракот, за што? За да пробаш нешто со некој, врска која не ни знаеш дали ќе успее? Мене сето ова ми е премногу себично, и за мажот, а посебно за детето. Врската со маж ти никогаш нема да ти биде иста, дури и да се вратите заедно. Чим ти си можела да се заљубиш толку во некој, значи љубовта за маж ти одамна згаснала. Сепак мислам, дека ти здодеало во бракот и си желна за некаква возбуда во животов. Најверојатно ја сакаш само идејата на него, не можеш да љубиш човек што не го познаваш. А ова зборување „страв ми е да ја допрам, ќе се помочам“ не ми е тинејџерски, туку ми е ко за во градинка. Ако ете бидне иднина со тој човек, тој нема да ти биде само тебе дечко или маж, ќе биде и очув на твоето дете. Дали сметаш дека човек што од срам избегал од тебе, е спремен да е татко?
Не сакав да навлегувам до толку во детали, но нашиот брак одамна беше згаснат, мојава ситуација само ја забрза работата...инаку јас сум одамна решена да не се премажувам, па ова барем според мене ке беше "авантура на долги стази", бидејки љубовта и страста се пролазни и постојат врски без обавеза... не очекувам да се мажам а уште помалку да ми го гледа детето... после сето ова искрено ништо и не сакам со него, ама не знам како да направам фабрички рестарт на главава
Мислам дека не си фер кон сопругот (бил тој само на хартија или не), освен дека си му кажала за се и дека сте се разделиле, вашиот брак е сосема нефункционален, да не речам непостоечки после цела година. Треба првин со него да ставиш крај, а потоа започни што сакаш. Сте се разделиле, не сте разведени а ти си опседната како да ја оправиш со колегава. Кој патем не го сакаш, туку е само флинг. Во најмала рака ќе ти бил привлечен уште на почетокот, а вака веднаш кога ти дал корпа ти си се разочарала и си се опила, автоматски си се помирила дека е крај. Потоа си наслушнала муабет и автоматски си поврзала дека се работи за тебе и сама си си дала надеж и сега пак "фраерот" го нема. Што ако е тој само некој кој сака да флертува напразно?
Па да и тоа помислив, но колегиумотбе заеднички, он збори, други ми кажуваат, он е ко опседнат со мене, од уста не ме вади а со тоа и ми отежнува, кога ке решам да кренам раце и да продолжам слушам некој нов бисер за неговата љубов кон мене инсе така си се вртам во круг