Му кажала на мажот и' дека била заљубена во друг, а со овој другиот како мачори само си се гледаат ништо не прават. Приказна од градинка. И мама заедно со детето догодина в градинка. Ај ти ама па и овој маж ти што ти дава време.. Од кај ги наоѓате такви
Brak od interes... jas da izbegam od problemi doma, on da mu vleze zekirata vo med ... e za takov brak zborme...inaku nikogas co zivotut ne sum bila zaljubena i ova sega me izvadi totalno od kontekst...prv pat vo zivotot vaka se cuvstvuvam
А ти оти се мажеше ако не го сакаше? На брак никој не те тера со сила, ниту воопшто мора да се мажиш ако не си сакала. Тоа е индивидуална одлука. Бракот не е интерес и не знам зошто таква функција му препишуваш. На крај краева не можеш да се раководиш ни од сегашните чувства и воопшто не ти држи вода цела ситуација. Седни, разговарај со мажот ти и решете. Сè се решава ако се сака. Тука ние може само совети да даваме, ама само ти си носиш конечна одлука.
http://www.city-data.com/forum/relationships/1752116-long-relationship-but-love-coworker-i.html најдов многу слична приказна
Цела приказна смрди на тролање, али овој дел апла се глеа дека е измислен. Пази, типот на колегата му зборел вакви патетики, чувства се бе ова, не можам да ја допрам, а она била таму... ахахахах абе сигурно. Друга ствар е постот во кој тврди дека као мажот не и давал развод, а да беше стварно во процедура на развод ќе знаеше дека нема што мажот да не и дава развод, не е ова америчка серија. Long story short, obvious troll is obvious.
Mazhot ti ne ti dava razvod?! Devojche, ova mk e ne amerika Sepak stanuva zbor za vishok vreme shto ne ste na shkolo Ps najdi druvo hobi osven izmisluvanje prikazni po forumi
Кога гледаш дека нештото неоди како шо треба и си правиш само проблеми поарно совреме откажисе. Знам са ваква случка на моја школска другарка, не само шо си го запусти бракот туку и колегата нејзин со кој започна да се гледа и сврти грб од ко успеа да ја легни неколку пати. Тој се вери преку нојќ а оваја падна во депресии. Неси ни прва ни последна ама ум во глата не е на одмет и да размислиш двапати пред да донесиш крајна одлука.
Здраво девојки,имам проблем за кој ми треба ваше мислење и совет.Ке се обидам да бидам што пократка. Значи вака.Имам дечко веќе 1 година.Во врска со него влетав по завршување на долга предходната врска во која бев изневерена а која требаше да се заврши со брак кој беше планиран..и така огорчена кога мислев дека целиот машки род се исти се појави сегашниов и паднав на него бидејќи беше мој тип во секоја смисла и физички и психочки. Еден месец се запознававме,го држев во неизвесност за да видам колку е искрен со неговите намери иако беше премноогу бајковито се од негова страна.Значи внимание во секој момент,инаку дечкото е 1година постар,исти сме во сите планови погледи и желби за во животот.Тој е од мојот град но живее и работи во Германија веќе неколку години.Дечкото работеше на себе,спортуваше теретана секој втор ден,читање книги,музика,медитација значи позитивен дух кога ке влезеше во просторија се осеќаше неговата самодоверба и колку работел последните години на себе и се изградил себе си.Бидејќи и јас сум таква се кликнавме веднаш и по 1 месец непрекидно слушање,шмекање и се друго излеговме и биднавме заедно.Тој многу се вљуби,прв пат во животот некого да сака,а јас изгорена од предхпдната врска бев свесна дека уште имам некои чувства за бившиот кои со тек на време ке ги снема но никако не планирав ниту сакав ова мегу нас да прекине.Наредниот период внимание од негова страна на секој миг,јаа цветав,насмевка на лице 24/7 тој исто така но не бевме свесни дека тоа 24/7 константно слушање и контакт може да не уништи и да се угушиме еден со друг односно да се изгубиме нас самите.Дечкото после некој ден замина за Германија и беше таму 1ипол месец.Додека бевме разделени секој ден заспивавме на телефон,не се делевме иако јас имав друштвен живот тука си се видував со другарките тој ме поддржување во се едноставно осетив дека тој е човекот што го барав.Ниту во еден момент не помислив да го оставам ни тој мене.