Искрено он нема лоша душа и е добар човек. Бевме другари пред врската долго. Кога ми беше најтешко тој беше тука за мене, ме сослушуваше имаше разбирање за се. Беше премногу внимателен, ми правеше изненадувања, никогаш не дозволил да си одам дома сама. До последен ден ме испраќаше до дома. Кога и да му кажев дека не ми е добро доаѓаше со кола и ме земаше од работа. Се случувало и во 11 вечер да кажам дека ми се јаде хамбургер од 7 ца, он за пола саат на врата ми го носел. Ми правеше друштво за шопинг со саати што ретко кое машко тоа го сака. Јас сум личност што го цени тоа и затоа и го засакав и еве сега ми е тешко што ми раскина за таква причина што не бев спремна да прифатам брак. Ама тоа што бил фер со мене за многу работи бил и не можам да го негирам тоа и покрај тоа што не сме веќе заедно. Проблемот кај мене е тоа што јас постојано само мислам на убавите моменти со него и на неговите позитивни особини затоа тешко ја поднесувам разделбата.
Дали и на вас ви се има случено,додека сте во врска во исто време да ви се засвиѓа некој,да ви се појават чувства за тој некој?Ете мене моментално тоа ми се случува,но дечкоми го сакам и несакам да го изгубам.Ми се засвиѓа еден сокласник,пробувам да не мислам на него,но некако неможам.Помош??
Тебе те боли егото само што ти раскинал тој. Фокусирај си се на твоите амбиции и ова ќе помини како ништо да не било, а и нема што да жалиш, освен ако сакаш да бидиш домаќинка и да те стави под негово влијание, оди.
Зависи на кој начин ти се допаѓа. Ако постојано мислиш на другиот, иницираш разгорови или средби, ако ти е послатко вниманието од другиот отколку од дечко ти, имам вести за тебе: Не го сакаш дечко ти. Јас сум во врска, и нормално други машки ми се убави, не станувам слепа нити ограничена со видот откако ќе стапам во врска, но останува само на тоа. Убав е и точка. Имам јас најубав и само тој ми значи, не ме интересира тој убавиот што прави, како прави.
Истово ќе го кажев и јас. Во моментот кога едниот партнер ќе помисли да иницира муабет со некој што му е физички привлечен, а не му е пријател, врската е речиси и готова.
Фала богу,не сум дошла до тој степен..мислам само едни обични пораки во врска со школото,учење и домашно што како и тоа мн.ретко а нешто повише,не.И сега заради вирусов нели не одиме на школо,додека одевме скоро и немавме контакт нешто разговори такви работи.
А што ти се допаѓа ако воопшто не ни имате контакт? Што ти се допаѓаше кога зборевте за домашни? Како ти привлече толку внимание за да седнеш тука и да го пишеш проблемот? Што те натера да се посомневаш во твоите чувства кон дечко ти ако ти и другиот зборите за домашни?
И јас имав сличен случај само што не сме разговарале за брак. Имам 32години, тој има 35 истите муабети дека него му треба домаќинка да готви, пере и сл. Јас сум бил себична, сум гледала само за себе и ме интересирала само работа,не сум знаела да готвам и ред други работи... Дотичниов е научен кога ке се разбуди на утро да му биде сервиран доручек(мајка му така го научила). Пред скоро читав една статија на кајак.мк за едно убаво местенце во Берово, и му покажав слика види викам колку се потрудиле лугево....Леле кога почна да се дере ти старлета една само гледаш луксузни места,сакаш џакузија и спа центри...буквално ме остави со отворена уста не е дека реков ајде да одиме...Друга ситуација за викенд бев кај него, требаше да се бањам и пуштив клима во дневната да се стопли,почна да се дере конформист сум била...Се лути кога излегувам да се видам со луге, се лути и не го сака мојот најдобар другар и во една прилика го нарече дебил(другаров не беше присутен)... Последниве 1-2 месеци ми истресе еден куп погрдни зборови дебела си не ми станува на тебе(извинете за изразот), аутистична си, не си амбициозна... Пред неколку месеци моите родители ми помогнаа да си купам стан(мал стан 40м2),дотичниов се руга јас сум била центарско дете, па што мислеле моите дека сама ке живеам и еден куп глупости...Само му реков толку можеа толку ми овозможија... По 5месеци врска сватив дека само си губиме време и дека не сме компатибилни, морав да прекинам. Убаво кажа Старк, посвети се на сама себе, главата горе млада си.
Исто и мојот бивш беше таков. Го следеше примерот од татко му кој лежеше дома и чекаше жена му да донесе пари, да купува за дома, да плаќа сметки, жената беше заглавена со 3 кредити, дома работеше и машка и женска работа. Исто и тој од мене очекуваше да бидам иста како мајка му. И тоа постојано ме напаѓаше дека сум сакала да се луксузирам да шетам, да купувам скапи работи. Ми збореше дека ако се венчаме целата моја плата требало да му ја давам на него. Постојано ги напаѓаше моите другарки и за другарите викаше дека сакале да ме легнат. Како поминуваат деновите сфаќам дека сум се спасила. На 24 години не сакам да му бидам на некој слугинка.
Ти прво гледај си за тебе,за твојот живот,на тебе да ти биде убаво,а другото се со тек на времето ке си дојде.Тој ако сака слугинка,ги има многу такви,али ти не се предавај.Чистењето,готвењето и останатите работи во бракот се обврска на двајцата,а не тој како господар да си седе,друг да му извршува должноста,да чисти,пере,готви итн..Животот е пред тебе,некогаш има лоши денови,но некогаш и добри.Живеј за добрите денови и се ќе си дојде на свој ред.
Јас со таков човек не би издржала еден ден, не па 2 години. Не ви треба никој во животот. И никогаш не се задоволувајте со помалце од она што го заслужувате. И ако се прашуваш дали воопшто те сакал, не те сакал. Не постои љубов без почит. Сакал домаќинка и приплод. Постојат многу други кои уште посреќна од него ќе те направат.
Е оти се фаќаш од цел пост само за една реченица и после отвораш теми овде да се приклуча уште бар 5 души и да се објаснуваме на "измислена" приказна.
Нема машка, женска работа во домот. Заедничка е, среден род. Не е понижување маж да пушти машина за перење, а ти да смениш сијалица, да речеме. А за трошењето, сама си заработуваш, ќе си ги трошиш како и каде сакаш. Ах, што мразам такви муфлони од мажи, паразити, крвопијци.
И каква врска има тоа дали е некој со средно, или со факултет? Школото само по себе не е индикација за карактер.
Не е индикација за карактерна особина, туку за степен на образование. Секој има право да се стреми да бара партнер според своите интереси и желби. Во нејзиниот случај, дечкото да ги имал истите стремежи, немало да му пречи да запише мастерски студии. Значи зборувам за него. А има бројни бракови и врски кои функционираат беспрекорно без разлика на нивото на образование.