Не, не сакам да бидам и покрај чувствата што ги имам но, незрел е, егоистичен, на моменти себичен, проба да направи нешто и утна и на цел свет сам си се раскажа ко да се гордее што посрал работа "демек ке пукнел од мака и морал да го извади тоа од системот"... па замисчувам шо ли ке се случи ако ме добие..па тоа ке биде како утакмица јувентус-валенсија " јас и он искачаме..он споделува на некој групен чат со цел колегиум "сега ке биде" , а овие малодушни во позадина навиваат "шут и ГОООООЛ"... само не знам како да го извадам од глава
Абе готово, ќе пукнел од мака, ете и вени ќе сече. Не верувај многу на зборови, зборовите ништо не значат, толку. Ако толку ти е мерак па разведи се од сопругот и прави што ти душа сака, вака нефер кон сопругот и детето е. Ова не е љубов.
Ете виде дека не е фраер, прекини со него. Фокусирај се на вашето дете со твојот сегашен/бивши сопруг. Инаку ти делуваш на полнолетна жена со тинејџерски и неизживеан дух.
Сите сте во право и фала ви за вниманието, искрено се што ми кажавте и јас исто така размислувам, само ми требаше да споделам, со некој муабет да направам, да си олеснам на душава... ете решив, ако сака и вени нека сече, тоа веке не е мој проблем, јас ставам крај на оваа турска серија...а што се однесува до бракот, јас и маж ми не сме срекни заедно и детето не може да биде срекно ако ние страдаме, па таму враќање назад нема...ке си продолжам сама и без грижа на совест бидејќи пробав
Не знам, нова сум на форумов и чисто онака се испукав, ама ако има некоја друга залутана душа како мене нека и е со среќа зашто ова е многу тешко и болно
Во право си не е ни битно, ама твојот пост е далеку од вистина. Делува незрело, како напишан од 15 годишна тинејџерка, која си го пополнува времето. Има толку многу индикации, ако читаш меѓу редови. Во случај да е вистина, а не верувам, прати го детето кај татко му, барем да не те гледа како се пијанчиш за маж, побогу.
Детето е по 5 дена де кај едниот де кај другиот...од кога излезе коронава немаме редовен работен режим, работиме 5 дена, одмараме 5 дена..кога аум на работа, детето е со татко му, кога сум дома, со мене е..така функционираме и детето ме нема видено во таа ситуација, се контролирам пред него
Верувај во што сакаш, што и да те прави среќен, само задржи си го за себе ако веќе знаеш дека ќе навредиш или повредиш некој со коментарот...ако имаш нешто конкретно да кажеш, еве ке те ислушам во секое време
Земи среди се со мажот ти не паѓај на такви фори а и дете си имала па на тоа дете татко му треба а не љубовник на мајка и... позз
Па добро што мажот воопшто те трпи. Којзнае шо црнила гледа пред себе од убавиот ми живот шо го дочекал..? Не знам кој совет го бараш. Ако имаш малку срам ќе инсистираш на развод и ќе го пуштиш човекот да си го гради животот одново (а на кој начин и со кого - не треба да те интересира).
CristalRita, Би сакал да го споделам со тебе моето мислење за твојата ситуација... Никој не може да ти се пикне во потсвеста ако ти не дозволиш. Ти уште на почетокот си можела културно на колегата да му кажеш отворено дека ти смета неговото однесување кон тебе. Но сепак после настанатата ситуација, очигледно имаш слаб карактер. Мое мислење е дека треба да го средиш бракот со сопругот со кој веќе имаш дете.... Вашето дете е НАЈВАЖНО во вашиот живот... Треба двајцата да имате предвид како тоа ја доживува целата оваа ситуација и просто кажано стварноста на светот околу себе. Има многу да се дискутира на оваа тема, бидејќи сеуште си во брак на хартија, накратко ќе ти кажам да не го изгубиш засекогаш она што го имаш, посакувајќи она што го немаш, а она што го имаш е последица на тоа што си сакала еден ден да го имаш. Стави крај на "авантурата" со колегата, обиди се да го средиш бракот со мажот ти... Доколку не можеш, би ти препорачал да зборуваш со стручњак од областа на детската психологија односно повеќе да се сконцентрираш на тоа што е најдобро за твоето дете затоа што тоа мора да се навикне и да се изгради во стабилна личност. Поздрав.