@BlackMistery Ќе му кажеш ако сака да биде со тебе да си расчисти со бившата. И какви пријателски односи сака да задржи тој со неа кога таа е ваков психопат(како што кажува тој ). Манипулаторка е со ова дека ќе се убива. На крајот на краиштата, ако навистина толку го вознемирува нека оди да разговара со родителите нејзини штом се куќни пријатели. Или нека ја пријави во полиција ако е до толку сериозна работата. Зар толкав маж ќе се плаши од 20 годишно девојче, не се залажувај. Но сепак... Ми изгледа дека му годи внимание од бившата, а со тебе си се забавува.
Исто мислам како вас, затоа и прашувам. Он на почеток кажа дека сакал врска, но јас му реков дека не сакам затоа што скоро раскинав врска на болен начин и сакам да си дадеме некое време повеќе да се запознаеме и да видиме што како. Не сакам премногу да откривам детали, мала држава сме, но станува збор за луѓе од угледна фамилија. За мене небитно, но за случајов битно. На ист факултет сме, но он е друг смер кој го сметаат за јака титула сепак. Мајка му многу си ја сакала бившата девојка затоа што и нејзините и они биле колеги, заедно работеле. Неговите многу влијаат на него, еднаш седевме и се јави мајка му, ќе доаѓала вечер на гости фамилијата на бивша му, морал дома да дојде, да поправеле односи. Мислам дека и ако продолжам со него и без да е девојката таа фамилија нема да ме прифати затоа што нема да ме сметаат на ист ранг со нив. Најдобро ќе е да се оддалечам. Кажав за колешките дека не ми се блиски, намерно едната ми пиша да ме потпраша што како со дечково, па и ми потенцираше, за забава си му, тие од која фамилија си, мислиш со тебе ќе си губи време, може само потрчко да си им на нив...
Мене со дечкото ми е убаво, но оваа ситуација не ми дава да се опуштам. Од негова страна не сум забележала дека би ме потценил така, но гледам дека неговите ептен му влијаат и го командаат.
И што е битно дали фамилијата ќе те прифати? Не се гледа на такви работи. Кога дечкото те сака, не е важна фамилијата. Ама 22 години има. Тоа 40 годишни мажи уште се потрчковци на мама дома, не па 22 годишен. Нормално и очекувано дека ќе му влијае фамилијата. За мене лично тоа би било губење време. Ни 1 процент енергија не давам да пробам да му се допаднам на некого од фамилијата на маж ми. Ако се погодиме супер, ако не, секој по свој пат. Не се мажев во пакет за фамилија, за 1 човек се мажев.
Од ова да бегаш, а не дали ќе те прифатат. Кои сака нека се, колку сакаат нека се угледни, со мајкин син можеш да добиваш само нервни сломови и анксиозни напади.
@BlackMistery, најлесно на свет е да расчистиш со некого. Се друго се само оправдувања Во најдобар случај уште не е е спремен за нова врска зошто се уште осеќа нешто кон бившата. Значи, не љубов туку нежност, должност па и сожалување ако тој и раскинал. Во најлош? Опасно ве вози и двете. Јас би се тргнала од него. Си имам попаметна работа во животов отколку да се замарам со дечко кој трча кај бившата кога таа ќе се заканува со самоубиство. Е*ате врската. А ако не е спремен за врска, си има другари, нека си се дружи со нив. Нека не те замара тебе со глупости. Не си го губи времето со ликов, ок? Не вреди батево.
Не е така. Вака напишано лесно изгледа ова, ама во пракса не е така лесно и едноставно. И јас вака прекинав еднаш, па излезе од тоа "ќе се убијам" незгода голема која можеше да заврши фатално и после не можев да се соземам кога ми кажаа. Се чувствував виновен донекаде за истото иако не беше ниту обид, ниту ништо, туку несреќа. Сега да видиш како се сецкам на некој сличен таков збор. Многу црно-бело пристапуваш на проблемите, emotionless. И океј е, пошто си ти од страна и не ти значи ништо, ама кога ќе си ти во дадената ситуација нема да е исто. Ех, да беше толку лесно... Не за џабе тешко се излегува на крај со манипулатори, од било кој пол.