Се беше бајковито првите месеци како што и обично е се додека тој за тоа време додека ние не се делевме не заборавил на себе си.Дечкото веќе не работеше на себе и полека почна да биде незадоволен сам со себе си и својот бес и незадоволство од едноличен живот да ја усмерива и на мене.Почна да му смета што ставам слики на инстаграм сум барала пажња од други,ми збореше стално дека се допишувам со други иако не сум пишувала со никој освен на личности што ги знам и имаат девојка што ја знам и ајде да не биде не враќам сум вратила 2 збора едвај она баш штуро со никаква намера но цел да ми се пушта никој,но тој не ми веруваше се повеќе стана несигурен,ми го проверуваше секој чекор кога излегував со другарка ми викаше не ми вернп дека ке излегуваш со неа и јас почнав да се преиспитувам што правам тплку погрешно.Тој дојде и беше тука 1 месец,се беше бајно пак немаше никакви мисли и несигурности од негова страна бидејќи се увери дека стварно сум мирна и не праваж ништо.Тој еден месец бевме баш активни,излегувавме бевме оние ние вистинските и бевме пресреќни.Инаку однос инавме на неговото второ доаѓање после 2 месеци,бидејќи несакав да добие се веднаш и да не му е интересно после тоа.И така дојде време тој да си оди,во тој момент се појавува бившиот кој го сакав премногу а ме изневери и секојдневно ми звонеше ме молеше да се смириме иако јас пополека го заборавив но сеуште имасе некоја мала искричка која ме натера да му вратам на чат и да се зезнам за цел живот.Се допишував со него една ноќ ме тераше да излеземе реков нема шанси си закаснил немаа да правам на никого нешто што тимене ми го направи.И така заврши нашата комуникација но јас не бев мирна сакав да му кажам да дечко ми дека сум се слушнала и да немам тајни со него бидејќи навистина врската ни стануваше озбилна и се повеќе се продлабочуваше.Кога му кажав за тоа се налути и ја изгуби довербата во мене скоз што и ден денес е лошо по нас и нашата врска.Знам дека не требаше да кажам ништо но осеќав дека сум згрешила и сакав да знае.Што и е фер до негде не ли? Иако не сум направила ништо само сум се слушнала.Од тогаш започна хорор,дечкото нема доверба во мене,со секоја моја слика на социјалните мрежи добивав коментар дека живеам за други,дека барам внимание од други и така јас пополека почнав да се губам себе и да се осеќам несигурно бидејќи намалив со се што претходно сум правела.Океј може стварно претерував со слики и сликање но никој ми нема пишувано и не сум се допишувала со никој освен со него но тој не ми веруваше.Пројде карантинот дојде лето тој дојде на 3месеци и бевме неразделни секој ден,но пак ми спушташе муабети дека гледам машки во чаршија,барам внимание од друг кога сме заедно а не сум посакала такво нешто.Ме остави после 3 месдци заедно што вевме неразделни,се беше супер барем за мене но тој кога раскина ми рече ме сакал многу нп не сум за него,бил мн љубоморен,се изгубил себе си,не можел да остане во оваа врска се гушел најдобро да заборави на се.Јас тука почнав да го убедувам дека не е така( што е грешка знам-требаше да се завртам веднаш кога ме остави) дека се можеме да средиме само ако доволно сакаме.И се смиривме по 2 недели.јас избришав сите социјални мрежи,тој исто така пред мене некое време,кога излегувам со другарла сега на кафе и муабет стално имам лошо чувство дека морам да му се правдам за секој мој чекор,и така јаа станав леш кој нема воља за живот бидејќи бев препозитивна личност одеднаш се ми се заврте и самата сум виновна знам.Кога се смиривме имавме уште 20 дена до негово повторно заминување во странство.Деновите беа полни со разговор,тој така изгубен и безволен не сакаше да си помогне му зборував дека станал таков заради тоа што јас му бев центар на светот а себеси се изгубил и не е тоа што е бил,почна да оди на психолог да се врати да биде пак истиот сигурен во себе да има волја за се,и така ни поминаа тие 20 дена тој замина во странство и сега е таму.