не,јас мислам дека доволно направи ,дури и од повеке..дечкото како шо реков или има друга или му имаш здосадено со тоа шо му докажваш дека многу ти значи ...немој да дозволуваш другите да манипулираат со тебе..имај свое јас и малку гордост..џабе ти кажуваме ако ти самата не речеш дека од денес јас ке се поставам поинаку спрема него...застани цврсто на земја,биди силна,и не подлегнувај на искушенијата...не му пишувај,прави се како да не ти е до секс,ниту пак до него...понашај се скроз онака лабаво...како да ти е сеедно...пробај така некое време...ама немој да попушташ,оти џабе е...пробај така и ке видиш...ако за некое време не се поправи и не дојде да разговара со тебе...тогаш значи дека воопшто не му е грижа како се осекаш ти,и прашање ке е дали има вистински чувства кон тебе...затоа биди стрплива,имај СВОЕ ЈАС,не му дозволувај да манипулира со тебе,не докажувај дека зависиш од него и дека не можиш без него и се ке биди ОК позз и расположи се,излези со другарките,забавувај се...немој да се нервираш,не вреди...ако тој воопшто сака да бидиш срекна и ако те сака нема да дозволи да те гледа ваква сега можеби не сфака како ти е,но ако помини подолго време и пак е исто,откачи го...заслужуваш подобар
фала многу за искрениот совет.......во право си знам..ама осеќам силен притисок ке пукнам ако не му казам ако не пробам уште еднаш пред да го направам тоа што ти ми го напиша...
епа ок ете ако мислиш дека потоа ке се обвинуваш дека не си му дала уште една шанса,разговарај уште еднаш,само ке видиш дека пак ке биде истото...само после тоа се надевам дека ке почниш да го практикуваш мојот совет...оти ако самата не си речиш дека ке го смениш однесувањето кон него,џабе те убедувам јас сега како сакаш ова е мој најдобронамерен совет...знам дека лесно е кога друг ти кажува,ама понекогаш е доволно само да имаш некој кој ке ти кажи шо е најдобро во ситуацијата...да те подржи дека си во право и да биди тука кога ти е најпотребен...многу добро го имам осетено тоа на моја кожа...како и да е,јас секогаш сум тука за другите сакам да ти помогнам да ја држиш главата исправено...сега чувствата раководат со тебе,и затоа е тешко да размислуваш со мозокот...сепак тука сум јас ,пиши како се одвива ситуацијата,заедно ке ја решиме,само доколку ти сакаш и ме послушаш за некои работи
јас сум искрена и едноставо ке му напишам една реферат порака сега на најубав можен начин па ќе видам негова реакција...и ке ве известам
srnicka24 мој совет до тебе почни ТИ да бидеш ТОЈ (знаеш во која смисла)примениго неговото понашање кај тебе па да види како е и како човек го прави тој да се осеќа јас мислам дека со пораката ништо нема да постигниш тргни девојко во пракса нека му здожежи малку друго не мисли дека не е женкар чудно ми е што не сака човекот да имате односи (без навреда)за момент си се замислила дали друга му се мота по главата? мора тој да ја осети твојата ладност и обивност кон него па за да почне да реагира како се вели ако некој не ја чуствува твојата присутност направи да ја почуствува твојата отсутност направиго и љубоморен нека му светни на човекот малку ламбата искрено тоа што кажува дека несака да има односи ради бременост ова она дека ти си сакала многу(безвезе)според мене чисти изговори тргни во акција со среќа
јас веке ја напишав пораката..и после ова ако ништо не се смени навистина јас кебидам ОН...да осети како е да се биде во моја кожа...може избрзав ама ке пукнев..не можев повеке да издржам...фала советите на сите..многу ми значат
Голем проблем!!!! Значи ова ми се дешава прв пат во животот.... Со дечкото комуницираме постојано веќе 2 месеца, се гледавме, значи се нај нај, карактер срце, каваљер, ми кажуваше се за него се зближивме многу добро, ме запозна со сите негови другари, он со моите блиски...Се затрескав во него, ептеннннн. Проблемот е што типот не ме пипа хаха, мислам воопшто, ќе се бациме неколку пати и толку.Само да напоменам дека имам 21, а тој 24... Неќна толку многу се опив, и му отидов... значи избега од менеееееее, си отиде И рече на другарка ми дека многу сум му била провокативна и не можел да ме гледа, дека не можел моментално да ми го даде тоа што го сакам Му пишав порака, не ми врати... вчера ме виде, и не дојде да се поздрави, отидов јас, беше ептен ладен и му кажав дека си одам, не одговори ништооооо. Сега ме виде пак, и се направи дека не ме гледа... а цело негово друштво ме звери и ме посматра во чекор. Значи јас се сомневам дека е геј
Велиш дека тој е 21,а ти 24. Најверојатно тоа е она што го кочи. Можеби мисли дека нема да те задоволи. Мислам дека тука лежи зајакот,и дека тоа треба да го расчистите,да му дадеш до знаење дека не треба воопшто да се срами,а ниту пак ти да му покажуваш дека знаеш се,или дека си многу поискусна од него,може типот комплекс да си набие,што јас мислам дека е доволно за да не ти приоѓа повеќе... Пробај,за проба не се земаат пари!