Јас мислам дека е најдобро да се одалечиш и од дечково и од "другаркиве". Другаркиве љубоморни, расипани, со одвратен речник. Ако сакале да те предупредат а да не ти љубоморат ќе можеле на подруг начин а не- потрчко ќе им бидеш. Дечково, штом си нема свое јас и уште трча дома бидејќи мамичка му се јавила дека на гости ќе дојдат родителите не бившата , подобро и да не продолжуваш контакт за да не се заљубиш повеќе и се потешко да ти биде.
Не ми се другарки, само познанички, од средно ги знам, се дружат со неа од факултет, јас на едно здраво сум со нив. Прво, не ми е убаво затоа што доаѓа со кола, додека јас немам кола, секогаш се гледа дека има повеќе од мене пари, не потенцирал он, но јас не се чувстувам пријатно. Не сум материјалист, ми се допаѓа како човек, но сите ми викаат дека не е за мене од овие причини пред се. Потоа бившата, единка, се што сакала имала, нејзините и приуштувале се, па сега до некаде изгледа не може да се помири дека дечкото и раскинал и не нејзин и упорно го моли. А, има поддршка од фамилијата, сите сакаат да ги смират. Мислам и дека ме крие од неговите, знам дека да дознаат за мене веднаш ќе сакаат да ме тргнат. Еве вие што би мислеле за медицинска сестра која би била во иднина со доктор од фамилија на јаки хирурзи? Секакви муабети ќе има, за пари му се залепила, секогаш на женското е теретот. Навистина не знам, си мислам додека е почеток да прекинам, зошто како да развив емоции, колку повеќе време пројде, повеќе се поврзав за него. Сите совети ми се добредојдени, навистина, морам да донесам некоја одлука.
Не се чувствувам виновно за несреќи кои се случиле во светот не по моја вина. Не се чувствувам виновно за луѓе кои ми се закануваат дека ќе се убијат обидувајќи се со чувства на вина да ме присилат да правам нешто што не сакам. За тебе е можда emotionless, за мене е грижа за себе си. Моја единствена обврска е да се грижам за себе си. Тоа значи да излезам од манипулативни врски. Твоја обврска е да се грижиш за себе си. Е сега ако не се грижиш, твој проблем. I won't lose a wink of sleep. Помина времето кога паѓав на "чувства на вина" финти. Ти ако не се грижиш за мене затоа што сум несреќна да бидам присилно во врска во која не сакам да бидам и не ти е гајле што треба да правам работи што не сакам да ги правам, јас ти ветувам дека ама ич нема да ми е гајле што ќе правиш со себе си.
Ок, и чим ти е за забава шо ја тупиш толку работата? Забавувај се и толку. Или се затреска па сеа некако не е само забава?
Да. Не можам да се водам без емоции, сум имала само една долга врска и тоа од средно, заврши болно и премногу бев заљубена. Ми се допаѓаше дечково од почеток, но не сакав да брзам и затоа оставив време. Пред да е доцна сакам да донесам некоја одлука, не можам пак да бидам скршена како во минатата врска.
Епа така кажи, дека не ти е забава. И ако не ти е, тргни се на време. Тој нема расчистено со девојката и тоа е. Без разлика дали фамилијата сака или не да се заедно, тој да сакал ќе расчистел и таа немало да го бара како многу што не ги бараат бившите.
Зошто толку придаваш значење на вашите материјални состојби? Што се замараш што ќе рекле луѓето? Луѓето ќе зборуваат и да го земеш и најсиромашниот и најбогатиот маж на планетава. Гледај ти да си бидеш среќна со избраникот. А он што вели за сето ова? Имал чувства кон тебе?