Првите денови откако замина јас стално осеќав дека МОРАМ да бидам 24/7 достапна на телефон се правдав и објаснував за секој мој чекор иако тој не бараше јас самата бидејќи се исплашив да не ме сфати погрешно пак и да не ме остави стално се правдав се додека во еден момент не се почувствував јадно дека јас него стално морам да ми се докажувам а тој на мене ниту еднаш ми нема докажувано ништо бидејќи не сум му направила ниту една сцена за ништо такво.Почнав пополека да се повлекувам и да ја вртам играта тој да биде иницијатор на некои работи за нашата врска и да осрти дека тој е столб на врската и машко а не јаа која стално морам да бидам аниматор за да не случајно погрешно ме разбере и ме остави.И така како пополека јас попуштав со давање се од себе бидејќи имав ужасно чувство на немир во себе дека ке ме остави и станав несигурна и јас и неможев да си помогнам решив да кренам раце и да видам што тој ке преземе за нашата врска бидејќи до сега ниту еднаш ми нема докажано ништо на дело кога имаме тешка ситуација за решавање јас сум таа која бара решение за се и се однесувам како јаа да сум машко а не тој кој треба мене да ме штити.Така си го научив тој да не се залага многу за нашата врска,порано збореше за нашата иднина сега јас ако не спомнам нешто тоа не се ни коментира,порано ми пишувше и враќаше веднаш сега често се случува да ја прочита пораката и после некое време да врати со изговор дека работел,еднлставно осеќам дека се гуши и не знам што да направам.Ми треба ваш совет како понатаму,знам дека ме сака многу и јас него исто така но како да си помогнеме да бидеме старите ние и да не ни биде токсична врската бидејќи вака ако продолжи и дваицата ке бидеме личности кои во најубавите години живеат како мртовци.Тој се навикнал сега дека јас сум до него и не треба да се замара ни да ми покажува со дела љубов а јаа само сакам да се врати стариот тој кој беше полн со себе и со живот и не да биде 24/7 со мене туку и само 3пати на ден да се слушнеме ама квалитетно а не да изгледа како со зор да збори и ми посветува време.Ви благодарам и извинете на долгиот пост.
Не знам каков совет можам да ти дадам. Сметам дек после првата долга врска, си требала да посветиш време на себе си. Знам многу другарки кои се навикнале да имаат дечко и не знаат каков е животот без никој. Да убаво е некој да те сака, ама никој повеќе нема да те сака од самата ти. Новиов дечко на некој начин ти бил за да го заборавиш минатиот. Не сметам дека он почнал да љубомори кога ти си зборела со бившиов. Таа опсесивност, постоела и предходно и е доста честа кај врските на далечина. Бидејќи не го гледаш човекот секој ден и не знаеш дали се што кажува е точно. Затоа ви е поубава врската кога сте еден до друг, а не е кога сте разделени. Планира ли он да се врати од Германија да живее тука или пак ти да идеш таму. Која е иднината на вашата врска? Доколку одговорот на двете прашања е не, најубаво раскини. Посвети време на себе, џабе се гушите у врска која е убава само секој втор месец. Доколку ви било судено, патиштата ќе ви се спојат пак.
"Знам дека ме сака многу." Не може да те сака многу ако ти ја гуши слободата. Нема љубов без слобода. Не би била со никој кој ми ја угушува слободата. Не мешај опсесија со љубов.
@MiDiS, токсична врска со токсичен дечко. Ќе те исцица, ќе те убие во поим, ќе те сведе на лушпа на тоа што си била некогаш. Најдобронамерно, читај за love bombing, мислам дека ќе најдеш објаснување зошто така интензивно сте почнале. Ова вашево не е врска, туку мачење. А за четот со поранешниот. Сте биле пред брак, си го сакала. Ти треба closure. Разбирливо ќе биде и да сте се виделе во живо да разговарате. Години и години емоции се тоа, не се исклучуваат на копче. А вие, не само што не се виделе, туку само виртуелно сте комуницирале и ти, не само што си одбила да се смириш со дечкото со кој во еден момент од животот си мислела дека ќе се земете, туку и сама си му признала на сегашниот за да бидеш на чисто пред него. Место да го цени моментот што си, не само искрена, туку и официјално „готова“ со бившиот, тој дрнда за загубена доверба. Епа, мислам дека е време тој да биде загубен дечко Срц, не е до тебе, до него. Спасувај се себе си од мизерија од дечко.
