Он за цела оваа година ме тераше да верувам дека јас сум виновна што он немал чуства дека му требала мојата промена а ја се направив за да успееме му помагав во секој поглед а сега ме напнува цело време и ми вика да посетам и психијатар од што страв сум имала и несум била сигурна во себе сум немала свое јас во животот него му требала јака особа а не со слаб карактер како мојот
И дали ти стварно мислиш дека ако “ се смениш “ дека ќе те засака? Девојче, дечково сигурно е некој мангуп и игра игри.. Остави го и најди некој што ќе те сака баш ти таква како што си. Зошто тој да не се промени туку ти?!? Мислам, дечково ако стварно те сакаше немаше ваков глупав услов да ти постави.. тргни се од него пред да те повреди уште толку., И никако не си дозволувај да те манипулира!!! Ќе те сруши психички и ќе те остави.
Он ми вика дека се обидувал само дами помогне и за мое добро го викал ова оти јас во негова близина сум делувала збунето и као само сум мислела на интима мегу нас да има а он неможел искрено дасе заљуби од што сме биле многу различни сите негови пријатели му збореле дека несме биле еден за друг јас сум била како забегана и несум знаела дасе однесувам како возрасна иначе он е помлад од мене
Значи дечково те мафта и манипулира цела година. На крај кога бараш нешто поозбилно, ти префрла вина дека до тебе е тоа. И како тоа да не е доволно лошо, ти поставува и ултиматум. Па што очекувал кога ти ја убил цела самодоверба? Или додека било за секс било ок? Тогаш не му сметало ништо. Нормално е да паднеш психички кога си со токсичен човек. Не ти треба таков во животот. Ако не те сака каква што си, нека брка работа на друго место. И јас би рекла не е лошо да посетиш психијатар, ама чисто за себе. Да си ја качиш самодовербата и да не паѓаш повеќе на вакви идиоти.
@samojed за никого, никогаш да не си се менуваш. Не знаеш кога некој ќе се заљуби во тоа што си ти. Па ако треба пројди низ уште десет вакви ситуации, ама не се разочарувај и не се менувај.
Без разлика на твојот карактер и тоа што си мирна и повлечена тој што те почитува и цени ќе те прифати како таква, без разлика дали се работи за дечко или пријател/пријателка. Очигледно е дека дечкото не сака да биде со тебе па бара начин и изговори како да те оддалечи од себе, но на многу груб и манипулативен начин со што ќе ти ја сруши самодовербата и ќе те натера да веруваш дека нешто не е во ред со тебе и не паѓај на таа фора дека сака да ти помогне. Не треба да се променуваш за никого, тој што те сака ќе бара секогаш макар и една причина да остане со тебе, а тој што не те сака колку и да си совршена, секогаш ке најде причина, ако треба и ќе ја измисли само да не биде со тебе.
Од кај ги наоѓате бе такви тапоглавци за партнери? Не, најсериозно, како може да се трескате од земја за мочлиња што ќе ви кажуваат како да се однесувате. што ќе ви даваат ултиматуми и дека ќе биде готово ако не биде по нивно? Карактерот не е проблем, тој знаел каква си @samojed и почнал врска со тебе, ако може да се нарече врска де. Си нашол поинтересно друштво и сега бара причина да ти се скара. Ќе ти направи услуга а ти никогаш не се менувај за никого.
Не можиш да изгубиш нешто што никогаш си го немала. Најголема услуга што можи да си ја напрајш самата себеси е да се тргниш од типов, што порано, то поарно.
Не му е за твое добро, туку за неговата потреба да те контролира. Сигурна сум дека и други барања има. Знаеш што ќе ти следи ако не го откачиш? Ќотек.
Божееее каков манипулатор.. Е значи коа ќе прочитам вакво нешто ми зоврива крвта .. Девојче незнам колку години имаш ама овој е шупак и какво менување за да те засака некој.. Речи му таму марш ако те сака ќе те сака таква каква што си. Он е за на психијатар! Ова е чиста психолошка игра значи сите по овој метод играат ти ја спушта самодовербата на дното и после те уценува па дури и те прави да се сомневаш во себеси дека ти не си нешто во ред дека си безвредна без него и мораш да се менуваш да те засака.. Ех бре племетоо
Не дозволувај да те манипулира, посебно со толку глуп муабет, па и се вреѓање, ко забегана си била Што и да направиш, нема да промениш ништо меѓу вас.
@samojed Се согласувам со сето тоа што ти го кажаа и останатите пред мене. Може да станува само полошо, не можеш да очекуваш нешто добро од човек што од тебе бара да се смениш, да му се потчиниш и да го изгубиш сопственото јас. Типичен манипулатор, стој подалеку од него.
Здраво девојки , сакам совет од вас ... љубоморна сум и неможам да се исконтролирам , е сега мм има една колешка што се има бакнато порано пред мене да ме знај ..е сега мораше да се слушни во врска со работата што само таа знаеше да му кажи .. незнам искрено како да размислувам дали е во ред тоа ? Дали треба да се загрижам и да превземам мерки? Незнам расеана сум многу во овие ситуации...
Јас му верувам да ,не викам дека не верувам во него но ете некогаш како да имам напади и незнам како да постапам