Затоа што сите околу мене тоа го зборуваат. Да сакал ќе те прикаже јавно, нема да се криете цело време и такви работи. Инаку, за бившата се колнеше дека се завршени, кажа дека гледа иднина со мене, но остава на мене да одлучам и немало да ме брза за ништо. Можеби и он е манипулатор, веќе не знам, цела сум во прашалници.
Прво ти треба своите сфаќања да си ги средиш. Нема што да мислам јас за медицинска сестра што одела со доктор, пошто секоја професија ја ценам и не деградирам ниедна професија. Размислувањево е ко од минат век кога гледале кој од која фамилија е. Ама најискрено. Второ, идал со кола на факултет. Кола купена од мама и тато не се важи. Мила, ти уште себе си се немаш прифатено, како очекуваш други луѓе да те прифатат таква ко што си? Наместо да мислиш дека немаш кола за на факултет, мисли на тоа дека имаш пари да учиш факултет, некои и тоа го немаат. Во врска се најбитни партнерите. Ако партнерите се созрени, свесни луѓе, никој не е битен. Ќе велеле му се залепила за пари. А бе ете ги сите ќе зборуваат, немаат друга работа. И да зборува некој, зошто би ми било гајле. Најискрен совет, ти да си се посветиш малку на себе си и повеќе да се сакаш и да не деградираш професии, зошто прво ако тебе не ти беше чудна комбинација медицинска сестра со доктор, немаше ни да ја спомнеш. Јас познавам најмалку 3 такви парови, па никој не коментира за нив ништо. И второ, да не забораваш дека дечкото има само 22 години и очекувано е дека неговите ќе го командаат, премлад е и тешко дека тоа ќе се смени.
Колку што сфатив имаш околу 20 години. Уживај во најубавите години сама, плус излезена си од долга врска. Сега ти треба само добро друштво и позитива. А на тој наивниот ќе му најде мамичка некоја докторка Не се потценувај никогаш вака, не се омаловажувај. И на мм фамилијата имаа многу ама јас и мм сме сами. Не чекаме мајка му да ни каже што да правиме во животот или кога да си одиме дома. А овој како што го опишуваш е мамино синче и никогаш нема да имаш право на глас таму.
Според мене најдобро е да се тргнеш од него. Сеуште го командаат неговите, што е нормално до некаде бидејќи не е самостоен. А и не е ни некој човек од збор. Што има толку тешко на таква семејна собиранка со бившава да ги седне и да им каже со убаво дека раскинале, изгубил чувства за неа, сфатиле дека не се еден за друг или било што и готово. Ама ако сакал. Мене ми изгледа дека не сака. Не може во 21 век мама да му одбира невестиче.
А како да те покаже јавно кога си му рекла дека сакаш само забава? Тука ти е грешката од старт. Пошо девојките и дечковците за забава не се шетаат за раче фатени. Се договараат, одат на местото, се забавуваат и секој по дома. Океј, можда и тоа шо немаш искуство си има улога, ама стореното е сторено. Ум за друг пат. И не паѓај под ничие влијание, шо рекле другите. Едноставно ти така си се поставила према него и никој друг не е крив за тоа. Тоа шо тој нема расчистено со бившата е друга тематика. Ама и на скроз слободен дечко да му кажеш сакам само забава, исто ќе е.
@BlackMistery, пред се, само месец дена сте заедно, и тоа за „забава“. Месец дена реално не е ништо Вие допрва треба да се запознаете за воопшто да видите дали сте компатибилни за нешто посериозно. Тоа може само времето да го покаже. Е сега дечково си влече багаж од претходната врска и да, има реално голема шанса со време и да се смири со бившата. Барем на некое време. Може звучи безобразно, ама голема разлика прави дали имате односи или не. Зошто ако се гледате само за „забава“, да знаеш дека може само и на хоризонталната забава и да остане целата ваша „дружба“. Момци како него има куп, и сите имаат девојки кои се закануваат со самоубиства, и сите не се спремни за врска пошто нели, трауми од бившата И ти само ќе си го изгубиш времето служејќи му, буквално, за забава додека ја чека наредната.