Дечкото не е скроен за врска на далечина и истата не може да е функционална ако ја нема најбитната нишка кај овие врски, а тоа е меѓусебната доверба. И општо кај сите врски мора да се има доверба во партнерот, ама кај оние што се на дистанца треба екстра доверба. Со љубоморна и посесивнa личност е многу тешко да си, ти ја цица енергијата и те уништува емоционално. Те менува, прилагодува на себе си и ти веќе не си старата личност што си била. Не си повеќе среќна, а најбитно е тоа, нели? Да сме среќни. Дали постоел простор за таква љубомора или не, тоа најдобро ти го знаеш по тоа што се случило, кои биле твоите постапки, дали си била повеќе отворена, комуникативна со други лица, дали си имала некои чувства кон бившиот, неразјаснети сметки од минатото што си прифатила да зборувате е пак одговор кој само ти го знаеш. Дали тој увидел нешто што ја изгубил довербата во тебе и увидел дека не си личноста која тој ја бара, пак, само тој знае. Најдобро што може да направиш е да реагираш, да го седнеш и да имате искрен разговор со отворени карти каде што ќе кажете што ви смета, зошто ви смета, што планирате понатаму во врска со вас и до каде ќе доведе вашето. После истиот ќе знаеш и ти дали вреди повеќе да продолжиш со него и има шанса да се поправи се, или повеќе не гледаш среќа меѓу вас. И, да. Мора да покажеш малку поцврст став во врска со неговата љубомора и напади што ги има кон тебе. Иако е закаснето тоа, и си требала уште на почеток да му ставиш граници во контролата до кај смее да оди, што да ти кажува, и како да те менува.
@MiDiS нема да се вратите на старите вие, зошто стариот тој е тој што е сега, ти го покажал само вистинското лице, никогаш нема да чувствуваш слобода со него, ќе ти ги симнува ѕвездите за потоа да може да те манипулира и психички да те уништува, да те оддалечи од сите и да биде тој центар на твојот свет, притоа гушејќи те во љубомора, чувство на вина и незаинтересираност. Си игра ментални игри со тебе, те нашол кревка и ранлива после предходната врска што било одлично тло да те изманипулира и да те создаде по свој терк. Дечкото е нарцисоиден, манипулатор и насилник, само ти не можеш да видиш од што си затрескана, па го оправдуваш тоа со изговори дека ти си виновна што он се изгубил себеси. Не си виновна за ништо, не ти е господар и маж да ти е нема право да ти забранува да ставаш слики, да излегуваш и да бришеш социјални мрежи. Му се потчинила и ако не избегаш на време ќе те изманипулира толку што ќе ти го уништи животот.
@MiDiS тоа што си се впуштила во нова врска веднаш после раскинување и не е толку лошо. Ама најлошо е кога во врска се губиш себеси и единствена преокупација ти е партнерот. Ако ти си ставала слики и претходно, нема што да прекинеш да го правиш тоа ради него. Ако го знаел тоа и ако му сметало, не требало воопшто да започне врска со тебе. Убаво е да се слушаш постојано со дечкото, ама затоа што сакаш а не затоа што мораш. Давање отчет и оправдувања се се само не слика за здрава врска. Тоа што си се допишувала со бившиот е грешка, ама си му кажала. Не си го лажела не си му ни криела. Немој да се каеш што си била искрена. Негово е дали ќе пројде низ тоа или не. Не можеш да му замериш ако се чувствува изневерено. Ама се потчинуваш себеси за да го задржиш. Зошто? Не се цениш ни малку? И не, не е дечко ти столб на врската. Двајцата сте. И двајцата треба да допринесувате и да иницирате средби и муабети. Разговарај со него. Ако тој не се согласува врската да ви е ко на почетокот, стави крај. Врска на далечина со такви правила само ќе те доуништи.