Во никој случај не треба да го бараш!Ако еднаш направил така нема никогаш да се смени.А и тоа што ти го кажал да заборавиш се со него укажува дека не ни имал чувства кон тебе.
Здраво феминки,со еден дечко одев точно една година.На почетокот на врската се беше океј се гледавме скоро секој ден,правеше се за мене и јас за него,но никогаш ми немаше признато дека ме сака.Но со тек на време како да се оддалечуваше од мене се додека не почна на факултет во друг град тогаш сосема се оддалечи.Се случуваше и по две недели и повеќе да не се слушаме и допишуваме,а кога ќе се вратеше ми викаше дека ќе излегува со другарите.После долго време кога излеговме ми раскина со причина дека немал повеќе чувства.После тоа многу често сме во контакт и се допишуваме а имаме и излезено неколку пати (само онака на разговор).Помина година ипол но јас сеуште не можам да го преболам и мислам дека никогаш немат ни да можам.Немам ни излезено со друг(а тој има).Секој ден мислам се повеќе и повеќе а тоа што сме во контакт некако ме убива повеќе.Толку многу блиску а толку далечни.Ве молам за помош.
Ако тој не чувствува ништо кон тебе, подобро не се надевај на ништо и продолжи понатаму со животот. Прашај го да бидеш сигурна, секако немаш што да изгубиш.
Наводно хахаха ти ја кажал вистината што сакаш повеќе. Не си ја погазувај до толку гордоста, ете си се зафркава и со тебе како што сака. Јас да сум ќе му кажам кума да му бидам на свадбата и така одамна немам одено на свадба.
Не те сака, си го пополнува времето со тебе. Ако сакаше да има нешто досега ќе ти кажеше. А, и самата напиша дека година и пол ништо не е променето. Најдобро е да прекинеш секаков контакт за да го заборавиш и продолжиш понатаму. Како што продолжил и тој.
Па тоа што те седнал и ти објаснил убо, башка и си продолжил со животот и си излегва со други, значи дека тој со тебе завршил. Јас лично не верувам во пријателство после врска. Ќе си напрајш услуга ако го прекиниш контактот со него.
Прекини контакт. На дечкото не му се развиле чувства и ти кажал најотворено. И си продолжил со животот. И ти продолжи си, а прв чекор е да прекинеш контакт. Ништо страшно, не може во сите што се заљубуваме и тие да се заљубат во нас. Некогаш е еднострано. Ќе си најдеш друг.
Штом веќе почнал да излегува со други, треба да ти биде јасно дека не планира ништо со тебе, туку си бара нова љубов. Вие комуницирате така што ако сакал, слободно можел да те викне и да излезете и да бидете повторно заедно. Колку и да е тешко мораш да го прифатиш фактот и да продолжиш понатаму. Најдобро би било да прекинеш секаков контакт зошто само така ќе го заборавиш. Се друго ти е залажување. Не си го губи времето, излегувај, дружи се, читај книги, насочи си ги мислите кон други цели.
Се токмам неколку дена да прашам, па се пресрамив еве ќе прашам. Неодамна раскинав подолга прва врска од средно, па бев во фаза на опоравување. Започнав со постар колега од факултет да се гледам последниов месец, се договоривме некое време да се гледаме само така, да ми даде простор да размислам што како, но има проблем. Изгледа имал девојка и јас сум му баш како за забава. Го прашав, вика дека е бивша и го замарала само. Но, преку колешки (да напоменам не многу блиски) кои се знаат со неа викаат дека само лажел и често имал такви испади и порано, биле скарани, па па се смириле, да сум бегала подалеку. Со неа се доста блиски, можеби намерно така зборат. Мене ми е само за забава до некаде бар за сега иако убаво ми е со него и не знам за понатака, но ако има девојка не сакам да се плеткам. Какода се осигурам дали навистина раскинале или не?
Како може да го замара ако му е бивша. Ако јас не сакам да имам контакт со некого, нема да имам. Ако ме замара, значи му дозволувам да ме замара. Ко демек не може одсекаде да ја изблокира и да не и крева на моб. Го замара јадниот, он не може ништо да направи
Имам другарки опсесивни по бившите, цело време ги следат и им вознемируваат нови девојки, затоа се сомневам... Станува збор за 20 годишна девојка, а он е 22 години ако ова менува нешто.
Како ги вознемируваат твоите другарки новите девојки? Ако јас имам дечко и бившата негова ме замара, дечкото ако сака може да оди да и каже многу јасно да прекине со глупости и нејзе никогаш веќе да не и текне да се јави. Тој не е неспособен да се справи со едно 20 годишно девојче. Ме замара, ама уствари јас сакам да ме замара.
Епа ете ги молат да се смират, им пишуваат од лажни профили, ги следат, дома ги чекаат, а и преку другарки наоѓаат така да си кажат уште дека оделе. Ми покажа чет од инста каде му пишувала дека ќе се убие ако не дојде кај неа да збореле нешто, не можела без него и такви работи. Се колнеше дека нема ништо меѓу нив веќе, но од почит дека биле 4 години заедно сепак сакал да имаат пријателски однос барем.
Амааа знаеш, ова е младелачка верзија на случаите што ги читаш во снаи и свекрви. Жената увек крива, мажот не знае што му се дешава, не е способен да се носи со ништо. Бившата го замара, швалерката го заведе. Кога тој да е крив некогаш за нешто.
Не, не е така. И јас сум нечива бивша, ние гадно раскинавме и сме блокнати, немам контакт со него. Но, ова е друго, биле пријатели од мали, комшии се, нивните исто се блиски и поради тоа сакале пријателски да расчистат, он така вика, а овој дел и колешките го потврдија, дека куќни пријатели се. Како што напишав, видов лично чет каде пишува дека ќе се убиела.
@BlackMistery типична манипулаторка тогаш. Ама како што вели @Mantub ако сакам да преќинам со некој, ќе преќинам. Сирот тој не знае како да излезе на крај. Гревче.
Значи ако некој ме замара и ме чека психопатски пред врата дома, и полиција ќе викнам. Ајде де, да видиме дали нема да запре кога ќе се вмеша полиција. Ако некоја 20 годишна ме замара, и родителите ќе и ги вмешам. Од каква почит да се пријатели. Таа не го гледа него ко пријател. Тој ако сака да продолжи со други девојки, треба да ја блокира од сите можни места бившата која му се заканува дека ќе се убие. Од почит да биле пријатели. Не го оправдувај упорно. Ако сакаше да е со тебе ексклузивно или со друга некоја ексклузивно, ќе прекинеше секаков контакт со нејзе. Се колнам дека нема ништо ама дома и одам да поразговараме. Свашта
Тој не сака да прекине контакт со неа сфаќаш? Џабе наоѓаш оправдувања. Што побрзо си признаеш дека не сака да прекине контакт, тоа подобро. Ќе прекинам со секој кој ми се заканува дека ќе се убие ако не му одам по газот, без разлика дали биле со моите комшии, пријатели или што и да е.