Не мора да е геј, може има некој комплекс, може не е сигурен во себе, може едноставно сака полека да оди во врската (има девојки би го ценеле ова ), а може и не го привлекуваш на тој начин сѐ уште. Од она што јас знам од другарче едно, имаше комплекс затоа што немаше спиено со девојка, а помина 20-та година и му беше полесно да ескивира, отколку да се срами . Сѐ може да биде, ама штом така лесно се оладил... батали. Ќе го отсакаш p.s. A може па и да е во „неопределените“
Не не, тој има 24, значи 3 год е постар од мене... нема никаков проблем, се одеше прекрасно... и баш ми беше премногу мило што е тој таков, што не избрзува, сака полека да оди сето ова... уште повеќе мислам дека го засакав баш поради тоа.Али незнам што му се деси, зошто толку ми се налути.. зошто сум го испровоцирала??? ГЛУПОСТИИИИ
Незнам ,чудно многу Ај да сакал да те испоштува ок,демек те цени и да не брза,ама кога веќе видел дека и ти сакаш можел бар да те праша ако е толку фин-дали си сигурна?,или бар да направи муабет со тебе...не ми се допаѓа што така и рекол на другарка ти дека го провоцираш...зошто така сфатил незнам кога има 24год,не е мал... зошто го сфатил тоа како провокација а не како нормална ствар?ако и натака продужи исто,бегај од него,секое нормално машко би дало се на негово место,а он стварно не ми е јасен...или направи муабет прашај го зошто така мисли,кажи му и дека се запрашуваш зошто не те пипа ,речи му -значи воопшто не те привлекувам...бла бла....абе нека се изјасни
Не би рекла дека е геј. Значи два месеца како комуницирате, сте станале блиски, ти се доверил, сте се запознале блиските сепак сметам дека тоа се знаци кои укажуваат на тоа дека му значиш нешто. Можеби има некој друг проблем, кој ете му е срам да се довери. Можеби има проблем со ерекцијата, можеби е во прашање некој друг здравстен проблем, да е под напната ситуација, некоја психичка пречка да е во прашање. Друго што ми паѓа на памет е тоа дека можеби немал до сега сексуални односи па го е страв, срам како ќе излезе сето тоа. Штом е инаку добар со тебе остави го малку нека се преиспита, па можеби ќе каже што е проблемот. Е сега ова ми е чудно што те избегнува, кажи му дека сакаш да разговарате и кажи му тоа што те мачи, па можеби ќе биде искрен и ќе ти каже што е проблемот.
Те видел во друго светло, можеби не те замислувал така? Можеби се разочарал? Сега само претпоставувам нели, но можеби те замислувал како многу почедна девојка? Машките знаат да бидат чудни . Можеби си помислил дека си (била) таква со сите, па се навредил? Ако те игнорира, остави го нека му помине, па после, ако има простор, побарај го и разговарајте. А можеби едноставно имаш среќа, покажал со време каков е Ако има толку тежок карактер, ти направил услуга
Незнам више што да помислам...мислам ќе ми прегори мозокот хахаха. Сакам да разговарам и да расчистам, ама веќе се обидов и гледам бега од мене. Неможам више да се замарам, премногу се нервирам и апетит изгубив и температура качувам. Ќе го оставам малку на раат, ако дојде тој убаво... ако не, неможам да го врзам за мене.
