Биди среќна што ти раскинал. Сосема е во ред да сакаш да си ги исполниш амбициите, за утре да бидеш самостојна жена. А тој ако сака домаќинка, слободно нека го разгледа пазарот во Пустец, за 500 еу има да му пере, чисти и готви. Домаќинството е обврска на двајца, а не на еден. Баш напротив, услуга ти направил.
Батали го тој, ти кажал што очекува од жената во бракот. Штом целите не ви се согласуваат, мачење би бил заедничкиот живот. Подобро ќе ти биде без него.
Нека си најде слуѓинка, ќе има кој да го чека дома секој ден. Како може 21 век сеуште да има вакви торковци не можам да си се помирам. Девојче не потклекнувај, оствари си ги желбите, не те раснеле да слугуваш некому цел живот, ќе си најдеш некој што ти ја цени амбицијата и ќе си изградиш живот со него кога ќе сакаш ти. Заминал, нема што да го бараш и да му ја мислиш дали те сакал или не, си се спасила.
Уште го сакаш, сериозно? Услуга ти направил што ти раскинал. Запиши се на мастер и следниот пат пази да не налеташ пак на некој заглавен во 12ти век.
Ти направил услуга. Да не беше оваа короната па да се соберевме феминките и да прославиме.. Шала на страна. Ќе си најдеш некој со исти гледишта како твоите, со амбиции како твоите. Некој што ќе те гледа како љубов, како највредно нешто а не како слугинка која знае да готви и пере. Сигурно му го перат мозокот од дома, дека му минат годините и дека треба да си најде жена за да го "одгледува" а тој да ужива.
Па да. Мислам дека мајка му има големо влијание врз него. А и јас сум крива што фатив дечко со средно. Сите ми викаа дека не е мое ниво и ќе имам проблеми. Ама јас си терав и се зафркнав што дозволив тој да ми раскине.
Треба да си радосна што вака се одвивале работите и одма покажал каков е, за после да не те читаме во други теми како од кога си се омажила слугинка те направиле.
Не си виновна воопшто, те сфаќам тотално како ти е јас на пример брзо се заљубувам во некого, едноставно таква сум. Ќе ти биде тешко на почетокот ама верувам дека како што брзо се заљуби брзо и ќе го заборавиш. Зборувај со луѓе, не седи сама и не си ја полни главата со глупости. Барем мене ми помаагало кога сум со други луѓе, а низ слична ситуација сум била само што одев мнооогу подолго...
Мидис, не е нормално тоа, независно што е врска на далечина. Моја блиска другарка е 4 години во врска на далечина, па дечкото воопшто не и прави вакви проблеми, ниту му се правда за нешто, ниту тој и бара да му дава отчет. Ако те сака, и ќе те почитува. Тоа што тој го прави не е почит, и зошто би била во врска каде си непочитувана?
A koe e tvoeto nivo madam? Izvini, ama ova gi premina site merki klasificiras luge sprema svoeto obrazovanie?
Не верувам дека го потценува дечкото дека е со средно само, побогу да имала таков став немала ни врска да започнува а не па 2 години да трае. Како сакате кажете, тој дечко не ги има истите планови и цели. Не може да се на "исто", бидејќи го немаат истото искуство. Она сигурно поминала 4+ години во учење и сега сака да напредува уште повеќе, дечкото може учел/учи занат и веќе работи додека она студира. Ако му е него среден животот, себично е од неа да бара да се откаже од своите замисли само бидејќи он сметал дека е време за брак. Е сега во ситуацијава он уствари те жени за да има домаќинка низ дома, удри му клоцата уште веднаш на овој дечко. И не мораш сега некој со факултет и којзнае какви титули да бараш, најди некој што е вреден и што ќе те почитува.
@Hellobeautiful еве општо да зборуваме, не мора конкретно за дечково, некои немаат ни доволно средства за да студираат а се доста паметни ама сиромашни и немаат доволно финансии. . Имам примери кај што луѓе со средно основале бизниси кои им цветаат. Дека дечково е заостанат во 19 век е, ама никој нема право да потценува личност со пониско образование.
Па тоа и го пишав јас, не верувам членката да го потценува и дека дечкото може учи или научил некој занат и сега си работи. Луѓе без факултет некогаш подобро се снаоѓаат отколку луѓе со диплома. Нема правило. Ако некој сака и може да студира, слободно. Ако некој не сака/нема финансии никој не го осудува, личен избор си е и тоа. Само за осуда е кога и тој со диплома и тој без диплома не мрдаат со прст и чекаат од други, е овие се за потценување.
Ееее какви се готованџии ги има, ништо не му е доволно, бара повеќе, а не се труди. Такви со лопата да ги ринеш, а за жал ги има се повеќе.
Не ги класифицирам луѓето според образованието. Точно образованието не е мерка за нечија интелигенција и не значи дека ако некој нема образование е лош човек. Јас лошо се изразив. Ама конкретно во мојот случај кога ќе направев споредба со мојот бивш дечко и луѓе кои се дружат со мене и се пообразовани имаше разлика. Ќе седне на маса и буквално не знаеше две реченици да склопи. Никогаш немаше разбирање кога ќе треба да седнам и да учам затоа што тој самиот не фатил книга. И на крај мислам дека тоа што запишав мастер му го повреди егото затоа што е тип на човек што не сака жената да напредува и да биде поуспешна од него.