Вака-со дечко ми одиме 5-6 години,тој има 29,јас 27,врската ни е ок,се функционира супер се е добро....но приметувам кога ќе почнам да зборувам за свадба онака на шала,за дечиња какви ќе имаме,тој само ќе се насмее и вели-ќе биде....не живееме заедно,тој е од ск,но живее во мал стан,а јас не сум од ск, живеам кај роднини зошто тука работам...у последно време ретко остануваме сами,татко му се пензионира па нонстоп е дома,а живеат во двособен стан а тој е заедно со помал брат во соба,а кај мене гледањето е малку отежнато иако имам соба моја,и седиме заедно секој ден сме кај мене ,само за спиење си оди дома,сметам дека ни треба интимност...му реков да изнајмиме некоја гарсоњера но тој вели ќе сме заглавеле финансиски,нема да можеме да плаќаме...јас пишав некаде дека земам мизерна плата од 5000ден,и му реков дека сум спремна 50евра да дадам бар нешто да остане за мене,зошто неможам да барам од моите и тие не се финансиски ок....тој зема 17ооо плата,му реков додека се снајдам со подобра работа тој да плаќа за јадењето и сметките а потоа и јас ќе учествувам....вели дека најмногу на свет сака да живее со мене,неможе веќе во таа заедница да живее дома,претесно му било,се гушел,но да сме почекале уште некој месец да видел може и тој ќе најдел некоја подобра работа....а неговите не се за жалење брат му зема стипендија,татко му 16000пензија,мајка му 22000плата во државно работи,незнам што да мислам...не сме веќе мали,стварно осеќам потреба да сум со него,по цел ден...иако тој не прави разлика што неговите финансиски се помоќни,,многу ги почитува моите ,и тие него,и секогаш кога искачаме плаќа тој,секогаш ми купува убави поклони...јас се осеќам глупо неможам да најдам убава работа,нонстоп барам,ми се ствараат и комплекси и многу почнав да се нервирам......незнам што да мислам веќе....од ваша гледна точка како ви изгледа мојата ситуација
Мима83, ти како да си во врска со 19 годишно дете, а не со маж. Каков е тој маж што со неговите години не сака да ризикува малку и да си изнајмите гарсоњета за вас двајца само? Ај да нема работа тој, да го сфатам. Ама ете работи, зема колку толку добра плата, би можеле да си дозволите гарсоњера, па под кирија ќе бидете, нема да купувате вие стан. Но, ти мораш да најдеш работа. Само со неговата плата не би излегле на крај. Мораш сероизно да разговараш со него. Не на шала да збориш, сериозно седни и разговарај со него. До кога мисли вака? Секој месец ќе вели уште еден месец? И се така ? Па не сте вие 20 годишни па да си велите имаме време пред себе за кариера, семејство и др. Сега ако не почнете да се осамостојувате и да пробате да створете свој заеднички живот, кога ??? Ќе чекате неговите да умрат (извини на прашањево, ама така делува дечко ти) па вие да се вселите во станот ?
Да мима најубаво седни и разговарај,па веќе и во години сте,мораш да знаеш што мисли тој и што планира,јас сум за едно 2год помала од тебе па живеам со дечкото и двајцата работиме ама немаме којзнае какви плати,сами си плаќаме,гарсоњера најдовме за 8500 ама потпишавме договор на една година и ни ја дадоа за 8000ден,на крај на месец никогаш не ни стигаат пари па секогаш сме во mинус едно 3000 обавезно,не бараме од нашите многу ретко, тој ако побара за една сметка,јас од мајка ми неможам самохран родител е....значи ако се сака се може...може тој сака финансиски да е постабилен ,може како што велиш сте немале пари па несака да си дозволи да плаќаш,може сака тој да плаќа,можеби се плаши од врзување........има многу причини ама ти најубаво можеш да го процениш,ние вака можема да ти наброиме причини ама вистинската можеш да ја најдеш само ти..ако се сакате се е возможно,good luck
LadyN Кога го прочитав ова прво се изнасмеав едно убаво, па после почнав да размислвам што е проблемот со дечкото и дојдов до еден заклучок. Дечково пати од комплекс дека неможе да те задоволи, дека си премногу за него, дека ќе ти здосади и нема да може да те задржи. Незнам што му се има случувано во минатото и со поранешни врски, али на мене ми личи на такво нешто. "многу си била провокативна за него? wtf?" Он неможе да ја поднесе таа провокативност? Нема некое решение за ова мислам освен директен разговор очи во очи и да се реши...Тука може да нагаѓаме ние до утре сабајле, пак нема да знаеме што му се врти во глава и зашто реагирал како што изреагирал....Затоа најдобро ако можеш разговор во 4 очи со него за да дознаеш се....Не би препорачал користење на социјални мрежи бидејќи тогаш не е ставен баш онака што викаат "in the spotlight", па ќе има време и да размисли што да каже и нема да е под толкав притисок ... затоа само во 4 очи